Билишта: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 46: Ред 46:


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
* [http://www.bashkiabilisht.com/ Општина Билишта]
* [http://www.bashkiabilisht.com/ Општина Билишта] {{sq}}
* [http://www.visitdevoll.com/ Посетете го девол]





Преработка од 18:52, 18 февруари 2015

Билишта
Bilisht
општина
Главната улица во Билишта
Главната улица во Билишта
Билишта is located in Албанија
Билишта
Билишта
Координати: 40°37′39″N 20°59′24″E / 40.62750° СГШ; 20.99000° ИГД / 40.62750; 20.99000Координати: 40°37′39″N 20°59′24″E / 40.62750° СГШ; 20.99000° ИГД / 40.62750; 20.99000
Земја Албанија
ОбластГорица
Управа
 • ГрадоначалникВалтер Миза
Надм. вис.&10000000000000922000000922 м
Население (2011)
 • Вкупно6.250
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.7006
Повик. бр.0811
Рег. таб.DV
Мреж. местоbashkiabilisht.com

Билишта (албански: Bilisht) — град со околу 12.000 луѓе во округот Девол во југоисточна Албанија. Градот има континентална клима со топли лета и ладни зими. Градот е во близина на македонската и грчката граница.

Географија

Билишта се наоѓа во областа Девол на околу 30 километри источно од Корча и на неколку километри западно од албанско-грчката граница во подножјето на најзападните делови од планината Корбец над реката Девол.

Историја

Во XVII век турскиот писател Хаџи Калфа во својот опис на Румелија и Босна, за овој град пишува:

„Билишта е кадилак, кој се наоѓа на 12 дена од Цариград. Наоколу се наоѓаат: Кесрие, Горица, Преспа, Хорпиште. Жителите се Македонци и Арнаути.“

Согласно Санстефанскиот мировен договор од 1878 година, Билишта заедно со целата област Девол требало да влезе во границите на Бугарија, но Берлинскиот договор го враќа на Отоманската империја.

Во текот на Илинденското востание, костурските востаници го напаѓаат Билишта, но не успеваат да го заземат.[1]

Кон крајот на XIX век Билишта е мешано албанско-македонско градче, во кое има и училиште. Според грчката статистика во Билишта живееја 1.000 муслимани и 275 христијани патријаршисти. Според податоците од бугарската егзархија, во почетокот на XX век во Билишта имало 20 македонски куќи со 106 жители. Пред Балканската војна голем дел од трговијата е во рацете на Македонците, кои во градот имале околу 40 македонски дуќани.

Наводи

  1. Христо Силянов „Освободителнитѣ борби на Македония“, "Наука и Изкуство", София, 1983, I, 304 стр.

Надворешни врски