Нема земја за старци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: ситна поправка
→‎Содржина: дополнување
Ред 30: Ред 30:


==Содржина==
==Содржина==
Во филмот се зборува за пропадната зделка со [[дрога]], по што следи игра на [[мачка]] и [[глушец]] помеѓу тројца мажи, кои меѓусебно се пресретнуваат во [[Пустина|пустината]] во [[Запад|Западен]] [[Тексас]] во [[1980]]-те години.<ref>„Напната игра на мачка и глушец“, ''Антена'', број 866, 30.1.2015, стр. 3.</ref> <ref>''Антена'', број 867, 6.2.2015, стр. 14.</ref>
Во филмот се зборува за пропадната зделка со [[дрога]], по што следи игра на [[мачка]] и [[глушец]] помеѓу тројца мажи, кои меѓусебно се пресретнуваат во [[Пустина|пустината]] во [[Запад|Западен]] [[Тексас]] во [[1980]]-те години.

За време на ловот, Левелин Мос (го игра Бролин) случајно пронаоѓа група автомобили покрај кои лежат неколку мртви тела. Пребарувајќи низ возилата, тој пронаоѓа еден раненик. Во едно од возилата има колемо количество дрога, а малку понатаму, Левелин наоѓа куферче полно со два милиони долари. Тој ги носи парите дома и ѝ кажува на жената веднаш да се спакува и да оди кај нејзината мајка. Тој пак се враќа назад на местото на злосторството за да му однесе вода на единствениот преживеан во масакрот. Тогаш, таму пристигаат други возила со криминалци, кои го бркаат и тој, иако ранет, успева да побегне, но знае дека криминалците ќе го гонат.

Истовремено, криминалецот Антон Чигур (го игра Бардем) е уапсен, но успева да го задави дежурниот полицаец во станицата и да побегне, а потоа извршува уште неколку убиства, користејќи сад со компримиран воздух. Потоа, Чигур пристигнува на местото каде се извршила неуспешната зделка со дрогата, ги убива своите сопатници, а потоа започнува да го прогонува Левелин со цел да си ги поврати парите. Левелин бега во еден мотел, каде ги крие парите во една соба, а тој се сместува во друга соба, но не знае дека во куферчето со пари се наоѓа радио-предавател и затоа, Чигур успева лесно да го пронајде. Така, Чигур и Левелин продолжуваат да се бркаат, сè додека во еден хотел, Левелин не го открие предавателот. Тој успева да го рани Чигур во ногата, но и самиот е ранет. Сепак, левелин успева да побегне во Мексико, каде е сместен во една болница, откако претходно го фрла куферчето со парите. Во болницата го посетува платен убиец, кого го испратиле криминалците, со цел да ги најде парите. Меѓутоа, во градот пристига и Чигур, кој го убива платениот убиец, а на Левелин му се заканува дека ќе му ја убие жената, ако не му ги даде парите.

Тогаш, Левелин ѝ се јавува на жена си, кажувајќи ѝ да оди во Ел Пасо, но за тоа дознаваат и мексиканската мафија и Чигур, кој ги убива сите криминалците, заедно со уште неколку луѓе, меѓу кои и тештата на Левелин. Останувајќи без мајка си, жената на Левелин се враќа дома, каде ја чека Чигур. Таа го моли да не ја убива, а тој фрла паричка, велејќи ѝ да избере „писмо“ или „глава“. Таа одбива да избере, а во следната сцена е прикажано како Чигур ја напушта куќата. Заминувајќи со автомобилот, во него удира друг автомобил и тој е повреден. Сепак, две момчиња му помагаат да ја преврзе скршената рака и тој си заминува, додека во далечината се слуша звукот на сирената на амбулантата.

Третата приказна во филмот го следи полицаецот Ед Том Бел (го игра Ли Џонс), кој цело време се обидува да го реши случајот со неуспешната зделка со дрогата. Тој дознава дека Левелин ги зел парите и ја убедува неговата жена да го убеди мажот да ѝ се предаде на полицијата, зашто мафијата нема да го остави. Сепак, тој не успева да го реши случајот, бидејќи доцна пристига во хотелот во Ел Пасо, каде Чигур веќе го извршил својот масакр. Ед конечно се пензионира и започнува мирен семеен живот.<ref>„Напната игра на мачка и глушец“, ''Антена'', број 866, 30.1.2015, стр. 3.</ref> <ref>''Антена'', број 867, 6.2.2015, стр. 14.</ref>


== Улоги ==
== Улоги ==

Преработка од 23:26, 8 февруари 2015

„Нема земја за старци
(No Country for Old Man)“
РежисерЏоел Коен
Итан Коен
ПродуцентСкот Рудин
СценаристКормак МекКарти (роман)
Главни улогиТоми Ли Џонс
Џош Бролин
Хавиер Бардем
Кели Мекдоланд
Вуди Харелсон
Жанрдрама
МузикаКартер Бурвел
ДистрибутерMiramax Films
Paramount Vantage
Премиера9 ноември 2007
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$25,000,000

Нема земја за старци (англиски: No Country for Old Men) е филм (драма) од 2007 година, режиран од браќата Џоел Коен и Итан Коен. Главните улоги ги играат: Томи Ли Џонс, Џош Бролин и Хавиер Бардем. Филмот е снимен по истоимениот роман на Кормак Макарти.[1][2] Филмот бил номиниран за осум награди „Оскар“, а освоил четири, и тоа: за најдобар филм, најдобра режија, најдобро адаптирано сценарио и најдобар спореден актер. Покрај наградата „Оскар“, Хавиер Бардем ја освоил и наградата „Златен глобус“.[3] Филмот добил многу позитивни критики. Така, Роџер Еберт од „Chicago Sun-Times“ го нарекол „најдобриот филм кој го снимиле браќата Коен...“


Содржина

Во филмот се зборува за пропадната зделка со дрога, по што следи игра на мачка и глушец помеѓу тројца мажи, кои меѓусебно се пресретнуваат во пустината во Западен Тексас во 1980-те години.

За време на ловот, Левелин Мос (го игра Бролин) случајно пронаоѓа група автомобили покрај кои лежат неколку мртви тела. Пребарувајќи низ возилата, тој пронаоѓа еден раненик. Во едно од возилата има колемо количество дрога, а малку понатаму, Левелин наоѓа куферче полно со два милиони долари. Тој ги носи парите дома и ѝ кажува на жената веднаш да се спакува и да оди кај нејзината мајка. Тој пак се враќа назад на местото на злосторството за да му однесе вода на единствениот преживеан во масакрот. Тогаш, таму пристигаат други возила со криминалци, кои го бркаат и тој, иако ранет, успева да побегне, но знае дека криминалците ќе го гонат.

Истовремено, криминалецот Антон Чигур (го игра Бардем) е уапсен, но успева да го задави дежурниот полицаец во станицата и да побегне, а потоа извршува уште неколку убиства, користејќи сад со компримиран воздух. Потоа, Чигур пристигнува на местото каде се извршила неуспешната зделка со дрогата, ги убива своите сопатници, а потоа започнува да го прогонува Левелин со цел да си ги поврати парите. Левелин бега во еден мотел, каде ги крие парите во една соба, а тој се сместува во друга соба, но не знае дека во куферчето со пари се наоѓа радио-предавател и затоа, Чигур успева лесно да го пронајде. Така, Чигур и Левелин продолжуваат да се бркаат, сè додека во еден хотел, Левелин не го открие предавателот. Тој успева да го рани Чигур во ногата, но и самиот е ранет. Сепак, левелин успева да побегне во Мексико, каде е сместен во една болница, откако претходно го фрла куферчето со парите. Во болницата го посетува платен убиец, кого го испратиле криминалците, со цел да ги најде парите. Меѓутоа, во градот пристига и Чигур, кој го убива платениот убиец, а на Левелин му се заканува дека ќе му ја убие жената, ако не му ги даде парите.

Тогаш, Левелин ѝ се јавува на жена си, кажувајќи ѝ да оди во Ел Пасо, но за тоа дознаваат и мексиканската мафија и Чигур, кој ги убива сите криминалците, заедно со уште неколку луѓе, меѓу кои и тештата на Левелин. Останувајќи без мајка си, жената на Левелин се враќа дома, каде ја чека Чигур. Таа го моли да не ја убива, а тој фрла паричка, велејќи ѝ да избере „писмо“ или „глава“. Таа одбива да избере, а во следната сцена е прикажано како Чигур ја напушта куќата. Заминувајќи со автомобилот, во него удира друг автомобил и тој е повреден. Сепак, две момчиња му помагаат да ја преврзе скршената рака и тој си заминува, додека во далечината се слуша звукот на сирената на амбулантата.

Третата приказна во филмот го следи полицаецот Ед Том Бел (го игра Ли Џонс), кој цело време се обидува да го реши случајот со неуспешната зделка со дрогата. Тој дознава дека Левелин ги зел парите и ја убедува неговата жена да го убеди мажот да ѝ се предаде на полицијата, зашто мафијата нема да го остави. Сепак, тој не успева да го реши случајот, бидејќи доцна пристига во хотелот во Ел Пасо, каде Чигур веќе го извршил својот масакр. Ед конечно се пензионира и започнува мирен семеен живот.[4] [5]

Улоги

Глумци Ликови
Томи Ли Џонс Шериф Ед Томас Бел
Џош Бролин Ливелин Мос
Хавиер Бардем Антон Чигурх
Кели Мекдоналд Карла Џин Мос
Вуди Харелсон Карсон Велс
Тес Харпер Лорета Бел
Бари Корбин Елис

Номинации и награди

БАФТА

Најдобар филм (номинација)
Најдобра режија (награда) Џоел Коен и Итан Коен
Најдобар спореден актер (награда) Хавиер Бардем
Најдобра споедна актерка (номинација) Кели Мекдоналд
Најдобро адаптирано сценарио (номинација)
Најдобра кинематографија (номинација)
Најдобра монтажа (номинација)
Најдобри звуци (номинација)

Златен глобус

Најдобар драма филм (номинација)
Најдобар спореден актер во драма филм (награда) Хавиер Бардем
Најдобра режија во драма филм (награда) Џоел Коен и Итан Коен
Најдобро сценарио (награда)

Оскар

Најдобар филм (награда)
Најдобра актер во споредна улога (награда) Хавиер Бардем
Најдобра режија (награда)
Најдобро адаптирано сценарио (награда)
Најдобра кинематографија (номинација)
Најдобра монтажа (номинација)
Најдобра звучна монтажа (номинација)
Најдобри миксани звуци (номинација)

Наводи

  1. Thompson, Gary (November 9, 2007). „Creep in the heart of Texas“. Philadelphia Daily News. Посетено на January 4, 2004. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  2. Schwarzbaum, Lisa (November 7, 2007). „No Country for Old Men“. EW.com. Посетено на January 4, 2004. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. „Напната игра на мачка и глушец“, Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 3.
  4. „Напната игра на мачка и глушец“, Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 3.
  5. Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 14.

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>