Јаника Балаж: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Janika balaz.jpg|мини|десно|исправено|Споменикот на Јаника Балаж во [[Нови Сад]]]]
[[Податотека:Janika balaz.jpg|мини|десно|исправено|Споменикот на Јаника Балаж во [[Нови Сад]]]]
[[Податотека:Janika-Balazs Lukino.jpg|мини|десно|Родната куќа на Балаж во [[Лукино Село]]]]
'''Јаника Балаж''' ({{lang-hu|Janika Balázs}}; [[23 декември]] [[1925]] – [[12 ноември]] [[1988]]) — прочуен [[тамбура]]ш од [[Војводина]], [[Србија]].
'''Јаника Балаж''' ({{lang-hu|Janika Balázs}}; [[23 декември]] [[1925]] – [[12 ноември]] [[1988]]) — прочуен [[тамбура]]ш од [[Војводина]], [[Србија]].



Преработка од 12:11, 23 декември 2014

Споменикот на Јаника Балаж во Нови Сад
Родната куќа на Балаж во Лукино Село

Јаника Балаж (унгарски: Janika Balázs; 23 декември 192512 ноември 1988) — прочуен тамбураш од Војводина, Србија.

Живот

Балаж е роден во 1925 г. во Лукино Село кај Зрењанин, во унгаројазично ромско семејство кое се негувала силна музикална традиција. Татко му впрочем се презивал Рач (Rácz), што бил неубав унгарски збор за Срби, па затоа го презел мајчиното презиме Балаж. Израснал во Бечеј, каде почнал да свири виолина во локалната кафана уште на возраст од 10 години. Кога сфатил дека не може да биде најдобриот виолинист, почнал да свири тамбура („прим“ или „бисерница“), и продолжил на неа до крајот на животот. Подоцна свирел во оркстарот "Браќа козаци" во подрачјето на Суботица и Хоргош. Од 1948 до 1951 работел во Радио Титоград, Црна Гора, кадешто ги усовршил своите вештини на тамбура.

Работел во Радио Нови Сад од неговото основање во 1951 г. па сè до смртта, а членувал и во „Велики тамбурашки оркестар“ при радиото. Вечерите со неговиот осумчлен оркестар свирел по новосадските кафани, особено на Петроварадинската тврдина и станал еден од нејзините симболи. Во текот на кариерата одржувал концерти ширум светот, вклучувајќи 36 изведби во париска Олимпија. Добивал повеќе понуди да се пресели во САД и СССР за да работи како наставник по тамбура, но Балаж никогаш не се согласил да го напушти Нови Сад, каде и починал во 1988 г.

Јаника зел учество и во неколку документарци и играни филмови. Нему му се посветени песните „Осам тамбураша с Петроварадина“ и „Примаши“. Во текот на кариерата работел со видни музичари како Звонко Богдан и Јулија Бисак.

По неговата смрт, градот Нови Сад му подигнал споменик на плоштадот спроти Петроварадинската тврдина преку Дунав. Творец на статуата е вајарот Ласло Силаѓи.

Поврзано

Надворешни врски