Алберто Контадор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 12: Ред 12:
| role = Возач
| role = Возач
| ridertype = Универзален возач
| ridertype = Универзален возач
| amateuryears =
| amateurteams =
| proyears = 2003–2006
2007
2008–2010
2011–2012
2012–
| proyears = 2003–2006
2007
2008–2010
2011–2012
2012–
| proteams = {{ct|ONC|2003}}
{{ct|DSC|2007}}
{{ct|AST|2008}}
{{ct|SAX|2011}}<ref name="Contador contract">{{cite news|url=http://www.cyclingnews.com/news/riis-continues-to-support-contador-despite-ban |title=Рис продолжува да го поддржува Контадор и покрај суспензијата |work=Cycling News|publisher=Future Publishing Limited|date=7 февруари 2012|accessdate=7 февруари 2012}}</ref>
{{ct|SAX|2012b}}<ref>{{cite news |url=http://www.velonation.com/News/ID/12572/Contador-eligible-to-race-as-suspension-comes-to-an-end.aspx |title=Контадор ќе може да се трка откако суспензијата ќе заврши |work=VeloNation|publisher=VeloNation LLC |first=Шејн|last=Стоукс|date=5 август 2012|accessdate=6 август 2012}}</ref>
| proteams = {{ct|ONC|2003}}
{{ct|DSC|2007}}
{{ct|AST|2008}}
{{ct|SAX|2011}}<ref name="Contador contract">{{cite news|url=http://www.cyclingnews.com/news/riis-continues-to-support-contador-despite-ban |title=Рис продолжува да го поддржува Контадор и покрај суспензијата |work=Cycling News|publisher=Future Publishing Limited|date=7 февруари 2012|accessdate=7 февруари 2012}}</ref>
{{ct|SAX|2012b}}<ref>{{cite news |url=http://www.velonation.com/News/ID/12572/Contador-eligible-to-race-as-suspension-comes-to-an-end.aspx |title=Контадор ќе може да се трка откако суспензијата ќе заврши |work=VeloNation|publisher=VeloNation LLC |first=Шејн|last=Стоукс|date=5 август 2012|accessdate=6 август 2012}}</ref>
Ред 20: Ред 18:
:[[Генерален пласман на Тур де Франс|Генерален пласман]] ([[Тур де Франс 2007|2007]], [[Тур де Франс 2009|2009]])
:[[Генерален пласман на Тур де Франс|Генерален пласман]] ([[Тур де Франс 2007|2007]], [[Тур де Франс 2009|2009]])
:[[Пласман за млад возач на Тур де Франс|Пласман за млад возач]] ([[Тур де Франс 2007|2007]])
:[[Пласман за млад возач на Тур де Франс|Пласман за млад возач]] ([[Тур де Франс 2007|2007]])
::3 индивидуални етапи
::3 индивидуални етапи ([[Тур де Франс2007|2007]], [[Тур де Франс 2009|2009]])
:'''[[Џиро д’Италија]]'''
:'''[[Џиро д’Италија]]'''
:[[Генерален пласман на Џиро д’Италија|Генерален пласман]] ([[Џиро д’Италија 2008|2008]])
:[[Генерален пласман на Џиро д’Италија|Генерален пласман]] ([[Џиро д’Италија 2008|2008]])
:'''[[Вуелта а Еспања]]'''
:'''[[Вуелта а Еспања]]'''
:[[Генерален пласман на Вуелта а Еспања|Генерален пласман]] ([[Вуелта а Еспања 2008|2008]], [[Вуелта а Еспања 2012|2012]])
:[[Генерален пласман на Вуелта а Еспања|Генерален пласман]] ([[Вуелта а Еспања 2008|2008]], [[Вуелта а Еспања 2012|2012]], , [[Вуелта а Еспања 2014|2014]])
:[[Комбиниран пласман на Вуелта а Еспања|Комбиниран пласман]] ([[Вуелта а Еспања 2008|2008]])
:[[Комбиниран пласман на Вуелта а Еспања|Комбиниран пласман]] ([[Вуелта а Еспања 2008|2008]], [[Вуелта а Еспања 2014|2014]])
::4 индивидуални етапи
::5 индивидуални етапи ([[Вуелта а Еспања 2008|2008]], [[Вуелта а Еспања 2012|2012]], [[Вуелта а Еспања 2014|2014]])
'''[[Етапна трка|Етапни трки]]'''
'''[[Етапна трка|Етапни трки]]'''
:[[Париз-Ница]] ([[Париз-Ница 2007|2007]], [[Париз-Ница 2010|2010]])
:[[Париз-Ница]] ([[Париз-Ница 2007|2007]], [[Париз-Ница 2010|2010]])
Ред 38: Ред 36:
'''Друго'''

'''Друго'''

:[[Светски ранкинг UCI]] ([[Светски ранкинг UCI 2009|2009]])
:[[Светски ранкинг UCI]] ([[Светски ранкинг UCI 2009|2009]])
:[[Вело д’Ор]] (2007, 2008, 2009)
:[[Златен велосипед]] (2007, 2008, 2009)
| updated = 9 септември 2014
| updated = 16 септември 2014

Ред 417: Ред 415:
Контадор забележал повеќе успеси во првата половина на сезоната 2014, завршувајќи втор на Волта ао Алгарве (каде ја освоил четвртата етапа), освојувајќи го [[Тиноре-Адријатико 2014|Тирено-Адријатико]] (каде ги освоил етапите 4 и 5), завршувајќи втор на [[Волта а Каталуња 2014|Волта а Каталуња]] и освојувајќи ја [[Трка околу Баскија 2014|Трката околу Баскија]] (каде ја освоил првата етапа и ја носел жолтата маичка цело време).<ref>{{cite news|url=http://www.cyclingnews.com/races/vuelta-ciclista-al-pais-vasco-2014/stage-6/results|first=Стивен |last=Фаранд|title=Контадор ја обезбеди победата на Трката околу Баскија пред Квјатковски|work=Cyclingnews.com|publisher=Future plc |date=12 април 2014|accessdate=12 април 2014}}</ref>
Контадор забележал повеќе успеси во првата половина на сезоната 2014, завршувајќи втор на Волта ао Алгарве (каде ја освоил четвртата етапа), освојувајќи го [[Тиноре-Адријатико 2014|Тирено-Адријатико]] (каде ги освоил етапите 4 и 5), завршувајќи втор на [[Волта а Каталуња 2014|Волта а Каталуња]] и освојувајќи ја [[Трка околу Баскија 2014|Трката околу Баскија]] (каде ја освоил првата етапа и ја носел жолтата маичка цело време).<ref>{{cite news|url=http://www.cyclingnews.com/races/vuelta-ciclista-al-pais-vasco-2014/stage-6/results|first=Стивен |last=Фаранд|title=Контадор ја обезбеди победата на Трката околу Баскија пред Квјатковски|work=Cyclingnews.com|publisher=Future plc |date=12 април 2014|accessdate=12 април 2014}}</ref>

На [[Тур де Франс 2014 - етапа 1 до етапа 11#Етапа 10|десеттата етапа]] на [[Тур де Франс 2014|Тур де Франс]], Контадор паднал на спустот од Кол ду Плацервазел,<ref>{{cite news|last1=Кери|first1=Том|title=Алберто Контадор падна, а Винченцо Нибали ја освои десеттата етапа и жолтата маичка|url=http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/tour-de-france/10967088/Tour-de-France-2014-Alberto-Contador-crashes-out-as-Vincenzo-Nibali-takes-Stage-10-and-yellow-jersey.html|accessdate=15 јули 2014|work=The Daily Telegraph|date=14 јули 2014}}</ref> кршејќи ја неговата тибија. Откако возел уште 20 километри, на крајот ја напуштил трката.<ref>{{нмс|title=Тур де Франс 2014: Алберто Контадот се повлече на десеттата етапа|url=http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/28298537|publisher=BBC Sport|accessdate=15 јули 2014|date=14 јули 2014}}</ref> Потоа, одлучил да вози на [[Вуелта а Еспања 2014|Вуелта а Еспања]]. По девет етапи возење, Контадор бил ма три секунди зад предводникот на генералниот пласман [[Наиро Кинатан]]. Кинтана рекол дека Контадор е „негов соперник број 1“.<ref>{{cite news|url=http://www.cyclingnews.com/news/quintana-contador-is-the-number-one-rival-for-the-vuelta-a-espana|title=Кинтана: Контадор е број еден соперник за Вуелта а Еспања|work=Cyclingnews.com|publisher=Future plc|date=31 август 2014|accessdate=31 август 2014|author=Бери Рајан}}</ref> Контадор го преземал водството во генералниот пласман на следната етапа, индивидуален хронометар. Ја освоил кралската етапа на трката, [[Вуелта а Еспања 2014 - етапа 12 до етапа 21#Етапа 16|шеснаесеттата етапа]], додавајќи им дополнително време на неговите најблиски конкуренти.<ref>{{cite news|url=http://velonews.competitor.com/2014/09/news/alberto-contador-drives-stake-vuelta_344601|title= Alberto Contador drives stake into Vuelta a Espana|work=VeloNews|publisher=Competitor Group, Inc.|date=8 септември 2014|accessdate=8 септември 2014|author=Ендру Худ}}</ref>
На [[Тур де Франс 2014 - етапа 1 до етапа 11#Етапа 10|десеттата етапа]] на [[Тур де Франс 2014|Тур де Франс]], Контадор паднал на спустот од Кол ду Плацервазел,<ref>{{cite news|last1=Кери|first1=Том|title=Алберто Контадор падна, а Винченцо Нибали ја освои десеттата етапа и жолтата маичка|url=http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/tour-de-france/10967088/Tour-de-France-2014-Alberto-Contador-crashes-out-as-Vincenzo-Nibali-takes-Stage-10-and-yellow-jersey.html|accessdate=15 јули 2014|work=The Daily Telegraph|date=14 јули 2014}}</ref> кршејќи ја неговата тибија. Откако возел уште 20 километри, на крајот ја напуштил трката.<ref>{{нмс|title=Тур де Франс 2014: Алберто Контадот се повлече на десеттата етапа|url=http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/28298537|publisher=BBC Sport|accessdate=15 јули 2014|date=14 јули 2014}}</ref> Потоа, одлучил да вози на [[Вуелта а Еспања 2014|Вуелта а Еспања]]. По девет етапи возење, Контадор бил ма три секунди зад предводникот на генералниот пласман [[Наиро Кинатан]]. Кинтана рекол дека Контадор е „негов соперник број 1“.<ref>{{cite news|url=http://www.cyclingnews.com/news/quintana-contador-is-the-number-one-rival-for-the-vuelta-a-espana|title=Кинтана: Контадор е број еден соперник за Вуелта а Еспања|work=Cyclingnews.com|publisher=Future plc|date=31 август 2014|accessdate=31 август 2014|author=Бери Рајан}}</ref> Контадор го преземал водството во генералниот пласман на следната етапа, индивидуален хронометар. Ја освоил кралската етапа на трката, [[Вуелта а Еспања 2014 - етапа 12 до етапа 21#Етапа 16|шеснаесеттата етапа]], додавајќи им дополнително време на неговите најблиски конкуренти.<ref>{{cite news|url=http://velonews.competitor.com/2014/09/news/alberto-contador-drives-stake-vuelta_344601|title= Alberto Contador drives stake into Vuelta a Espana|work=VeloNews|publisher=Competitor Group, Inc.|date=8 септември 2014|accessdate=8 септември 2014|author=Ендру Худ}}</ref> Контадор изгубил време во однос на Фрум на [[Вуелта а Еспања 2014 - етапа 12 до етапа 21#Етапа 18|осумнаесеттата етапа]] и поради тоа Британецот се нашол на само една минута и 19 секунда зад него во генералниот пласман на три етапи пред крајот.<ref>{{cite news|url=http://velonews.competitor.com/2014/09/vuelta-a-espana/results-2014-vuelta-espana-stage-18_345166/2|title= Резултати: Вуелта а Еспања 2014 - етапа 18|work=VeloNews|publisher=Competitor Group, Inc.|date=11 септември 2014|accessdate=11 септември 2014|author=Максвел Нејџел}}</ref> На последната планинска етапа, се одвоил од Фрум на 500 метри пред целта, освојувајќи уште една етапна победа.<ref>{{cite news|url=http://www.cyclingnews.com/races/vuelta-a-espana-2014/stage-20/results|title=Вуелта а Еспања: Контадор победи на Анкарес|work=Cyclingnews.com|publisher=Future plc|date=13 септември 2014|accessdate=13 септември 2014|author=Питер Косинс}}</ref> Еден ден подоцна, по краткиот хронометар, Контадор бил крунисан за победник на третата Вуелта во неговата кариера.<ref>{{cite news|url= http://www.cyclingnews.com/races/vuelta-a-espana-2014/stage-21/results|title=Контадор ја запечати победата на Вуелта а Еспања 2014|work= Cyclingnews.com|publisher=Future plc|date=14 септември 2014|accessdate=14 септември 2014}}</ref>

Во текот на Вуелта, Контадор најавил дека нема да настапи на Светските првенства во [[Понферада]], велејќи дека патеката воопшто не соодветствува на неговите вештини.<ref>{{cite news|url=http://velonews.competitor.com/2014/09/news/contador-defends-decision-skip-spanish-worlds_345129|title=Контадор ја брани одлуката да ги прескокне светските во Шпанија|work=VeloNews|publisher=Competitor Group, Inc.|date=11 септември 2014|accessdate=11 септември 2014|author=Ендру Худ}}</ref>

== Обвинувања за допинг ==
== Обвинувања за допинг ==
Ред 632: Ред 632:
: 1. [[Податотека:Jersey yellow.svg|20п]] Генерален пласман [[Трка околу Баскија 2014|Трка околу Баскија]]
: 1. [[Податотека:Jersey yellow.svg|20п]] Генерален пласман [[Трка околу Баскија 2014|Трка околу Баскија]]
::1. Етапа 1
::1. Етапа 1
: [[Вуелта а Еспања 2014|Вуелта а Еспања]]
: 1. [[Податотека:Jersey red.svg|20п]] Генерален пласман [[Вуелта а Еспања 2014|Вуелта а Еспања]]
::1. [[Податотека:Jersey white.svg|20п]] Комбиниран пласман
::1. Етапа 16
::1. Етапа 16
::1. Етапа 20
::1. Етапа 20
Ред 691: Ред 692:
|bgcolor=red | [[Вуелта а Еспања 2012|'''1''']]
|bgcolor=red | [[Вуелта а Еспања 2012|'''1''']]
| style="text-align:center;" |—
| style="text-align:center;" |—
|bgcolor=red | [[Вуелта а Еспања 2014|'''1''']]

Преработка од 16:09, 16 септември 2014

Алберто Контадор
Лични податоци
Цело имеАлберто Контадор Веласко
ПрекарЕл Пистолеро (El Pistolero)
Роден6 декември 1982(1982-12-06)(41 г.)
Пинто (Мадрид), Шпанија
Висина1,76 м[1]
Маса62 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубТинкоф
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Професионални клубови
2003–2006
2007
2008–2010
2011–2012
2012–
ONCE
Дискавери Канал
Астана
Саксо Банк-СанГард[2]
Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк[3]
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Генерален пласман (2007, 2009)
Пласман за млад возач (2007)
3 индивидуални етапи (2007, 2009)
Џиро д’Италија
Генерален пласман (2008)
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (2008, 2012, , 2014)
Комбиниран пласман (2008, 2014)
5 индивидуални етапи (2008, 2012, 2014)

Етапни трки

Париз-Ница (2007, 2010)
Тирено-Адријатико (2014)
Трка околу Баскија (2008, 2009, 2014)
Вуелта а Кастилја и Леон (2007, 2008, 2010)
Волта ао Алгарве (2009, 2010)

Еднодневни трки и класици

Шпански национален хронометарски првак (2009)
Милано-Торино (2012)

Друго

Светски ранкинг UCI (2009)
Златен велосипед (2007, 2008, 2009)
Последна промена
16 септември 2014

Алберто Контадор Веласко (шпански: Alberto Contador Velasco; р. 6 декември 1982) — шпански професионален друмски велосипедист и еден од петте возачи кои имаат победено на сите три големи трки во друмскиот велосипедизам. Тој бил победник на Тур де Франс 2007 со екипата Дискавери Канал. Со екипата Астана ги освои Џиро д’Италија 2008, Вуелта а Еспања 2008 и Тур де Франс 2009. Исто така, првично го освоил и Тур де Франс 2010 со оваа екипа и Џиро д’Италија 2011 со екипата Саксо Банк-СанГард, но овие титули му биле одземени откако се покажал виновен по обвинувањата за допинг.[4][5] Потоа, повторно ја освоил Вуелта а Еспања 2012.

Контадор често е сметан како најдобриот специјалист за искачување и најдобар возач на етапни трки во светот.[6][7] Познати завршници на етапи на нагорнина се победите на Алто де Ел Англиру на Вуелта, Плато де Бел на Тур и Етна на Џиро.[8] Откако се очекувало да го изгуби неговото мало водство на Тур де Франс 2007 на завршниот индивидуален хронометар,[9][10] Контадор станал подобар на хронометрите, со неколку победи во оваа дисциплина. Тој ја заработил оцената како универзален возач, велосипедист кој посветил внимание на сите делови од етапното тркање, кои се потребни за остварување високи пласмани во генералните пласмани.

Кариерата на Контадор е обележана со неколку обвинувања за допинг. Случајот „Операција Пуерто“ ја довела неговата екипа ONCE (целосно неповрзана екипа со моменталната екипа Астана) да се откаже од Тур де Франс 2006 пред тој да започне. На крајот било одлучено дека тој немал никаква врска со случајот, но бил повторно обвинет за допинг по неговата победа на трката следната година.[11] Во септември 2010, Контадор објавил дека бил позитивен на кленбутерол на контрола одржана на Тур де Франс 2010, каде завршил како победник, но иако бил суспендиран во текот на истрагата,[12] тој бил прогласен за чист од Кралската шпанска велосипедска федерација. Истрагата од Арбитражниот суд за спорт првично закажана за јуни 2011[13][14] била неколку пати одложувана до февруари 2012, кога судот одлучил дека на Контадор ќе му бидат одземени сите резултати постигнати на Тур де Франс и подоцна, што значело дека ја губи и титулата на Џиро д’Италија 2011. Исто така, бил суспендиран до 5 август 2012 и неговиот договор со Тим Саксо Банк бил раскинат.[4] По завршувањето на неговата суспензија, Контадор повторно му се приклучил на преименуваниот Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк.[15][16]

Личен живот и рана кариера

Контадор е роден во Пинто во автономната заедница Мадрид, трето од четирите деца во семејството. Тој има постари брат и сестра и помлад брат, кој има церебрална парализа. Претходно тренирајќи некои други спортови, како фудбалот и атлетиката, Контадор го открил велосипедизмот на возраст од 14 години, благодарение на неговиот постар брат Франсиско Хавиер.[17]

Кога Контадор имал 15 години, започнал да настапува на трки на аматерско ниво во Шпанија, придружувајќи му се на Реал Вело Клуб Портилјо од Мадрид. Иако немал ниедна победа таа година и следната, сепак покажал одлични квалитети и наскоро го добил прекарот Пантани (по Марко Пантани, сметан за еден од најдобрите специјалисти за искачување на сите времиња) поради неговите вештини за искачување.[18] Во 2000, ги искусил своите први победи, победувајќи на неколку планински пласмани од познати трки во шпанскиот аматерски велосипедски календар.[17]

Тој се откажал од училиштето на 16 години без притоа да ја заврши матурата и потпишал со Ибердрола-Лоаназ, младинска екипа водена од Маноло Саиз, менаџер на професионалната велосипедска екипа ONCE. Во 2001 го освоил шпанското хронометарско првенство под 23 години.[19]

Контадор живее со неговата жена[20] Макарена во градот Пинто, кога не се натпреварува и ужива да лови во неговото слободно време. Ги обожава птиците, лично чувајќи канаринци и други птици во својот дом.[21][22]

Професионална кариера

2004–2006

Контадор станал професионалец во 2003 за екипата ONCE. Во неговата прва година како професионалец, тој ја освоил осмата етапа на Трката околу Полска, индивидуален хронометар. Во текот на првата етапа на Вуелта а Астурија 2004 започнал да се чувствува лошо и по 40 километри паднал и доживеал потрес. Неколку дена претходно страдал од силни главоболки и му било дијагностицирано церебрална кавернома, вродена васкуларна болест, поради која бил подложен на ризична операција, по што следело закрепнувањето и повторното возење велосипед.[7] Како последица на операцијата има лузна, која се протега од едното до другото уво на врвот на главата.[23] Контадор започнал повторно со тренинзи на крајот на 2004 и осум месеци по операцијата ја освоил петтата етапа на Тур Даун Андер 2005, возејќи за Либерти Сегурос, екипата што некогаш се викала ONCE пред преименувањето.[19] Тој заминал на победа на третата етапа и крајниот пласман на Сетмана Каталана, така освојувајќи ја својата прва етапна трка како професионалец. Исто така, победил на индивидуалниот хронометар во текот на Трка околу Баскија, каде завршил трет и четвртата етапа на Тур де Романди, каде завршил четврти во генералниот пласман.[8]

Во 2006 освоил етапи на Тур де Романди и Тур де Свис како подготовка за претстоечкиот Тур де Франс. Пред почетокот на трката бил вмешан заедно со неколку негови колеги во допинг скандалот Операција Пуерто од шпанските власти и екипата не можела да настапи на трката. Подоцна бил ослободен од Меѓународниот велосипедистички сојуз, управното тело во велосипедизмот.[24] Контадор се вратил со возење на Вуелта а Бургос, но доживеал пад по завршувањето на петтото место на етапата 4, кога возел назад со автобусот на екипата и кратко бил во бесознание.[25]

Сезона 2007

Откако бил вмешан во допинг скандалот „Операција Пуерто“, Контадор бил без професионален договор до средината на јануари 2007, кога потпишал со екипата Дискавери Канал.[26]

Контадор носејќи ја жолтата маичка во текот на 19. етапа на Тур де Франс 2007.

Првата поголема професионална победа на Контадор дошла на Париз-Ница 2007, каде ја освоил последната етапа на трката. Дискавери успешно го развлекол лидерот на трката Давиде Ребелин од екипата Геролштајнер, овозможувајќи му на Контадор да го отпочне својот напад на последното искачување. Со Ребелин во групата зад него, Контадор се одржал пред неговите ривали во последните километри, победувајќи на трката.[27]

На Тур де Франс 2007 ја освоил етапата на планинската завршница Плато де Бел и бил втор во генералниот пласман зад Михаел Расмусен.[28] По остранувањето на Расмусен од трката пред етапата 17 поради лажење на неговата екипа за неговите тренинзи пред трката,[29] Контадор го преземал водството на трката и жолтата маичка, иако сè уште не ја облекол до завршувањето на етапата.[30] На индивидуалниот хронометар на етапата 19 успеал да пркоси наспроти очекувањата и да ја задржи жолтата маичка со разлика од само 23 секунди над второпласираниот Кедел Еванс и 31 секунда над неговиот колега Леви Лајпхајмер. Бидејќи тоа било претпоследна етапа на Тур, всушност етапата го означувала последното вистинско натпреварување на трката (отсекогаш последната етапа е лежерна и возачите не се натпреваруваат, освен во масовниот спринт на крајот на етапата) тоа значело дека Контадор ја обезбедил својата прва победа на Тур де Франс.[31] Тоа било тесна победа и најблиската разлика помеѓу првите тројца во историјата на Тур де Франс.[32]

Откако екипата Дискавери Ченл објавила дека 2007 ќе била нивната последна сезона во професионалниот велосипедизам, Контадор објавил на 23 октомври 2007 дека ќе се преместел во екипата Астана за 2008.[33]

Сезона 2008

Контадор ја носи розовата маичка на 21. етапа на Џиро д’Италија 2008.

На 13 февруари 2008, организаторот на Тур де Франс, Amaury Sport Organisation, објавил дека Астана нема да биде повикана на ниедна од нивните трки во 2008, поради претходните случаи со допинг во Астана, и покрај тоа што менаџментот на Астана и поголемиот дел од возачите биле променети пред сезоната 2008.[34] Следствено на одлуката, Контадор не можел да ги брани победите од минатата година на Париз-Ница 2007 и Тур де Франс 2007. Се насочил кон освојување на втора победа на Вуелта а Кастилја и Леон, како и Вуелта ал Паис Васко преку освојување на воведната етапа и последниот индивидуален хронометар. Негова следна трка и цел бил Дофине Либере, но неговата екипа добила покана на Џиро д’Италија 2008 една недела пред почетокот на трката. Контадор бил на одмор во Шпанија, кога му било кажано дека ќе вози на Џиро.[35]

Контадор ја носи златната маичка во текот на 20. етапа на Вуелта а Еспања 2008.

И покрај недостигот на подготовка, тој завршил втор на првиот индивидуален хронометар и ја зел розовата маичка по 15. етапа на Пасо Федаја. По освојување на последната розова маичка во Милано станал првиот не-Италијанец, кој го освоил Џиро по Павел Тонков во 1996 и исто така втор шпански возач, кој го освоил Џиро по победата на Мигуел Индураин во 1992 и 1993. Подоцна ја истакнал важноста на оваа победа, велејќи дека „учеството на Џиро и неговото освојување беше големо достигнување, поголемо отколку втората победа на Тур де Франс“.[36]

На Летните олимписки игри 2008, Контадор се натпреварувал на друмската трка и индивидуалниот хронометар. Не успеал да заврши на друмската трка, на која 53 од 143 возачи не ја завршиле патеката во топли и влажни услови.[37] Завршил четврти на индивидуалниот хронометар, осум секунди зад неговиот колега во сезоната Лајпхајмер.[38]

Контадор влегол на Вуелта а Еспања 2008 како главен кандидат за победа. Негов најголем ривал бил неговиот сонародник Карлос Састре, кој победил на Тур де Франс само еден месец пред трката.[36] Контадор ја освоил етапата 13 по нападот на искачувањето Англиру и овој напад му ја донел златната маичка, како предводник на трката. Го зголемил своето водство по освојувањето на етапата 14 до Фуентес де Инвиерно и го одржал своето водство во следните рамни етапи и последниот хронометар. Тој последен хронометар бил освоен од Лајпхајмер со голема разлика. Подоцна, Контадор изнел некои свои тврдења за Лајпхајмер, дека имал во план да победи на Вуелта, иако на почетокот на трката се решило дека Контадор ќе биде водачот на екипата Астана.[39] Во конечниот пласман, Контадор завршил 46 секунди пред Лајпхајмер и повеќе од четири минути пред Састре.[40] Победата на Вуелта го направила само петти велосипедист, кој победил на сите три Гранд Тур трки, по Жак Анкетил, Феличе Џимонди, Еди Меркс и Бернар Хино.[41] Исто така, станал и првиот Шпанец, кој успеал во овој потфат,[42] најмладиот (возраст 25),[43] и за најкратко време успеал да ги оствари сите три победи (15 месеци).[44] Исто така станал само трет велосипедист, кој победил на Џиро и Вуелта во иста година, придружувајќи им се на Меркс (кој успеал во 1973) и Џовани Батаглин (во 1981).[17]

Подоцна во годината, Контадор ја добил наградата Златен велосипед (Вело д’Ор) за најдобар возач на годината втора година по ред. Победникот на Џиро и Вуелта ги победил олимпискиот хронометарски првак Фабијан Канчелара и победникот на Тур Карлос Састре во бројот на гласови од меѓународните спортски новинари.[45]

Сезона 2009

На 9 септември 2008, седумкратниот победник на Тур де Франс Ленс Армстронг објавил дека ќе се врати во професионалниот велосипедизам со цел учество на Тур де Франс 2009.[46] Менаџерот на Астана Јохан Брујнел, поранешен ментор на Армстронг и спортски директор, изјавил дека не може да дозволи Армстронг да вози за друга екипа и подоцна потпишал со него. Објавата од Армстронг се судрила со амбициите на Контадор, кој инсистирал дека го заслужил водството на Астана и ја навестил можноста за напуштање на екипата, доколку му биде дадена второкласна улога за поддршка на Армстронг.[47] Подоцна, Контадор бил уверен од страна на Брујнел дека ќе остане водач на екипата и одлучил да остане во Астана за сезоната 2009.[48] Подоцна Контадор изјавил дека ситуацијата била премногу надуена од медиумите.[49] Контадор одлучил да го пропушти Џиро д’Италија 2009 и да се насочи кон победа на Тур де Франс.[50]

Контадор ја започнал неговата сезона 2009 на трката Волта ао Алгарве во Португалија, освојувајќи го генералниот пласман, завршувајќи втор на етапата 3 и победувајќи на одлучувачкиот индивидуален хронометар од 33 километри.[51] Тој бил во положба да ја освои Париз-Ница повторно по освојувањето на прологот и најтешката планинска етапа, но доживеал пад во формата на етапата 7, губејќи ја жолтата маичка од сонародникот Луис Леон Санчез. Како причина за падот се навело неправилното распоредување на храната во текот на етапата, со што го оставило Контадор без енергија во клучните напади.[52] Контадор завршил четврти на крај. Контадор продолжил да се подготвува за Тур де Фран со возење на Дофине Либере. Прикажал одличен резултат на воведниот хронометар и останал близу лидерот на трката Кедел Еванс на подолгиот хронометар.[53] Меѓутоа, силното возење на сонародникот Алехандро Валверде на Мон Венту го оддалечило Контадор од генералниот пласман, со што потоа возел како поддршка на Валверде при преземањето на жолтата маичка, додека на крајот завршил на третото место.[54]

Контадор носејќи ја жолтата маичка на Шанзелизе на Тур де Франс 2009.

На 26 јуни 2009, Контадор се натпреварувал на шпанското национално хронометарско првенство. Изјавил дека настапил на трката со цел да стекне поголемо искуство на неговиот нов Трек велосипедизам, но заминал со голема победа над Луис Леон Санчез, бранителот на титулата, победувајќи го со 37 секунди предност. Ова бил првиот настап на националните првенства како професионалец.

Контадор ја освоил етапата 15 на Тур де Франс 2009 кога пристигнал на целта со повеќе од една минута предност пред останатите најблиски кандидати за генерален пласман и со тоа го преземал водството во генералниот пласман и жолтата маичка.[55] Потоа го зголемил водството на етапата 17, откако завршил втор во бегството од тројца возачи со исто време како етапниот победник и потоа следниот ден го освоил вториот хронометар, зголемувајќи ја неговата предност на повеќе од четири минути.[56][57]

Контадор го освоил својот втор Тур де Франс на 26 јули 2009 со разлика од 4'11" во однос на Енди Шлек. Тој завршил 5'24" пред Ленс Армстронг, кој завршил трет по неговото враќање на Тур по четиригодишното отсуство.[58] Контадор ги освоил последните четири Гранд Тур трки на кои настапил. Во текот на прославата на подиумот, организаторите на трката погрешно ја пуштиле данската химна наместо Шпанскиот кралски марш.[59][60] По завршувањето на трката, Контадор и Армстронг влегле во војна на зборови, откако Контадор бил цитиран како вели дека, иако Армстронг „е голем возач и [..] имаше добра трка[, но] како личност [..] јас никогаш не му се восхитував и никогаш ни нема да му се восхитувам“, на што Армстронг одговорил дека „шампионот исто така се мери во почитта кон неговите колеги и ривали“.[61] Кавгата предизвикала другите, како директорот на Тур, да се запрашаат „што би било доколку Контадор и Армстронг се наоѓаат во различни екипи“.[61]

На 31 јули, агентот на Контадор (воедно и негов брат) објавил дека Контадор ја одбил понудата да остане во Астана со нов четиригодишен договор, бидејќи не се чувствувал удобно помеѓу казахстанските сопственици на екипата од една страна и Брујнел на друга страна и се надевал дека ќе ја напушти Астана до крајот на годината, иако неговиот договор истекувал на крајот на 2010.[62] Меѓутоа, на 11 август, колегата и блискиот пријател на Контадор Серхио Паулињо го прифатил двегодишниот договор со Тим РадиоШек, означувајќи дека Контадор нема да може да ја напушти Астана како што тој и неговиот агент посакувале.[63] Ова било потврдено на 15 август, кога гласноговорникот на казахстанските спонзори Астана изјавил дека тие планираат да останат како спонзор на екипата Астана до 2013 и дека планираат да ја спроведат и последната година од договорот на Контадор со Астана за 2010.[64]

Сезона 2010

Контадор носејќи на жолтата маичка на 17. етапа на Тур де Франс 2010. Подоцна му била одземена оваа титула.

На 21 февруари, Контадор ја освоил својата прва трка во сезоната, португалската Волта ао Алгарве, преку освојување на кралската етапа и завршувајќи втор на последниот хронометар.[65][66] Поради новите правила на UCI насочени кон хронометарските велосипеди, Контадор не го користел неговиот велосипед Шив, туку стандардниот хронометарски црвен велосипед Specialized.[67] На 14 март Контадор го освоил својот втор Париз-Ница, завршувајќи пред другите фаворити пред трката, како што се Алехандро Валверде и Луис Леон Санчез. Неговиот главен напад дошол на планинската завршница во Манд, кога ја поминал целта сам и успешно ја обезбедил жолтата маичка.[68] Исто така, Контадор настапил на Критериум Интернасионал каде завршил втор на последниот хронометар, само 2 секунди зад етапниот победник Дејвид Милар, додека Пјерик Федриго успешно ја одбранил жолтата маичка против ривалите, како што се Кедел Еванс и Самуел Санчез.

Контадор бил фаворит пред претстоечкиот Тур де Франс 2010, заедно со возачот на Тим Саксо Банк Енди Шлек. На етапата 15 Шлек бил водач на трката и имал одлично темпо преку последното искачување на етапата Порт де Бал, кога му отпаднал неговиот ланец. Контадор и Денис Мењшов веднаш отишле напред и нападнале, поставувајќи темпо на искачувањето и движејќи се надоли до Бањер де Лушон. Им се придружиле и Самуел Санчез и уште двајца возачи, правејќи група од пет возачи. Шлек ги ловел позади, но немал ниеден возач да му помогне во намалување на разликата. На крајот на етапата ја загубил жолтата маичка и 39 секунди во однос на Контадор.[69] Контадор, кој сега имал водство од осум секунди на трката, се сретнал со различни реакции на доделувањето на жолтата маичка на крајот на етапата. Тоа бил невообичаен настан на трката, новиот лидер на трката да биде пречекан со свирежи, кога му била доделувана жолтата маичка.[70] Промената на жолтата маичка направила голема разлика во остатокот од трката, бидејќи сега било на Шлек да го напаѓа Контадор.

Џејред Грубер, кој пишува за Velo Nation, сметал дека Контадор имал право да нападне, бранејќи го на основа на тоа дека Шлек не го чекал Контадор, кога тој бил попречен на калдрмата на третата етапа и изгубил 1' 13" зад Шлек, пад кој го чинел Шлек загуба на неговиот најдобар помошник, неговиот брат Френк Шлек. Но, патеката била на почетокот на трката и тогаш ниеден од возачите не ја носел жолтата маичка.[71] Коментаторот на трката Пол Шервен мислел дека нападот е лош потег, додека неговиот колега Фил Лигет не се согласил со него.[72] Шлек изјавил дека потегот на Контадор го смета за неспортски.[73] Часови по завршувањето на етапата, Контадор изразил извинување за неговото однесување на неговиот канал на YouTube.[74] Пет дена подоцна на хронометарот на етапата 19, Контадор го поразил Шлек повторно, одземајќи дополнителни 31 секунда од него. Контадор бил на чекор на победа на Тур де Франс по третпат со предност од 39 секунди пред Енди Шлек, истото време кој го добил од Шлек на етапата 15.[75] Контадор станал седмиот возач, кој го освоил Тур де Франс без победа на етапа.

Контадор потпишал двегодишен договор со Саксо Банк-СанГард за сезоната 2011, да вози со екипниот менаџер Бјарн Рис, кој открил дека би сакал Контадор да се обиде да ги освои сите три Гранд Тур трки во една сезона, подвиг кој никогаш претходно не бил достигнат. Агентот на Контадор (и негов брат) Фран подоцна изнел изјава велејќи дека тоа било „ништо друго туку само сон“. За две недели, три од шпанските колеги на Контадор потпишале со Саксо Банк: Есус Ернандез, Даниел Наваро и Бенхамин Новал.[76]

Сезона 2011

Контадор во розовата маичка во Милано ја прославува победата на Џиро д’Италија 2011. Подоцна му била одземена оваа титула.
Алберто Контадор вози на Тур де Франс 2011.

Сред контроверзијата со кленбутерол, Контадор ја заработил својата прва победа на Вуелта а Мурсија. Го освоил генералниот пласман, како и две етапи на патот кон неговата победа. Подоцна во март, Контадор настапил на Волта а Каталуња, каде ја освоил третата етапа на Валнорд, одржувајќи ја својата предност до крајот на трката.[77] Исто така победил на индивидуалниот хронометар на Вуелта а Кастилја и Леон.

Контадор настапил на Џиро д’Италија 2011, негово прво појавување на Џиро по неговата победа на 2008. Контадор ја освоил деветтата етапа на Етна, негова прва етапна победа на италијанската трка. Оваа етапа му го донело водството во генералниот пласман на Џиро, како и водство во бодовниот пласман. Исто така го освоил и планинскиот хронометар, долг 12,7 километри. На 29 мај, Контадор ја освоил трката по вторпат.[78][79] Покрај победата во генералниот пласман, Контадор исто така го освоил и бодовниот пласман и завршил втор во планинскиот.

И покрај фактот дека требало да се појави пред Арбитражниот суд за спорт во почетокот на август, Контадор објавил во почетокот на јуни дека ќе настапи на Тур де Франс 2011.[80] Судот планирал сослушување за случајот во почетокот на јуни, но тоа било одложено за во август.[81] Контадор сакал да стане првиот возач, кој победил на Џиро и Тур во иста година, откако Марко Пантани го постигнал тој подвиг во 1998.

На воведната етапа, Контадор бил забавен од пад и изгубил повеќе од една минута. Тој изгубил уште време на екипниот хронометар, но завршил втор на четвртата етапа. Контадор доживеал четири несреќи во првите девет дена на Тур, повредувајќи го своето десно колено пред клучните планински етапи на Пиринеите. Тој отпаднал во последниот километар на етапата до Луз Ардиден и завршил две секунди зад Енди Шлек на врвот на Плато де Бел.[82] На шеснаесеттата етапа до Гап, Контадор нападнал на подножјето на Кол де Манс, додека Кедел Еванс и Самуел Санчез му се придружиле со цел добивање временски разлики над останатите фаворити за генералниот пласман, вклучувајќи повеќе од минута над Енди Шлек.[83] Тој бил агресивен и на следната етапа до Пинероло, но не можел да се одвои од другите фаворити, освен Тома Веклер и Иван Басо. На етапата до Кол ду Галибје изгубил време во однос на другите фаворити, откако Енди Шлек започнал соло напад на шеесет километри пред крајот на етапата, а Контадор не можел да го следи темпото поставено од Кедел Еванс.[84] Контадор започнал ран напад на последната планинска етапа до Алп д’Ез, достигнувајќи го врвот на Галибје со Енди Шлек, но нивниот напор се покажал неуспешен и тие биле достигнати од остатокот од групата на долгиот спуст од планината. Контадор започнал уште еден напад на првите километри на Алп д’Ез, но на крајот бил поразен од Пјер Ролан, кој завршил прв на етапата, и Самуел Санчез како втор.[85] Контадор завршил петти во генералниот пласман, 3 минути и 57 секунди зад Кедел Еванс, завршувајќи ја низата од шест последователни победа на Гранд Тур трки.[86]

Сезона 2012

Контадор ја започнал неговата сезона, иако за случајот кленбутерол сè уште немал никаква пресуда. Завршил втор во генералниот пласман на Тур де Сан Луис и ги освоил двете етапи на нагорнина. Единствено бил побавен на хронометарот на трката. На 6 февруари му биле одземени овие резултати, како и победите на Тур де Франс 2010 и Џиро д’Италија 2011, како и други останати резултати. Исто така бил суспендиран до 5 август 2012 и неговиот договор со екипата Тим Саксо Банк бил раскинат.

На 8 јуни било објавено дека Контадор ќе се врати во Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк по завршувањето на неговата суспензија, потпишувајќи договоро со кој се обврзува да остане во екипата до крајот на сезоната 2015.[15][16] По завршувањето на неговата суспензија, Контадор настапил на Енеко Тур 2012 како подготовка за Вуелта а Еспања, каде завршил четврти во генералниот пласман.[87] Потоа, Контадор бил именуван за водач на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк за Вуелта а Еспања.[88] Контадор нападнал повеќепати на планините на првите шеснаесет етапи на трката, но без некој особен успех, бидејќи водачот на трката Хоаким Родригез секогаш го стигнувал и завршувал пред него. Ова го чинело многу бидејќи бонус секунди добивале првите тројца возачи на секоја етапа: дванаесет секунди за првиот, осум секунди за вториот и четири секунди за третиот.[89] Дури и на кралската етапа на трката, која завршувала на Суиту Негру и вклучувала делници со наклон поголем од 20% близу целта, Родригез ги достигнал повеќето напади на Контадор и го престигнал пред самата завршница.[90] Меѓутоа, неговата среќа се свртила на седумнаесеттата етапа; тој нападнал во вториот дел на етапата и сам се одвоил на последното искачување откако другиот член на бегството Паоло Тиралонго од Астана отпаднал.[91] Контадор ја освоил етапата со шест секунди предност пред првата група и го преземал водството од Хоаким Родригез, кој сега доцнел повеќе од две минути во генералниот пласман.[91] Го одржал водството на трката во текот последната планинска етапа која водела до Бола дел Мондо, каде отпаднал од Родригез и Алехандро Валверде (Мовистар Тим), кој бил на второто место во генералниот пласман. Тој успеал да ги ограничи загубените секунди и го задржал водството на трката.[92] Следниот ден Контадор ја поминал целта во Мадрид со водечката црвена маичка на трката, заработувајќи ја втората победа на Вуелта во неговата кариера.[93]

Контадор настапил на Светските првенства во друмски велосипедизам одржани во Валкенбург во дисциплините друмска трка и хронометар. Го зазел деветтото место во индивидуалниот хронометар, каде бил престигнат од крајниот победник Тони Мартин, кој започнал две минути зад него.[94] На друмската трка, Контадор возел како поддршка на неговите шпански сонародници[95] и завршил 53 секунди зад победникот, Белгиецот Филип Жилбер.[96] Неколку дена подоцна, Контадор заминал за Италија каде учествувал на возобновената трка, класикот Милано-Торино. Ја однел победата со забрзување на последното искачување на трката пред самата ознака за последен километар, каде отпаднале останатите возачи. За првпат во неговата кариера освоил еднодневна трка и ја посветил победата во чест на Виктор Кабедо, млад професионален велосипедист, кој починал во несреќа една недела претходно за време на тренинг.[97]

Сезона 2013

Во 2013, единствена победа на Контадор била етапата на Тур де Сан Луис во јануари. Оттогаш, неговата сезона не течела според планираното: иако завршил трет на Тирено-Адријатико бил болен во текот на трката. Ова ги попречило неговите подготовки за остатокот од сезоната. Контадор се вратил на Трката околу Баскија во април, но тоа било предоцна за оптимална состојба за Тур де Франс, каде не можел да се справи со Крис Фрум и завршил на четвртото место.[98]

По Тур, главниот спонзор Олег Тинков изразил критични коментари за стилот на возење на Контадор. На крајот на сезоната, Тинков ја купил екипата, но Контадор останал лојален на екипата.[99]

Сезона 2014

Контадор забележал повеќе успеси во првата половина на сезоната 2014, завршувајќи втор на Волта ао Алгарве (каде ја освоил четвртата етапа), освојувајќи го Тирено-Адријатико (каде ги освоил етапите 4 и 5), завршувајќи втор на Волта а Каталуња и освојувајќи ја Трката околу Баскија (каде ја освоил првата етапа и ја носел жолтата маичка цело време).[100]

На десеттата етапа на Тур де Франс, Контадор паднал на спустот од Кол ду Плацервазел,[101] кршејќи ја неговата тибија. Откако возел уште 20 километри, на крајот ја напуштил трката.[102] Потоа, одлучил да вози на Вуелта а Еспања. По девет етапи возење, Контадор бил ма три секунди зад предводникот на генералниот пласман Наиро Кинатан. Кинтана рекол дека Контадор е „негов соперник број 1“.[103] Контадор го преземал водството во генералниот пласман на следната етапа, индивидуален хронометар. Ја освоил кралската етапа на трката, шеснаесеттата етапа, додавајќи им дополнително време на неговите најблиски конкуренти.[104] Контадор изгубил време во однос на Фрум на осумнаесеттата етапа и поради тоа Британецот се нашол на само една минута и 19 секунда зад него во генералниот пласман на три етапи пред крајот.[105] На последната планинска етапа, се одвоил од Фрум на 500 метри пред целта, освојувајќи уште една етапна победа.[106] Еден ден подоцна, по краткиот хронометар, Контадор бил крунисан за победник на третата Вуелта во неговата кариера.[107]

Во текот на Вуелта, Контадор најавил дека нема да настапи на Светските првенства во Понферада, велејќи дека патеката воопшто не соодветствува на неговите вештини.[108]

Обвинувања за допинг

Операција Пуерто

Откако биле објавени конечните списоци за Тур де Франс 2006, на Контадор и на пет други членови на екипата Астана-Вирт им било забрането да настапат на трката поради објавени врски со допинг случајот Операција Пуерто. Контадор и четири други членови на неговата тогашна екипа, ONCE, на крајот биле ослободени од сите обвиненија на 26 јули 2006 од шпанските судови и подоцна двајца од петорицата (вклучувајќи го и Контадор) биле прогласени за чисти и од UCI.[24] Секој добил писмен документ потпишан од Мануел Санчез Мартин, секретар на шпанскиот суд, во кој се велело дека „не постојат било каков вид обвиненија против нив, ниту пак е поведена било каква правна постапка против нив“.[109]

Во мај 2006 бил објавен документ поврзан со истрагата (Documento 31). Во него, иницијалите на Контадор (A.C.) биле поврзани со рачно напишана белешка, „Nada o igual a J.J.“ (шпански: „Ништо или како Ј.Ј.“). Ј.Ј. биле иницијали за Јерг Јакше, кој подоцна признал дека е виновен за допинг, подготвен од шпанскиот доктор Еуфеманио Фуентес во 2005.[110][111] Контадор бил испрашан во декември 2006 од назначениот судија за случајот Пуерто. Возачот кај судијата Антонио Серано изјавил дека не се знаел лично со Еуфеманио Фуентес.[112] Според францускиот дневен весник Le Monde, тој одбил да биде подложен на ДНК-тестирање, кои би докажало дали земал или не земал од крвта пронајдена во текот на истрагата.[113]

На 28 јули 2007, Le Monde, цитирајќи документ од истрагата до кој имале пристап, изјавиле дека името на Контадор се појавувало во неколку документи пронајдени во текот на Операцијата Пуерто.[114] Второто упатување вклучувало иницијали на имиња на возачи кои се појавувале во документ за тренинг, иако никој од овие два документи не можел да биде поврзан со допинг.[115]

На 30 јули 2007, германскиот експерт за допинг Вернер Франке го обвинил Контадор дека земал лекови во минатото и дека бил подложен на допинг режимот на Фуентес, кој бил поврзан со Операцијата Пуерто.[116][117] Ги поднел неговите обвинувања на германските власти на 31 јули 2007.[118] Контадор ги одбил обвинувањата, велејќи „Јас бев во погрешна екипа во погрешно време и некако моето име се нашло помеѓу тие документи“.[118] На 10 август, Контадор јавно објавил дека е чист возач во врска со обвинувањата и неговото поврзување со Операцијата Пуерто.[119]

Искачување Вербје 2009

Во текот на Тур де Франс 2009, поранешниот првак на Тур Грег Лемонд напишал колумна за Le Monde во која истакнал дека времето на Контадор на Вербје било најбрзото искачување во историјата на Трката, за што тврдел дека требало поголемо количество на кислород од вообичаеното и дека тоа потребно количество „никогаш не било постигнато од некој спортист во било кој друг спорт“ и побарал од Контадор да докаже дека бил способен за такви аеробни вештини „без употреба на било какви производи за подобрување на резултатот“.[120] Подоцна во текот на денот, на конференција за печат Контадор одбил да одговори на прашања поврзани со статијата.[121] Други експерти, пак, не се согласувале со пресметките во статијата на Лемонд, кои биле направени од францускиот лекар и професор Антоан Вајер, кој бил тренер на велосипедската екипа Фестина до аферата во 1998.[122] Двајца лекари тврделе дека Вајер ги преувеличил бројките за потребното ниво на кислород и дека потребното ниво на Контадор, иако е „доста високо“, „не е толку високо да би можело да се постигне само преку допинг“.[123][124] Третиот, кој забележал дека Вајер е водечки експерт во полето и дека „повеќе од било кој друг знае за самите искачувања“, повторно ги довел во сомнеж тврдењата на Вајер.[125]

Тур де Франс 2010

Во септември 2010, Контадор објавил дека примерокот со урина даден на 21 јули, денот за одмор на Тур де Франс 2010, содржел траги од кленбутерол. Тој изјавил, поради големиот број на тестови кои ги поминал и поради малата количина на супстанцата откриена во примерокот, дека најверојатно дошло до контаминација на храната.[126] Додавајќи тежина на објаснувањето, антидопинг докторот Дон Катлин изјавил дека во додатоците за храна, кленбутерол е еден од почестите. Меѓутоа, кога го прашале дали било можно Контадор да има позитивен тест преку контаминација, Катлин изјавил „без да знам колку е нивото на супстанцата во примерокот, не би можел ништо да кажам“.[127] Контадор изјавил дека е жртва[128][129] и дека може „да ја држи главата високо“, како и дека не треба да биде казнет.[130] Неколку луѓе поврзани со спортот го бранеле Контадор велејќи дека е мала корисноста од дрогата во количините кои биле откриени и дека никој намерно не би користел супстанца, која толку лесно се открива.[131][132][133]

Сепак, имало одреден скептицизам во тврдењето на Контадор дека виновно е контаминираното месо. Во 2008 и 2009, само еден животински примерок бил позитивен на кленбутерол од 83.203 животински примероци тестирани во земјите членки на ЕУ. Во над 19.431 животински тест во Шпанија во истиот период, немало ниеден позитивен тест на кленбутерол.[134] Примерокот на урина на Контадор, земена на денот пред позитивниот примерок, било соопштено дека содржи пластични остатоци кои укажуваа на можен допинг на крвта,[135] но тестот не бил признаен од Светската антидопинг агенција, па затоа не биле покренати обвиненија. Кружела теорија дека допингот на крвта можел да ги намали трагите, доколку кленбутерол бил внесен преку веќе контаминирана крв, наместо голтање или вбризгување.[136]

UCI издала соопштение во кое се вели дека концентрацијата била 50 пикограми по милилитар и дека тоа било 400 пати помалку од минималните стандарди за откривање барани од Светската антидопинг агенција (WADA) и дека била побарана понатамошна научна анализа. Контадор бил првично суспендиран од натпреварување, иако ова немало краткорочен ефект, бидејќи тој веќе го завршил тркањето за сезоната 2010.[137][138][139] Контадор бил информиран за резултатите еден месец претходно, на 24 август.[140] Подоцна количината откриена во примерокот било објавено дека била 40 пати подолу од минималните стандарди, наместо првично објавените 400 пати од UCI. Научниот советник на Контадор тврдел дека била потребна 180 пати поголема количина од откриената за некаква корист во неговите резултати.[141]

На крајот на јануари 2011, Шпанската велосипедистичка федерација (RFEC) предложила едногодишна суспензија, но потоа била прифатена жалбата на Контадор и бил ослободен од сите обвинувања. Контадор се вратил на тркање во февруари на трката Волта ао Алгарве, каде победил во 2009 и 2010. UCI и Светската антидопинг агенција ја обжалиле одлуката на RFEC до Арбитражниот суд за спорт во март 2011, но Контадор останал слободен да настапува на трките додека CAS не закаже сослушување.[142] Сослушувањето на CAS било првично закажана за јуни, но по барање на правниот тим на Контадор, било преместено за август, една недела по Тур де Франс 2011,[81] и подоцна повторно одложено до ноември 2011,[143] додека одлуката била донесена во 2012. Одлуката на 6 февруари 2012 била дека Контадор ја губи титулата на Тур де Франс 2010 и сите резултати по таа трка, вклучувајќи ја победата на Џиро д’Италија 2011 и петтото место на Тур де Франс 2011, биле поништени и бил суспендиран до август 2012.[4] Следниот ден, на конференција за печатот, неговиот договор со екипата Тим Саксо Банк бил раскинат.[2]

Достигнувања

2003
1. Етапа 8 (ITT) Трка околу Полска
2004
1. Планински пласман Вуелта а Арагон
2005
1. Етапа 5 Тур Даун Андер
1. Краен пласман Сетмана Каталана
1. Комбиниран пласман
1. Етапа 3
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 5b (ITT)
4. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 4
2006
1. Етапа 8 Тур де Свис
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 3
2007
1. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
1. Комбиниран пласман
1. Пласман најдобар шпански возач
1. Етапа 4
1. Краен пласман Париз-Ница
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 4
1. Етапа 7
1. Етапа 4 Волта а ла Комунитат Валенсијана
1. Краен пласман Тур де Франс
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 14
2008
1. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
1. Комбиниран пласман
1. Пласман најдобар шпански возач
1. Етапа 1 (ITT)
1. Етапа 4
1. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 1
1. Етапа 6 (ITT)
1. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Комбиниран пласман
1. Етапа 13
1. Етапа 14
4. Олимписки индивидуален хронометар
2009
1. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 4 (ITT)
1. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 3
1. Етапа 6 (ITT)
1. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 4 (TTT)
1. Етапа 15
1. Етапа 18 (ITT)
3. Краен пласман Дофине Либере
4. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 1 (ITT)
1. Етапа 6
1. Национално хронометарско првенство
2010
1. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 3
1. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 4
1. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
1. Комбиниран пласман
1. Пласман најдобар шпански возач
1. Етапа 4 (ITT)
2. Краен пласман Критериум ду Дофине
Бодовен пласман
1. Пролог (ITT)
1. Етапа 6
3. Флеш Валон
Поништени резултати од јули 2010 до февруари 2012.[4]
Тур де Франс
Краен пласман
2011 – Саксо Банк-СанГард
Вуелта а Мурсија
1. Краен пласман
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3 (ITT)
Волта а Каталуња
1. Краен пласман
1. Етапа 3
Вуелта а Кастилја и Леон
1. Етапа 4 (ITT)
Џиро д’Италија
Краен пласман
Бодовен пласман
1. Етапа 9
1. Етапа 16 (ITT)
Тур де Франс
5. Краен пласман
2012 – Тим Саксо Банк
Тур де Сан Луис
2. Краен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 5
2012
1. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 17
1. Милано-Торино
4. Краен пласман Енеко Тур
2013
2. Краен пласман Трка околу Оман
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Бодовен пласман
3. Класика Примавера
4. Краен пласман Тур де Франс
4. Краен пласман Тур де Сан Луис
1. Етапа 6
5. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Милано-Торино
10. Краен пласман Критериум ду Дофине
2014
1. Генерален пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Генерален пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 1
1. Генерален пласман Вуелта а Еспања
1. Комбиниран пласман
1. Етапа 16
1. Етапа 20
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 4
2. Генерален пласман Волта а Каталуња
2. Генерален пласман Критериум ду Дофине

Распоред на резултатите на Гранд Тур

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Џиро д’Италија 1 ДСК
Тур де Франс 30 1 1 ДСК ДСК 4 СО
Вуелта а Еспања 1 1 1

Поништени резултати = прецртани; СО = се откажал

Други етапни трки

Трка 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Париз-Ница 26 15 24 1 4 1
Тирено-Адријатико 3 1
Волта а Каталуња  1  2
Трка околу Баскија 3 5 14 1 1 5 1
Тур де Романди 4 2
Критериум ду Дофине СО 6 3 2 10 2
Тур де Свис 22

Наводи

1. 1,0 1,1 „Алберто Контадор“. Тинкоф-Саксо. Riis Cycling. Посетено на 5 јануари 2014.
2. 2,0 2,1 „Рис продолжува да го поддржува Контадор и покрај суспензијата“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 февруари 2012. Посетено на 7 февруари 2012.
3. Стоукс, Шејн (5 август 2012). „Контадор ќе може да се трка откако суспензијата ќе заврши“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 6 август 2012.
4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „CAS го казни Контадор на две години за случајот кленбуторол“. Cycling News. Future Publishing Limited. 6 февруари 2012. Посетено на 6 февруари 2012.
5. Предлошка:Цитирана веб страница
6. Предлошка:Цитирана веб страница
7. 7,0 7,1 Предлошка:Цитирана веб страница
8. 8,0 8,1 Предлошка:Цитирана веб страница
9. Предлошка:Цитирана веб страница
10. Предлошка:Цитирана веб страница
11. „Експерт вели дека има доказ за допинг на победникот на Тур“. MSNBC. Associated Press. 31 јули 2007. Посетено на 19 мај 2009.
12. Макур, Џулиет (29 септември 2010). „Со позитивен тест, Контадор може да ја изгуби неговата титула“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 30 септември 2010. Посетено на 29 септември 2010.
13. Предлошка:Цитирана веб страница
14. Галагер, Брендан (15 февруари 2011). „Alberto Contador has one-year ban for positive clenbuterol test overturned by Spanish National Cycling Federation“. The Daily Telegraph. Лондон. Архивирано од изворникот на 11 март 2011. Посетено на 15 февруари 2011.
15. 15,0 15,1 „Контадор се враќа во Саксо Банк“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 јуни 2012. Посетено на 8 јуни 2012.
16. 16,0 16,1 „Контадор се враќа во Тим Саксо Банк“. Тим Саксо Банк. Riis Cycling. 8 јуни 2012. Посетено на 8 јуни 2012.
17. 17,0 17,1 17,2 Предлошка:Цитирана веб страница
18. Предлошка:Цитирана веб страница
19. 19,0 19,1 Предлошка:Цитирана веб страница
20. Предлошка:Цитирана веб страница
21. Предлошка:Цитирана веб страница
22. Предлошка:Цитирана веб страница
23. Speck, Ivan (29 јули 2007). „Courageous Contador can lift the cloud“. Daily Mail. UK. Посетено на 24 мај 2009.
24. 24,0 24,1 Предлошка:Цитирана веб страница
25. Предлошка:Цитирана веб страница
26. Предлошка:Цитирана веб страница
27. Предлошка:Цитирана веб страница
28. Предлошка:Цитирана веб страница
29. Предлошка:Цитирана веб страница
30. Предлошка:Цитирана веб страница
31. Предлошка:Цитирана веб страница
32. Предлошка:Цитирана веб страница
33. Предлошка:Цитирана веб страница
34. Предлошка:Цитирана веб страница
35. Предлошка:Цитирана веб страница
36. 36,0 36,1 Предлошка:Цитирана веб страница
37. Предлошка:Цитирана веб страница
38. Предлошка:Цитирана веб страница
39. Предлошка:Цитирана веб страница
40. Предлошка:Цитирана веб страница
41. Предлошка:Цитирана веб страница
42. Предлошка:Цитирана веб страница
43. Предлошка:Цитирана веб страница
44. Предлошка:Цитирана веб страница
45. Предлошка:Цитирана веб страница
46. Предлошка:Цитирана веб страница
47. Предлошка:Цитирана веб страница
48. Предлошка:Цитирана веб страница
49. Предлошка:Цитирана веб страница
50. „Contador opts to miss 2009 Giro“. news.bbc.co.uk. 28 октомври 2008. Архивирано од изворникот на 17 декември 2008. Посетено на 27 ноември 2008.
51. Предлошка:Цитирана веб страница
52. Предлошка:Цитирана веб страница
53. Предлошка:Цитирана веб страница
54. Предлошка:Цитирана веб страница
55. Предлошка:Цитирана веб страница
56. „Контадор се приближил поблиску до победа на Тур“. BBC Sport. 22 јули 2009. Архивирано од изворникот на 23 јули 2009. Посетено на 23 јули 2009.
57. Macur, Juliet (23 јули 2009). „Contador Still in the Lead With Time Trial Victory“. New York Times. Посетено на 23 јули 2009.
58. „Контадор ја запечатил победата на Тур 2009“. BBC Sport. 26 јули 2009. Архивирано од изворникот на 27 јули 2009. Посетено на 27 јули 2009.
59. Предлошка:Цитирана веб страница
60. Предлошка:Цитирана веб страница
61. 61,0 61,1 „Contador, Armstrong trade barbs after Tour“. Associated Press. 15 септември 2009. Посетено на 29 јули 2009.
62. Reuters (31 јули 2009). „Контадор ја одбил понудата на Астана, вели агентот“. Посетено на 1 август 2009.
63. Предлошка:Цитирана веб страница
64. Предлошка:Цитирана веб страница
65. Предлошка:Цитирана веб страница
66. Предлошка:Цитирана веб страница
67. Предлошка:Цитирана веб страница
68. „Контадор го освоил вториот Париз-Ница“. BBC Sport. 14 март 2010. Архивирано од изворникот на 15 март 2010. Посетено на 14 март 2010.
69. Гленденинг, Бери (19 јули 2010). „Тур де Франс 2010: Етапа 15 - живо!“. The Guardian. UK. Архивирано од изворникот на 22 јули 2010. Посетено на 19 јули 2010.
70. Предлошка:Цитирана веб страница
71. Предлошка:Цитирана веб страница
72. Phil Liggett and Paul Sherwen. (2010) (DVD). Le Tour De France 2010.
73. „Contador seizes Tour de France lead from Schleck“. BBC Sport. 19 јули 2010. Архивирано од изворникот на 22 јули 2010. Посетено на 23 јули 2010.
74. Маки, Роберт (19 јули 2010). „Контадор се извинил на YouTube“. The New York Times.
75. „Алберто Контадор ја запечатил третата победа на Тур де Франс“. BBC Sport. 25 јули 2010. Архивирано од изворникот на 25 јули 2010. Посетено на 25 јули 2010.
76. Предлошка:Цитирана веб страница
77. „Контадор ја освои Волта а Каталуња“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Reuters. 27 март 2011. Посетено на 27 март 2011.
78. „Алберто Контадор победи на Џиро д'Италија“. The Daily Telegraph. Лондон. 29 мај 2011. Посетено на 30 мај 2011.
79. „Алберто Контадор победи на Џиро д'Италија 2011“. BBC Sport. 29 мај 2011. Архивирано од изворникот на 30 мај 2011. Посетено на 30 мај 2011.
80. „Алберто Контадор ќе вози на Тур“. 12 јуни 2011. Посетено на 22 јули 2011.
81. 81,0 81,1 „Hushovd unhappy with delays in Contador doping hearing“. velonation. 3 јуни 2011.
82. „Алберто Контадор оптимист за Алпите“. The Times of India. 16 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2012-07-19. Посетено на 24 декември 2011.
83. „Calm before the storm“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. 21 јуни 2011. Архивирано од изворникот на 30 јуни 2011. Посетено на 2 јули 2011.
84. „The Tour's highest-ever finish“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. 19 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 30 јуни 2011. Посетено на 22 јули 2011.
85. „Tour set for thrilling climax as Schleck strips Voeckler of yellow jersey after 19th stage“. THE TIMES OF INDIA. Лондон. 22 јули 2011. Архивирано од изворникот на 22 јули 2011. Посетено на 22 јули 2011.
86. Dale Robertson (27 јули 2011). „Hincapie, Ochowicz win in supporting roles“. Houston Chronicle. Посетено на 28 јули 2011.
87. „Резултати на Енеко Тур 2012, етапа 7“. 12 август 2012.
88. „Саксо Банк-Тинкоф Банк го именува Алберто Контадор за водач на екипата за Вуелта а Еспања“. 12 август 2012.
89. Предлошка:Цитирана веб страница
90. Питер Косинс (3 септември 2012). „Епска победа за Каталдо на Суиту Негру“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 6 септември 2012.
91. 91,0 91,1 Предлошка:Цитирана веб страница
92. „Menchov prevails on the Bola del Mundo“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 септември 2012. Посетено на 11 септември 2012.
93. „Алберто Контадор ја освоил Вуелта а Еспања по вторпат“. The Guardian UK. 2012 Guardian News and Media Limited. Associated press. 9 септември 2012. Посетено на 11 септември 2012.
94. „Contador has lacklustre Worlds time trial“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 септември 2012. Посетено на 27 септември 2012.
95. Аласдер Фотерингем (22 септември 2012). „Spain ready to play various cards at world championship“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 27 септември 2012.
96. Даниел Бенсон (23 септември 2012). „http://www.cyclingnews.com/races/uci-road-world-championships-2012/elite-men-road-race/results“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 27 септември 2012. Надворешна врска во |title= (help)
97. „Контадор победил на возобновената Милано-Торино“. SportsNet. 2001-2012 Rogers Communications. Associated Press. 26 септември. Посетено на 27 септември. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
98. „Alberto Contador wraps up camp, sets big goals for 2014“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 30 ноември 2013. Посетено на 12 април 2014.
99. „Contador rules out breaking Saxo Tinkoff contract before end of agreed term“. VeloNation. VeloNation LLC. 1 декември 2013. Посетено на 12 април 2014.
100. Фаранд, Стивен (12 април 2014). „Контадор ја обезбеди победата на Трката околу Баскија пред Квјатковски“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 12 април 2014.
101. Кери, Том (14 јули 2014). „Алберто Контадор падна, а Винченцо Нибали ја освои десеттата етапа и жолтата маичка“. The Daily Telegraph. Посетено на 15 јули 2014.
102. „Тур де Франс 2014: Алберто Контадот се повлече на десеттата етапа“. BBC Sport. 14 јули 2014. Посетено на 15 јули 2014.
103. Бери Рајан (31 август 2014). „Кинтана: Контадор е број еден соперник за Вуелта а Еспања“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 31 август 2014.
104. Ендру Худ (8 септември 2014). „Alberto Contador drives stake into Vuelta a Espana“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 8 септември 2014.
105. Максвел Нејџел (11 септември 2014). „Резултати: Вуелта а Еспања 2014 - етапа 18“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 11 септември 2014.
106. Питер Косинс (13 септември 2014). „Вуелта а Еспања: Контадор победи на Анкарес“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 13 септември 2014.
107. „Контадор ја запечати победата на Вуелта а Еспања 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. 14 септември 2014. Посетено на 14 септември 2014.
108. Ендру Худ (11 септември 2014). „Контадор ја брани одлуката да ги прескокне светските во Шпанија“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 11 септември 2014.
109. Ендру Худ (26 јули 2006). „Петорката од Астана ослободена од шпанските судови“. VeloNews.
110. Drap, Rob (8 јули 2007). „Now the man they hoped would save the Tour faces a new inquiry into doping allegations“. Daily Mail. UK. Посетено на 30 мај 2008.
111. Предлошка:Цитирана веб страница
112. Предлошка:Цитирана веб страница
113. Предлошка:Цитирана веб страница
114. Предлошка:Цитирана веб страница
115. Предлошка:Цитирана веб страница
116. Agence France Presse (31 јули 2007). „Германски експерт го вперува прстот во Контадор“. Sydney Morning Herald. Архивирано од изворникот на 17 август 2007. Посетено на 31 јули 2007.
117. Предлошка:Цитирана веб страница
118. 118,0 118,1 „Expert claims Contador doped“. iol.co.za. 1 август 2007. Архивирано од изворникот на 17 август 2007. Посетено на 1 август 2007.
119. Предлошка:Цитирана веб страница
120. Предлошка:Цитирана веб страница
121. Предлошка:Цитирана веб страница
122. Предлошка:Цитирана веб страница
123. Предлошка:Цитирана веб страница
124. Предлошка:Цитирана веб страница
125. „The Science of Sport: Tour de France 2009: Contador VO2max“. Sportsscientists.com. 24 јули 2009. Посетено на 23 февруари 2012.
126. „Video – Breaking News Videos from“. CNN. Посетено на 30 септември 2010.
127. Предлошка:Цитирана веб страница
128. „BBC Sport – Cycling – Angry cyclist Alberto Contador pleads innocence“. BBC News. 30 септември 2010. Архивирано од изворникот на 1 октомври 2010. Посетено на 30 септември 2010.
129. „Tour de France winner rejects positive doping test – This Just In – CNN.com Blogs“. News.blogs.cnn.com. Посетено на 30 септември 2010.
130. Предлошка:Цитирана веб страница
131. Предлошка:Цитирана веб страница
132. „Video – Breaking News Videos from“. CNN. Архивирано од изворникот на 30 септември 2010. Посетено на 30 септември 2010.
133. „Cyclist Alberto Contador blames food contamination for failed steroid test – amFIX – CNN.com Blogs“. Amfix.blogs.cnn.com. Посетено на 30 септември 2010.
134. „Alberto Contador submits final defence to overturn proposed doping ban“. The Guardian. UK. 8 февруари 2011. Посетено на 24 јули 2011.
135. Macur, Juliet (4 октомври 2010). „2nd Failed Test Puts Heat on Contador“. New York Times. Посетено на 19 февруари 2011.
136. „Experts mixed on Alberto Contador's tainted beef defense for positive Clenbuterol test during Tour“. Daily News. New York. 1 октомври 2010. Посетено на 24 јули 2011.
137. Предлошка:Цитирана веб страница
138. Предлошка:Цитирана веб страница
139. Предлошка:Цитирана веб страница
140. „BBC News – Tour de France winner Alberto Contador tests positive“. BBC. 30 септември 2010. Архивирано од изворникот на 30 септември 2010. Посетено на 30 септември 2010.
141. Weislo, Laura (30 септември 2010). „Contador's scientific expert De Boer details defense“. Cyclingnews.
142. „UCI appeals Contador decision to Court of Arbitration for Sport“. Cyclingnews. 24 март 2011.
143. „Alberto Contador's doping case delayed until November“. The Guardian. London. 26 јули 2011. Посетено на 27 јули 2011.

Надворешни врски

Спортски позиции
Претходник
Луис Леон Санчез
Шпански национален хронометарски првак
2009
Наследник
Луис Леон Санчез

Предлошка:Возачи во Тим Саксо Банк

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Алберто Контадор“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).

Предлошка:Лични податоци