Промени

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 125 бајти, пред 5 години
с
Пократкото животно време од 10<sup>-23</sup> секунди било очекувано бидејќи ламбда како барион учествува во силни интеракции, а тоа обично доведува до многу мало животно време. Долгиот животен век на ламбда честичката помогнал во развивањето на нов закон за зачувување на енергијата наречен „зачувување на чудното“ ("conservation of strangeness"). Присуството на чуден кварк во една честица е обележано со [[квантен број]] S=-1. Распаѓањето на честицата под дејство на силни или [[Електромагнетизам|електромагнетни]] интеракции го зачувуваат квантниот број на strangeness. Процесот на распаѓање на ламбда мора да го наруши тоа правило, бидејќи не постои полесна честица која содржи чуден кварк - така што s-кваркот мора да биде трансформиран во друг кварк во процесот. Тоа може да се постигне само под дејство на слабите интеракции, што доведува до многу поголемо животно време. Процесот на распаѓање покажува дека strangeness не е конзервиран (зачуван):
 
:::::<math>\mbox{\lambda}^0 \to \mbox{p} + \mbox{\pi}^-</math>:::::<math>\mbox{\lambda}^0 \to \mbox{n} + \mbox{\pi}^0</math>
 
[[Омега минус|ω-минус]], барион составен од три чуден кварка, е класчен пример од потребата за својството наречено "боја" при опишувањето на честиците. Бидејќи кварковите се [[фермион]]и со спин од 1/2, тие мора да се покоруваат на [[Паулиев принцип|Паулиевиот принцип на исклучување]] и неможат да постојат во идентични состојби. Значи, во честица со три чудни кварка, својството по кое тие се разликуваат мора да биде способно да има барем три различни вредности.

Прегледник