Динчо Вретенаров: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 6: Ред 6:
| наставка =
| наставка =
| роден-дата = ?
| роден-дата = ?
| роден-место = [[Спатјово]], {{роден во|Долна Џумаја}}, [[Македонија]]
| роден-место = [[Спатово]], {{роден во|Долна Џумаја}}, [[Македонија]]
| починал-дата = {{починал на|15|септември|1924}}
| починал-дата = {{починал на|15|септември|1924}}
| починал-место = {{починал во|Генерал Тодоров (Петричко)}}, [[Бугарија]]
| починал-место = {{починал во|Генерал Тодоров (Петричко)}}, [[Бугарија]]

Преработка од 18:26, 21 јуни 2014

Динчо Вретенаров
Роден ?
Спатово, Долна Џумаја, Македонија
Починал 15 септември 1924
Генерал Тодоров (Петричко), Бугарија

Динчо Вретенаров, со псевдоним Кескинов, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, тој еден од физичките убици на Тодор Александров.

Биографија

Динчо Вретенаров е роден во Спатово, тогаш во Османлиската империја, денес Кимиси, Грција. По 1919 година учествува во основањето на ВМРО во Петричко. На 27 август 1921 година заедно со Штерију Влахов го убиваат петричкиот окружен управник Борис Козлев, по што стануваат нелегални. Станува околиски војвода во Мелничко. На крајот на август 1924 година Штерју Влахов и Динчо Вретенаров го извршуваат убиството на Тодор Александров во Пирин. Основната претпоствка е дека двајцата ја извршиле наредбата на Алеко Василев и Георги Атанасов, а според други убиството е спонтан израз на стравувањата на Штеријо Влахов да се елиминираат без пресуда [1].

По убиството, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се кријат во колиба во Препечен се до почетокот на Горноџумајските настани. Во тоа време четата на Влахов, на чело со секретарот Атанас Џолев се наоѓа во Горна Џумаја. На 15 сепетмври, Влахов и Вретенаров биле опколени од четата на Милан Постоларски, дошло до воружена претрелка по што куќата во кој се криеле била запалена, за да не паднат живи се самоубиле, Штерју се самоубил со истрел во устата, а Вретенаров се разнел со бомба. Нивните тела не биле закопани туку фрлени во реката Струма [2].

Наводи

  1. Гаджев, Иван. „Иван Михайлов - отвъд легендите“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Св. Климен Охридски“, стр. 396-397
  2. ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Автори Виолета Ачковска и Никола Жежов,Скопје,2004 год