Љубка Рондова: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
с додадена Категорија:Бугарски уметници од Македонија со помош на HotCat |
||
Ред 33: | Ред 33: | ||
[[Категорија:Бугарски пејачи]] |
[[Категорија:Бугарски пејачи]] |
||
[[Категорија:Егејци]] |
[[Категорија:Егејци]] |
||
[[Категорија:Бугарски уметници од Македонија]] |
Преработка од 21:22, 12 мај 2014
Љубка Рондова | ||
Родена | 24 август 1936 Шестево (Егејска Македонија), Грција |
---|
Љубка Рондова (бугарски: Любка Рондова) е пејачка на народни песни од Бугарија.
Родена е во Kостурското село Шестево, Грција, во 1936 година. Во 1948 година, за време на грчката граѓанска војна, влегува во групата на таканаречените деца-бегалци, со кои е изнесена од комунистичките партизани надвор од земјата. Живее во Полска и Чешка. Завршува словенска филологија на Карловиот универзитет во Прага. Зборува неколку странски јазици. Во 1960 година семејството на Љубка се прселува во Бугарија и таа работи како туристички водич, преведувач, редактор и служител во оддели за култура во различни организации.
Нејзиниот сериозен пат на народна пејачка започнува по преселувањето во Софија, кога се зачленува во најстариот ансамбл во Бугарија за народни песни и танци „Гоце Делчев“. Во него останува 30 години, каде долго време е солистка и лицето на ансамблот. Нејзиниот репертоар е изграден врз основа на песни, наследени од мајка и и баба и а ги усовршува и своите изведувачки способности.
Во 1980 година, ги прави првите записи во Бугарското радио, а потоа и во Балкантон, Бугарската телевизија, Радио Благоевград. Тие се тиражирани на голем број грамофонски плочи, аудио и видео албуми.
Во 2000 година, е издаден нејзиниот прв албум на компакт диск „Смилјана“. Во него се вклучени 22 најпопуларни и омилени песни од целото нејзино 40-годишно музичко наследство. Во 2003 година, излегува и нејзиниот втор компакт диск „Песните се моите деца“, во кои се вклучени 15 потполно нови исполнувања.[1] Од нив 9 стари автентични песни од нејзиното родно Костурско и 6 авторски.
И до денешен ден Љубка Рондова продолжува да открива и запишува автентични народни песни.
За нејзиниот придонес во развојот и популаризирањето на бугарската култура, на 22 мај 2002 година Љубка Рондова е удостоена со орден „Стара планина“.[2] Таа е носител на орден „Кирил и Методиј“ II степен и златен медал „Петко Војвода“.
Надворешни врски
- Интервју со Љубка Рондова во „Операција Слава“ дел 1
- Интервју со Љубка Рондова во „Операција Слава“ дел 2