Александар Василевич Александров: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 28: | Ред 28: | ||
{{рв|Alexander Vasilyevich Alexandrov}} |
{{рв|Alexander Vasilyevich Alexandrov}} |
||
{{наводи|2}} |
{{наводи|2}} |
||
{{нормативна контрола|VIAF=34642391}} |
|||
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Александров, Александар Василевич}} |
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Александров, Александар Василевич}} |
Преработка од 23:07, 12 април 2014
Александар Василевич Александров (рус. Александр Васильевич Александров; 13 април 1883 — 8 јули 1946) — руски и советски композитор, основач на ансамблот „Александров“ и автор на химната на СССР, а од 2001 г. и химна на Русија (со друг текст). Бил доктор на науки по уметност и предавал како редовен професор на Московскиот конзерваториум. Прогласен е за Народен уметник на СССР и лауреат на Сталиновата награда.[1]
Историја
Александров е роден на 13 април во с. Плахино, југоисточно од Москва. Како дете пеел толку добро што отишол во Санкт Петербург и станал хорист во Казанската катедрала. Учел компонирање кај Николај Метнер во Санкт Петербург и во Москва, каде во 1918 станал професор по музика.
Александров го основал ансамблот „Александров“ и долги години бил негов раководител, и во тоа својство на Јосиф Сталин. Хорот доживеал успех на Светскиот саем во 1937 во Париз, а во 1942 Сталин побарал од Александров и текстописецот Сергеј Михалков да создадат нова химна на СССР, која потоа била официјално усвоена на 1 јануари 1944 г. Оваа химна била во употреба сè до распадот на СССР во 1991 г. Во декември 2000 г. било одлучено истата да стане и химна на Русија, но со поинаков текст.
Александров ја искомпонирал музиката за славниот марш „Света војна“.
Починал на 8 јули 1946 на турнеја во Берлин, или (според други извори) на враќање кон Русија.[2]
Награди
- Ленинова награда
- Сталинова награда, I степен (1942), за „Химна на болшевичката партија“ и црвеноармиската песна
- Сталинова награда, I степен (1946), за концертна и изведувачка дејност
- Народен уметник на СССР (1937)[3][4][5]
Поврзано
Надворешни врски
Наводи
„Александар Василевич Александров“ на Ризницата ? |
- ↑ Ансамбл „Александров“: Биографија на А.В. Александров (руски)
- ↑ Точното место кадешто починал Александров до денес е спорно и контроверзно.
- ↑ Театральная энциклопедия. Гл. ред. С. С. Мокульский Том 1. М.: Советская энциклопедия, 1961 год
- ↑ Музыкальная энциклопедия. Гл. ред. Ю. В. Келдыш. Том 1. М.: Советская энциклопедия, 1973 год
- ↑ Александар Василевич Александров на hrono.ru (руски)
|