Лазар Личеноски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 30: Ред 30:
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Личеноски, Лазар}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Личеноски, Лазар}}
[[Категорија:Македонски сликари]]
[[Категорија:Македонски сликари]]
[[Категорија:Експресионистички сликари]]
[[Категорија:Галичани]]
[[Категорија:Галичани]]

Преработка од 03:24, 26 март 2014

Авопортрет од 1947 г.

Лазар Личеноски (Галичник, 26 март 1901 - Скопје, 10 април 1964) — македонски експресионистички сликар и еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж, во кои внесувал и фолклорни елементи. Сликал и мртва природа, портрети и мозаици.[1][2]

Образование

Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 год. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Високата школа за уметности и занаети (École nationale supérieure d'arts et métiers), ги посетувал ателјето на Андре Лот и академијата „Гран Шомје“ (Académie de la Grande Chaumière) од 1927 до 1929 г.

Кариера

Живеел во Белград, а потоа во Скопје. Бил член на предвоената белградска група „Облик“.

Самостојно изложувал пред и по војната (за прв пат во 1927) во Скопје, Белград, Загреб, а учествувал (од 1927) на групни изложби во Скопје, Париз, Белград, Лондон, Ливерпул, Манчестер, Солун, Прага, Софија, Рим, Букурешт, Братфорд, Канада, Тунис и други места.

Бил професор и директор на училиштето за применета уметност во Скопје, дописен член на САНУ итн. Добитник е на Октомвриската награда за сликарство во 1959 година.

Позначајни дела

Меѓу позначајните дела на Личеноски се вбројуваат: „Бачила“, „Долап“, „Афионски полиња“, „Охридски рибари“ и многу други.

Поврзано

Наводи

  1. Блаже Конески, Димитар Башевски (1990). Ликови и теми. Култура.
  2. Бошковска, Надица (2000). Библиографија на македонската ликовна уметност (2. изд.). НУБ „Климент Охридски“.

Надворешни врски