Џанг Хенг: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 41 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q197206 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Infobox scientist
[[Податотека:Zhang Heng.jpg|thumb|mini|Кинеска поштенска марка со ликот на Џанг Хенг]]
|name = Џанг Хенг<br><small>{{lang|zh|張衡}}</small>
|image = Zhang Heng.jpg
|image_size =
|caption = Поштенска марка со ликот на Џанг Хенг од 1955
|birth_date = 78
|birth_place = [[Нанјанг]], [[Кина]]
|residence = [[Нанјанг]], [[Луојанг]]
|death_date = {{death year and age|139|78}}
|death_place = [[Луојанг]], [[Кина]]
|field = [[астрономија]], [[математика]], [[сеизмологија]], [[хидраулика]], [[географија]], [[етнографија]], [[математичко инженерство]], [[Кински календар|календарско сметање]], [[метафизика]], [[поезија]]
|known_for = [[Сеизмометар]], [[Пи|пресметувањето на Пи]], [[Форма на Универзумот|модел на Универзумот]], теориите за [[Затемнување на Месечината|затемнувањето на Месечината]] и [[Затемнување на Сонцето|Сонцето]]
|religion = [[Даоизам]]
}}


'''Џанг Хенг''' ({{роден|||78}} -{{починал|||139}}) бил кинески [[астроном]].
'''Џанг Хенг''' ({{роден|||78}} -{{починал|||139}}) бил кинески [[астроном]].

Преработка од 01:34, 23 февруари 2014

Џанг Хенг
張衡
Поштенска марка со ликот на Џанг Хенг од 1955
Роден(а)78
Нанјанг, Кина
Починал(а)139 (на 60–61 г.)
Луојанг, Кина
ЖивеалиштеНанјанг, Луојанг
Полињаастрономија, математика, сеизмологија, хидраулика, географија, етнографија, математичко инженерство, календарско сметање, метафизика, поезија
Познат поСеизмометар, пресметувањето на Пи, модел на Универзумот, теориите за затемнувањето на Месечината и Сонцето

Џанг Хенг ( 78 - 139) бил кинески астроном.

И покрај скромната и ненаметлива природа, Џан Хенг станал висок чиновник на дворот на царевите во Источен Хан. Тој бил одличен математичар, царски чиновник, пронаоѓач, картограф, географ, артист и поет. Неговите изуми и списи се маѓу највлијателните во тој период, а неговото значење во областа на астрномијата се споредува со неговиот грчки современик Птоломеј.

Биографија

Џанг бил роден во Нанјанг, Кина каде што татко му бил управител. Од мали нозе покажувал дарба за поезијата и книжевноста. Додека се образувал во престолнината на провинцијата Луојанг, тој стекнал углед како писател и поет. Му биле понудени неколку места на царскиот двор, но тој ги одбил за да ја продолжи книжевната кариера. Најпосле ја прифатил работата на обичен чиновник во Нанјанг. Изгледало дека Џанг како дваесетогодишник бил предодреден за живот на чиновник и поет.

Астроном на царскиот двор

Во 30-та година од животот Џанг се заинтересирал за науката. Тој се посветил на проучување на астрономијата и на математиката и наскоро станал познат по списите во оваа област, како што претходно бил познат по својата поезија. Се прочул гласот за неговото значење, па повторно добил покана да служи на царскиот двор во Луојанг, што овој пат ја прифатил. По неколку години бил унапреден на местото главен астроном - што била многу важна положба. Во тој период Кинезите длабоко верувале во влијанието на ѕвездите врз нивната судбина, но интересирањето на Џанг било повеќе научно; тој внимателно го набљудувал ноќното небо, бележејќи го распоредот на ѕвездите и на планетите. Во својата расправа „Мистични закони“ (Линг Сијан) тој запишал:

Северно и јужно од екваторот се наоѓаат 124 групи што секогаш светат. Од нив, 320 ѕвезди имаат имиња. Има вкупно 2,500 ѕвезди, не сметајќи на оние што ги гледаат морнарите.

Тој исто така дошол до иновациски заклучоци за природата на вселената:

Небото е како кокошкино јајце, тркалезно како лакот на стрлата, а земјата е како жолток во средиштето на јајцето. Небото е големо, а земјата е мала.

За разлика од претходниците, Џанг ја замислил сферичната вселена со Земјата како сфера во нејзиното средиште и сфатил дека планетите се исто така сферични вклучувајќи ја и Месечината, за која контроверзно претпоставил дека не е извор на светлина, туку дека само ја рефлектира Сончевата светлина.

Математика

И работата на Џанг на полето на математиката била иновациска. Тој ги проучувал „магичните квадрати“ на броевите - во кои низи, колони и дијагонали давале ист збир - и се обидел да го пронајде методот за пресметување на вредноста на пи (π), што дотогаш се постигнувало само со практично мерење, а не со теориско пресметување. Во една од математичките тој го дал геометриското решение за овој проблем, употребувајќи кругови нацртани во и околу квадратот. Така добил дека π = (приближно 3,162), и врз основа на тоа ја пресметал зафатнината на сферата.

За жал, неговата работа не била секогаш ценета во царскиот двор. Меѓу министрите во дворот постоеле борби за превласт; Џанг немал интереси од таков вид, но бил вовлечен во нив откако сугерирал промени во календарот врз основа на своите астрономски истражувања. Неговите предлози се судриле со традиционалните астролошки основи на календарот, предизвикувајќи контроверзии што го оддалечиле од какво било натамошно унапредување на дворот.

Подоцнежни достигнувања

Реплика на сеизмометарот на Хенг

Но, тоа не го спречило Џанг во натамошните достигнувања. Прво било армилираната сфера на воден погон што ја усовршил благодарение на деталното проучување на ноќното небо и на одличното познавање на механиката, неопходна да го сврти механизмот во текот на една година. Можеби е најпознат неговиот сеизмометар што ги бележел оддалечените земјотреси и ја утврдувал насоката каде тие се случувале. во 132 година тоја го претставил сеизмометарот на дворот, но дури во 138 година била потврдена неговата прецизност.

Смрт

Џанг починал во наредната година, оставајќи зад себе бројни активности што ја опфаќаат веројатно и најубавата поезија на тој период. Неговите расправи од областа на астрономијата и математиката претставуваат значаен напредок, а се смета и за најважен кинески мислител од тој период. Тој е запаметен по списите и пронајдоцит, а по него се именувани и некои подоцнежни откритија, на пример, Месечевиот кратер Џанг Хенг, астероидот 1802 Џанг Хенг и минералот џангенгит.

Извор

  • Дејвис, Адам Харт, уред. (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8. (библ.)