Струшки вечери на поезијата: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 232: Ред 232:
|[[Мексико]]
|[[Мексико]]
|-
|-
|[[2013]]<ref>{{наведени вести|url=http://www.strugapoetryevenings.com/ko-un-is-the-winner-of-the-golden-wreath-2014/|title=Ко Ун е добитник на „Златниот венец“ за 2014 година|date=21 февруари 2014|publisher=Струшки вечери на поезијата|accessdate=21 февруари 2014}}</ref>
|[[2013]]
|[[Ко Ун]]
|[[Ко Ун]]
|[[Јужна Кореја]]
|[[Јужна Кореја]]

Преработка од 13:30, 21 февруари 2014

Струшки вечери на поезијата
Мрежно местоhttp://www.svp.org.mk/ Уреди на Википодатоците


Мостови, поетско читање во рамките на манифестацијата

Струшките вечери на поезијата — најголемата светска поетска манифестација што се одржува секоја година во Струга, Република Македонија. Манифестацијата е основно одбележје на Струга како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски познати поети. На поетскиот фестивал меѓу другото, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик. Сегашен претседател на организацијата е Славе Ѓорѓо Димоски.

Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Се дојде до идеја дека постојат сите услови да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер, која ќе се одржува во овој град, како смотра на поетските остварувања во Република Македонија во текот на една година.

Ваквата идеја и иницијатива наиде на позитивен одѕив и со задоволство беше прифатена од Друштвото на писателите на Македонија, Советот за култура на тогашна Народна Република Македонија и Народниот одбор на Општината Струга.

На една од своите седници, Народниот одбор на Општината во 1962 година формира прв фестивалски одбор од 7 членови, составен од претставници на Друштвото на писателитe на Македонија, културни и општествено-политички работници од Републиката и од Струга, чијшто претседател бил истакнатиот поет Блаже Конески. Фестивалскиот одбор изготви програма распределена во четири вечери на кои настапија писатели од Македонија.

Од година во година бројот на учесници на Струшките вечери на поезијата се зголемувал. Во 1964, тие прераснаа во општојугословенски фестивал на кој зедоа учество поети од сите републики на поранешна Југославија. А веќе наредната, 1965 година, фестивалот ги премина југословенските граници и поприми карактер на меѓународна поетска манифестација на која настапија еминентни поети од неколку земји: Бугарија, Италија, Полска, Романија, поранешниот Советски Сојуз и поранешна Чехословачка. Бројот на земјите учеснички се зголемуваше. По четири години, во 1968 година, на средбите настапија поети и есеисти од 17 земји.

Во 1966 година Струшките вечери на поезијата прераснаа во институција што постојано ја дообликува својата физиономија, изградувајќи поцврсти критериуми врз кои ја конципира програмата и поканува учесници на приредбите. Советот на Струшките вечери на поезијата со своите посебно стручни комисии: програмска, селекциона, комисија за симпозиум, организационо-техничка, жири комисии за доделување награди и други, програмирано ја одвива својата дејност, настојувајќи што подобро и посодржајно да ја осмисли манифестацијата. Бројот на членови на Советот на Струшките вечери сега се движи околу 25, со претседател и двајца потпретседатели.

Струшките вечери на поезијата доживеаја брз растеж и за кусо време станаа единствена меѓународна манифестација од ваков вид, еден вид на мост меѓу литературните меридијани на светот. Тие претставуваат една значајна трибина од која што секоја година одекнува полифоничноста на поетскиот збор, неговите хумани пораки и моќта да облагородува и зближува.

Струшките вечери секоја година се вистински празник како за градот, така и за сите вљубеници на поезијата. Тие станаа значаен културен настан во светот на литературата, манифестација низ која, како низ отворен прозорец, може да се види и чуе што се случува во поезијата, во таа "земја без граници". Пропагирајќи ја поезијата и нејзините вредности, Струшките вечери имаат непроценливо значајна мисија во овој миг, во овој свет што ни се приближува, што го приближуваме.

Името на Струшките вечери на поезијата е внесено во сите поетски карти на светот. Струга е во сите оние што ја посетиле и виделе. Таа е на патот да биде и во оние што допрва ќе ја видат. "Ако постои некаде библиски небесен рај, со идеална убавина, тогаш едно негово овоземно катче е овој град" - запиша еден од многубројните странски учесници, заминувајќи од Струга.

Досегашни лауреати

Година Лауреат Земја
1966 Роберт Рождественски СССР
1967 Булат Окуџава СССР
1968 Ласло Наѓ Унгарија
1969 Мак Диздар БиХ, Југославија
1970 Миодраг Павловиќ Србија, Југославија
1971 Вистан Хју Одн САД
1972 Пабло Неруда Чиле
1973 Еуџенио Монтале Италија
1974 Фазил Хисни Дагларџа Турција
1975 Леополд Седар Сенгор Сенегал
1976 Ежен Гилвик Франција
1977 Артур Лундквист Шведска
1978 Рафаел Алберти Шпанија
1979 Мирослав Крлежа Хрватска, Југославија
1980 Ханс Магнус Енценсбергер Германија
1981 Блаже Конески Македонија, Југославија
1982 Никита Станеску Романија
1983 Сачидананд Хирананд Ватсјајн-Ајгеј Индија
1984 Андреј Вознесенски СССР
1985 Јанис Рицос Грција
1986 Ален Гинсберг САД
1987 Тадеуш Ружевич Полска
1988 Десанка Максимовиќ Србија, Југославија
1989 Томас Шапкот Австралија
1990 Хусто Хорхе Падрон Шпанија
1991 Јосиф Бродски САД
1992 Ференц Јухас Унгарија
1993 Генади Ајги Чувашија, Русија
1994 Тед Хјуз Велика Британија
1995 Јехуда Амихај Израел
1996 Макото Оока Јапонија
1997[1] Адонис Сирија
1998 Лу Јуан Кина
1999 Ив Бонфоа Франција
2000 Едоардо Сангвинети Италија
2001 Шејмас Хини Ирска
2002 Славко Михалиќ Хрватска
2003 Томас Транстромер Шведска
2004 Васко Граса Моура Португалија
2005 Вилијам С. Мервин САД
2006 Нанси Морехон Куба
2007 Махмуд Дарвиш Палестина
2008 Фатос Арапи Албанија
2009 Томаж Шаламун Словенија
2010 Љубомир Левчев Бугарија
2011 Матеја Матевски Македонија
2012 Монгане Вали Сероте Јужноафриканска Република
2013[2] Хосе Емилио Пачеко Мексико
2013[3] Ко Ун Јужна Кореја

Наводи

  1. Мохамед Бенис. Дарот на Светлината. Предговор од Паскал Гилевски, Струга, 2001
  2. Иванова, Тина (28.02.2013, 12:32). „Мексиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко - добитник на „Златен венец" на СВП“. Утрински Весник. Посетено на 2013-02-28. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Ко Ун е добитник на „Златниот венец" за 2014 година“. Струшки вечери на поезијата. 21 февруари 2014. Посетено на 21 февруари 2014.

Надворешни врски