Анж Жак Габриел: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Bot: Migrating 17 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q352451 (translate me) |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
[[Податотека:Ange Jacques Gabriel door Jean-Baptiste Greuze Louvre.jpg|мини|десно|220п|Портрет на Анж Жак Габриел од сликарот [[Жан Батист Грез]]]] |
[[Податотека:Ange Jacques Gabriel door Jean-Baptiste Greuze Louvre.jpg|мини|десно|220п|Портрет на Анж Жак Габриел од сликарот [[Жан Батист Грез]]]] |
||
'''Анж Жак Габриел''' ([[француски јазик|француски]]: ''Ange-Jacques Gabriel''; [[23 октомври]] [[1698]] — [[4 јануари]] [[1782]]) |
'''Анж Жак Габриел''' ([[француски јазик|француски]]: ''Ange-Jacques Gabriel''; [[23 октомври]] [[1698]] — [[4 јануари]] [[1782]]) — истакнат [[Франција|француски]] [[архитект]], највлијателен во својата генерација, којшто бил главен архитект на дворот на кралот [[Луј XV]], стекнувајќи се со чинот на [[Прв кралски артхитект]]. Тој бил еден од најзначајните претставници на француската [[класична архитектура]]. |
||
== Биографија == |
== Биографија == |
Преработка од 21:42, 18 февруари 2014
Анж Жак Габриел (француски: Ange-Jacques Gabriel; 23 октомври 1698 — 4 јануари 1782) — истакнат француски архитект, највлијателен во својата генерација, којшто бил главен архитект на дворот на кралот Луј XV, стекнувајќи се со чинот на Прв кралски артхитект. Тој бил еден од најзначајните претставници на француската класична архитектура.
Биографија
Роден е во 1698 г. во Париз, и се обучувал кај кралскиот архитект Робер де Кот и кај татка си, кому му помагал во проектирањето на Кралскиот дворец (сега Палата на берзата) во Бордо (завршен 1735). Во 1728 г. младиот Габриел Потоа станува член на Кралската архитектонска академија. Од 1735 г. работел како главен помошник на татка си, кој бил главен архитект на Версај, а во 1742 го презел неговото работно место, и со тоа станал најважниот архитект Франција. На ова место се задржал во текот на речиси целото владеење на Луј XV.
Во 1754 г. Габриел почнал да работи на симетричните палатијални фасади на зданијата што ја образуваат северната меѓа на тогашниот плоштад „Луј XV“ (сегашен плоштад Конкорд) во Париз, завршувајќи ги во 1763. Зданието десно служело како складиште за кралската покуќнина (mobilier de la couronne), со луксузно сместување за управникот. Од 1789 наваму во зданието е сместен адмиралштабот.
Габриеловата воздржаност во планирањето и детаљите претставувала движечка сила во преодот од рококо во неокласицизмот. Во текот на четири децении Габриел бил единствениот одговорен за изградба во Версај (објект во поново време наречен „Габриелово крило“), но и за постојаната преработка на одаите во Версај. Неговиот „Мал Тријанон“ претставува бисер на францускиот класицизам.
Габриел починал во Париз во 1782 г.
Поважни дела
- Доградба и преработка на дворецот Шоази (1740-1777);
- Компјењски замок (од 1750);
- Битаров павилјон (1750) во Ла Сел-Сен-Клу (кај Париз);
- Палата на берзата, Бордо (1755) (како Кралски дворец);
- Доградба на Менарскиот дворец (1760-1764) за Мадам де Помпадур;
- Мал Тријанон во Версај (1762-1768);
- Воената школа на Марсовото Поле во Париз;
- Операта на Версајскиот дворец (1769-70);
- Плоштад Конкорд (како плоштад „Луј XV“, 1772);
- Адмиралштабот на Франција, на плоштадот Конкорд (1775);
- Зданието „Кријон“ на плоштадот Конкорд.
Поврзано
Литература
- Gromort G., Jacques-Ange Gabriel, sa vie, son oeuvre, P. 1933.
Надворешни врски
„Анж Жак Габриел“ на Ризницата ? |
- Анж Жак Габриел - „Great Buildings Online“ (англиски)
|