Габриела Мистрал: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{во изработка}} |
|||
[[Слика:Gabriela Mistral-01.jpg|десно|мини|Габриела Мистрал]] |
[[Слика:Gabriela Mistral-01.jpg|десно|мини|Габриела Мистрал]] |
||
'''Габриела МИСТРАЛ''' (Лусила Годој Алкалајага), своето поетско име го составила од имињата на саканите поети '''ГАБРИЕЛЕ''' (Д'Ануцио) и (Фредерик) '''МИСТРАЛ'''. |
'''Габриела МИСТРАЛ''' (Лусила Годој Алкалајага), своето поетско име го составила од имињата на саканите поети '''ГАБРИЕЛЕ''' (Д'Ануцио) и (Фредерик) '''МИСТРАЛ'''. |
Преработка од 16:08, 24 јануари 2014
Габриела МИСТРАЛ (Лусила Годој Алкалајага), своето поетско име го составила од имињата на саканите поети ГАБРИЕЛЕ (Д'Ануцио) и (Фредерик) МИСТРАЛ.
Биографија
Родена е во 1889 година во Викуња, во Чилеанската провинција Кокимбо. Растела и се школувала во несреќни и неповолни услови на детството. И се посветувала на педагошката дејност, учителствувајќи во разни места на својата земја. Афирмирајќи се како поетеса и педагошки деец, таа, во духот на латиноамериканската традиција, се посветила на дипломската кариера како претставник на Чиле во некои европски и американски земји. Во 1945 станала добитник на Нобеловата награда за литература, како единствена поетеса на шпанкиот јазик. Умрела во Њујорк во 1957.
[1]
Во младоста го следела и го доживувала модернистичкото движење на Рубен Дарио, што ги зафаќа Шпанија и Латинска Америка, но својот опус, не особено голем, го создавала во постмодернистичкиот период. Запознавајќи ја традицијата на литературата пишувана на шпански јазик и на европската поезија, во децениите на авангардните движења таа дистанцирана од нивната екстремна експерименталност, создава свое естетичко кредо и стил, што ги соопштува во своите Десет уметнички заповеди. Говорејќи за незадоволството од постигнато како изневерување на соништата и на природата, таа истакнала дека ,,...ако престанеш да бидеш човек или жена, ќе престанеш да бидеш уметник“. Во овој контекст, според критиката, се издвојуваат две основни нејзини творечки периода првиот - интимистички, во кој доаѓале до израз нејзините лирско-медитативни исповеди на жена и на човечко суштество, осамено во големиот свет, и вториот-американистичкиот, што ја открива сеопфатеноста на нејзиното доживување на животот и светот-на детството, љубовта, смртта, земјата, од што зрачи едно универзално човечко суштество, со чувство и солидарност.
Нејзината поезија на богатата традиционална шпанска изразност и на автентичната индогеност и лексика, ни ја открива земјана на Чиле и на Шпанска Америка со сета исконска слоевитост и убавина на природата и на сраснатоста на народите, племињата и на човекот со неа. Во својот особен јазик и стил и со посебноста на својот сензибилитет Габриела Мистрал е почитувана и во Чиле и во другите земји на континентот и светот.
Творештво
Автор на класични поетски структури и версификација на усогласени, често нецелосни рими и асонанси, како и на една специфична лирска синтакса што се движи од едноставноста на говорот до посложени, некогаш и понедостапни изрази спрегови на слободниот стих, Габриела е автор на следниве книги поезија:
- Очаеност(1922),
- Нежност(1924),
- Разорување(1938),
- Преса(1954),
- Песна за Чиле(посмртно издание), и други.
Наводи
- ↑ Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010
|