Натурализам: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 31 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q55996 (translate me)
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:Q55996
Ред 24: Ред 24:
[[Категорија:Правци во уметноста]]
[[Категорија:Правци во уметноста]]
[[Категорија:Литературни правци]]
[[Категорија:Литературни правци]]

[[ar:الطبعانية]]

Преработка од 04:22, 24 јануари 2014

Натурализам е уметнички правец кој тежнее кон верно прикажување на стварноста, насочувајќи го вниманието кон надворешни детали и кон она што не е убаво. Во литературата, натурализмот го потиснува реализмот и како правец доминира во Европа во последните децении од 19 век.

Идеја и претставници

Зачетоците на теоријата на овој правец ги забележуваме во теоретското дело на Иполит Тен, во неговите поставки за раса, средина и момент, но во поразвиена програмска форма. Најголема улога во оформувањето на натурализмот имал Емил Зола, кој во духот на позитивизмот и Теновата естетика, учењето за човековата одреденост од наследството и околината го пренел во областа на романот, заземајќи се за примена на научни методи во книжевноста. Натуралистите го прикажуваат фатализмот на наследното (од расата и средината), како и фотографска верност на животот.

Во Германија: А. Холц, Г. Хауптман.

Во Скандинавија: Ибзен, Стриндберг.

Во Италија - се развил како правец по име веризам.

Интересно е дека во Франција, литературните групи блиски на францускиот натурализам го избегнувале тој термин и се претставувале себеси како реалисти. Сепак, Ги де Мопасан се вбројува во натуралистите.

Наводи


Надворешни врски