Морено Мозер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23: Ред 23:
:Трофео Лаигвелја (2012)
:Трофео Лаигвелја (2012)
:Страде Бјанке (2013)
:Страде Бјанке (2013)
| updated = 14 март 2013
| updated = 11 ноември 2013
}}
}}


Ред 84: Ред 84:
;2013
;2013
: 1. Страде Бјанке
: 1. Страде Бјанке
: 2. Трка околу Франкфурт
: 7. [[Класика де Сан Себастијан 2013|Класика де Сан Себастијан]]
{{Palmares end}}
{{Palmares end}}


Ред 90: Ред 92:


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
{{Ризница-врска|Moreno Moser}}

* [http://www.teamliquigascannondale.com/2012/eng/main.php?mod=scAtleti&id=10 Профил на Ликвигас-Канондале]
* [http://www.teamliquigascannondale.com/2012/eng/main.php?mod=scAtleti&id=10 Профил на Ликвигас-Канондале]
* {{cycling archives|50286}}
* {{cycling archives|50286}}

Преработка од 17:40, 11 ноември 2013

Морено Мозер
Мозер во 2012
Лични податоци
Цело имеМорено Мозер
Роден25 декември 1990(1990-12-25)(33 г.)
Тренто, Италија
Висина1,77 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубКанондејл
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Аматерски клубови
2007–2008
2009–2011
2011
У.С. Монтекорона (јуниор)
Арведи Лукини Униделта
Ликвигас-Канондејл (стажант)
Професионални клубови
2012– Ликвигас-Канондејл
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Полска (2012)

Еднодневни трки и класици

Трка околу Франкфурт (2012)
Трофео Лаигвелја (2012)
Страде Бјанке (2013)
Последна промена
11 ноември 2013

Морено Мозер (роден на 25 декември 1990) е италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Канондејл.[1][2]

Роден во Тренто, Мозер доаѓа од семејство на професионални велосипедисти; неговите вујковци Франческо и Алдо завршувале на првите пет места на големите трки, додека Франческо го освоил Џиро д’Италија во 1984. Неговиот татко Диего, браќата Леонардо и Матео и неговиот братучед Игнацио исто така настапувале професионално.

Кариера

Рана кариера

Настапувајќи за У.С. Монтекорона како јуниор и Арведи Луки Униделта како член, Мозер ѝ се приклучил на професионалната екипа Ликвигас-Канондејл во втората половина на 2011, како стажант.[3][4] Мозер останал со Ликвигас-Канондејл и по завршувањето како стажант, потпишувајќи двегодишен професионален договор од 2012.[5]

Сезона 2012

Мозер ја постигнал својата прва професионална победа во февруари 2012, на Трофео Лаигвелја, откако нападнал сам за победа во последните метри.[6][7] Го повторил тој потег и на мајската Трка околу Франкфурт, напаѓајќи од четиричлената водечка група, во рамките на последните километри од трката.[8][9]

Мозер ја освоил својата прва трка од Светската турнеја на Трката околу Полска во јули. Во текот на првата етапа на трката, Мозер отпочнал напад во последниот километар; успеал да се одржи пред остатокот од групата до целта за етапна победа.[10] Го одржал водството на трката до четвртата етапа, кога возачот на Омега Парма-Квик Степ Михал Квјатковски го преземал водството поради бонус секундите добиени на средните спринтови.[11] На претпоследната етапа, Мозер ја однел втората етапна победа откако го поминал возачот на Тим Скај Серхио Енао во последните метри, откако се одвоил од групата со напад.[12] Мозер не доживеал никаков проблем на последната етапа и ја освоил трката со пет секунди предност пред Квјатковски.[13]

На Гран при Монтреал 2012, Мозер бил близу победа, бидејќи бил дел од групата на четворица „бегалци“ пред групата, која одржувала многу мала предност пред водечката група, кога ја поминале ознаката за последниот километар. Возачот на Катјуша Александар Колобнев развил брзина, но бил поминат од Мозер и Ларс Петер Нордхауг (Тим Скај), кој ја освоил и трката. Мозер се задржал на второто место, две секунди зад победникот, додека некои членови од групата ја поминале целта само две секунди зад Мозер.[14]

Сезона 2013

Во февруари, Мозер му помогнал на колегата Петер Саган во победата на Гран Премио Чита ди Камаиоре со задржување на водечката група и смирувајќи ги нападите, како тој на нивниот поранешен колега Винченцо Нибали, кој сега вози за екипата Астана.[15] Следниот викенд, Мозер победи на Страде Бјанке во Сиена, забрзувајќи и одвојувајќи се од групата на 17 километри пред целта во потера на бегството од четворица возачи. Ги достигнал и ги поминал на последното искачување со наклон од 16% до последниот километар; го довел Канондејл за победа еден-два, бидејќи и Саган успеал да заврши на второто место.[16]

Достигнувања

2008
1. Краен пласман Тур ду По де Вод (јуниор)
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 2
1. Етапа 2 Џиро дела Луниџана (јуниор)
2009
2. ГП Голињано
2010
1. ГП Чита ди Фелино
2. Копа Плаки
4. Краен пласман Џиро деле Вали Кунеси
6. Гара Сиклистика Милионарија
2011
1. Џиро дел Медио Брента
1. Трофео Џанфранко Бјанкин
2. Трофео Алчиде Дегаспери
2. Трофео Чита ди Бреша
3. ГП Чита ди Фелино
3. ГП Каподарко
5. Краен пласман Џиробио
1. Етапа 1
1. Етапа 8
5. ГП Палио дел Рекиото
2012
1. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Трофео Лаигвелја
1. Трка околу Франкфурт
2. Гран при Монтреал
2. Трофео Мелинда
3. Италијанско национално друмско првенство
2013
1. Страде Бјанке
2. Трка околу Франкфурт
7. Класика де Сан Себастијан

Наводи

  1. „Ликвигас-Канондале го заврши изборот, шест нови потписи за 2012“. VeloNation. VeloNation LLC. 23 ноември 2011. Посетено на 18 февруари 2012.
  2. „Претставување на екипата Ликвигас-Канондале 2012“. Cannondale Bicycle Corporation. Dorel Industries. 12 јануари 2012. Посетено на 18 февруари 2012.
  3. Кристијанс, Жером (8 јули 2011). „Moser et Agostini, l'avenir chez Liquigas“. Velochrono.fr (француски). Velochrono. Посетено на 18 февруари 2012. Занемарен непознатиот параметар |trans_title= (help)
  4. „Gli stagisti saranno Stefano Agostini e Moreno Moser“. Tuttobiciweb (италијански). Prima Pagina Edizioni s.r.l. 8 јули 2011. Посетено на 18 февруари 2012. Занемарен непознатиот параметар |trans_title= (help)
  5. „Галимзјанов и Брут повторно потпишале за Катјуша“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 јули 2011. Посетено на 18 февруари 2012. Ликвигас-Канондале ќе гледа на Морено Мозер во текот на 2013.
  6. „Мозер победи на Трофео Лаигвелја“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 18 февруари 2012. Посетено на 18 февруари 2012.
  7. „Мозер победи во Италија“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 февруари 2012. Посетено на 18 февруари 2012.
  8. Аткинс, Бен (1 мај 2012). „Moreno Moser escapes to win the Rund um den Finanzplatz Eschborn-Frankfurt“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 1 мај 2012.
  9. „Морено Мозер победи Ешборн-Франкфурт“. Cycling News. Future Publishing Limited. 1 мај 2012. Посетено на 1 мај 2012.
  10. „Морено Мозер победил на етапата 1 на Трка околу Полска“. Bicycle.net. Thinkaram. 10 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.
  11. Moore, Kyle (13 јули 2012). „Aidis Kruopis edges Ben Swift in stage four sprint“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 18 јули 2012.
  12. „Станард напаѓал цело време на етапата шест на Трката околу Полска“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. 15 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.
  13. „Мозер го покажа својот талент на Трка околу Полска“. UCI.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. 16 јули 2012. Посетено на 18 јули 2012.
  14. Кајл Мур (9 септември 2012). „Lars Petter Nordhaug nails career best win in GP Cycliste de Montréal“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 10 септември 2012.
  15. Стоукс, Шејн (28 февруари 2013). „Саган со бронхитис спринташе за победа на ГП Камаиоре“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 3 март 2013.
  16. „Морено Мозер победи на Страде Бјанке 2013 на последното искачување“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 2 март 2013. Посетено на 2 март 2013.

Надворешни врски

Предлошка:Возачи во Канондале

Предлошка:Persondata