Храм на небото: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Светско наследство | WHS = Храм на небото: царски жртвеник во Пекинг | Image = По...
(нема разлика)

Преработка од 09:18, 3 ноември 2013

Храм на небото: царски жртвеник во Пекинг
светско наследство на УНЕСКО
Молитвената сала за добра жетва
Молитвената сала за добра жетва
Критериумкултурно: i, ii, iii
Навод881
Запис1998 (22-ро заседание)

Храм на небото или Олтар на небото (кин. трад. 天壇, упр. 天坛; пинјин: Tiāntán; манџ. Абкај мукдехун) — светилиште во југоисточниот дел на центарот на Пекинг. Служел за државни обреди, каде царевите од династиите Минг и Чинг секоја година се помолувале на небото за добра жетва во царството. Важи и за таоистички храм,[1] иако обожувањето на небото во Кина е многу постаро.

Историја

Светилиштето е изградено во периодот од 1406 до 1420 г., за време на царот Јунгле, кој го изградил и Забранетиот град. Денешното име го добил во времето на царот Џаџинг (XVI век). Царот изградил и уште три важни храма во градот: Храмот на сонцето (日壇) на исток, Храмот на земјата (地壇) на север и Храмот на месечината (月壇) на запад. Храмот на небото е реновиран во XVIII век во времето на царот Ченлунг — последен крупен зафат во царско време поради влошувањето на државните финансии.

За време на Втората опиумска војна, светилиштето паднало во рацете на англо-француската војска. Во 1900 г., за време на Боксерското востание, сојузничките сили го зазеле светилиштето и една година го користел како штаб. Зградите и градините претрпеле потешки оштетувања, па дури биле и пљачкосувани. Со падот на династијата Чинг, храмот останал запуштен, и во наредниот период неколку сали се срушиле.[2]

Во 1914 г. тогашниот претседател на Република Кина Јуен Шикај извршил царски молитвен обред како дел од неговите усилби да биде прогласен за цар. Во 1918 г. храмот и околината станал парк и за прв пат се отворил за јавноста.

Во 1998 г. светилиштето е прогласено за светско наследство на УНЕСКО.[3] Денес паркот е мошне популарно место за рекреација.

Објекти

Светилиштето зафаќа површина од 2,73 км² со парк и три групи градби, сите изградени по строго филозофски начела:

  • Молитвената сала за добра жетва (祈年殿) is a magnificent triple-gabled circular building, 36 meters in diameter and 38 meters tall, built on three levels of marble stone base, where the царот prayed for добра жетва. The building is completely wooden, with no nails. The original building was burned down by a fire caused by lightning in 1889. The current building was re-built several years after the incident.
  • Царскиот небесен свод (皇穹宇) — еднокатен еднокалкански објект изграден врз мернерна основа. Сместен е јужно од Молитвената сала за добра жетва и личи на неа, но има поскромни димензии. Околу градбата е расположен кружен ѕид што го одбива звукот и му овозможува голем досег. Овој објект е поврзан со молитвената сала со издигнат премин долг 360 м што полека се спушта од сводот до молитвената сала.
  • Кружниот олтар (圜丘坛) — самиот олтар на светилиштето, јужно од Царскиот небесен свод. Ова е празен кружен подиум од мермер на три нивоа, богато украсен со змејови во камена резба. Разните елементи на олтарот (скалилата, столпчињата на оградата и тн.) се девет на број, или во содржатели на девет. Средишниот дел се нарекува „Срце на небото“ (天心石) или „Врховен јанг“ (太阳石), каде царот се молел за добри услови за род. Олтарот е така изработен, што звукот се одбива од оградата и дава одек кој се верувало дека подобро патува до небото. Олтарот е изграден во 1530 г. по налог на царот Џаџинг, а преуреден во 1740 г.

Обред

Во Кина, царот се сметал за „син на небото“, кој раководел со овоземските работи како претставник на небесата. Како таков, имал задача да се моли за добра жетва за целата земја, притоа принесувајќи жртва.

Двапати годишно царот и неговата придружба доаѓале во светилиштето и се залогорувале. Царот носел посебно облекло и држел строг тридневен пост. На обичниот народ му било забрането да присуствува на обредот или подготовките. Потоа царот се молел за плодна година. На зимската краткоденица се вршел посебен обред, кој морал да биде совршено направен за да не се урочи земјата.

Поврзано

Наводи

  1. Cooper, Jean C. Cooper and William Stoddart (2010). An Illustrated Introduction to Taoism: The Wisdom of the Sages. World Wisdom. стр. 24. ISBN 9781935493167.
  2. Парк на Храмот на небото: Историја (англиски)
  3. Храм на небото: царски жртвеник во пекингУНЕСКО (англиски)

Надворешни врски


Предлошка:World Heritage Sites in China

Координати: 39°52′56.07″N 116°24′23.29″E / 39.8822417° СГШ; 116.4064694° ИГД / 39.8822417; 116.4064694

Предлошка:Link FA