Ана де Стал: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 88.85.125.76) и вратена ревизијата 1030630 на Brest-bot
дополнување, илустрирање
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Madame de Staël.jpg|мини|десно|Мадам де Стал]]
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''[[Мадам де Стал]]''' ( {{роден на|22|април|1766}} - {{починал на|14|јули|1817}}), [[Франција|француска]] [[Литература|писател]]ка. Во [[1810]] година ја напиша книгата - манифест „''За Германија''“, која [[Наполеон]] ја забранил, затоа што авторот се восхитува на германската [[философија]] и [[литература]]. Ја сметаат за основоположник на францускиот [[романтизам]].
'''[[Мадам де Стал]]''' ( {{роден на|22|април|1766}} - {{починал на|14|јули|1817}}), [[Франција|француска]] [[Литература|писател]]ка. Во [[1810]] година ја напиша книгата - манифест „''За Германија''“, која [[Наполеон]] ја забранил, затоа што авторот се восхитува на германската [[философија]] и [[литература]]. Ја сметаат за основоположник на францускиот [[романтизам]]. Таа е политичар со напредни идеи, пистаелка и теоретичарка на книжевноста, претставува интересна и за периодот во кој живеела доста либерална и конфликтна личност. Нејзините романи се надоврзување на предромантичарските романи. Романот на стравот и ужасот („црниот роман“), и сентименталните романи со клиширани љубовни заплети, мошне омилени кај најшироката читателска публика во тоа време. Нејзиниот бурен живот како да го навестува вкупниот сензибилитет на романтизмот и на [[19 век]], „векот кој сакаше да се обраќа во прво лице“, како што велат критичарите за романтизмот. Како теоретичар на литературата („[[Есеј за измисленото]], [[Книжевноста по однос на институциите]] и [[За книжевноста]]“), таа се залага за [[роман]] кој своите ликови би ги довел во поцврста врска со стварноста, а нив би ги направил поуверливи одошто се во сентименталните, љубовни „лимонади“.<ref>Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр.17</ref>


Во делото „[[За книжевноста]]“ таа jа споредува литературата на западните со литературата на источните народи и доаѓа до заклучок дека тие се разликуваат по вкус и дух. Со тоа и задава смртен удар на класицистичката теорија, која тврдеше дека литературата мора да им се покорува на едни исти закони, без разлика на емстото на настанувањето на делото. Во романите ([[Делфин и Корина]]), таа застапува први феминистички гледишта, со што жестоко го критикува „машкото општество“ во кое за жените нема место освен како сопруги и љубовници. Романите имаат голем успех во тоа време, бидејќи се целосно либерални: се залагаат за уништување на култот на браковите, кои доколку не се среќни стануваат стега која треба да се поднесува цел живот; го критикуваат „машкото општество“ во кое жените не можат да најдат своие место според интелектуалните умствени способности и ја воведуваат подоцна омилената тема кај романтичарите - правилото на [[страст]], како и темата на несреќната и невозвратената љубов која произлегува од тоа кога страста целосно загосподарува со животот на човекот. Поради своите напредни гледишта и за општеството и за книжевноста (давање предност на личноста, индивидуалноста, чуваствата и страста кои ниедно општество не ги сака оти не може да ги контролира), таа голем дел од својот живот ќе помине во [[прогон]]ство, сметана за непријател на [[Наполеон Бонапарта]].<ref>Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр.17</ref>
{{Никулец за биографија}}

== Наводи ==
{{наводи}}


[[Категорија:Француски писатели]]
[[Категорија:Француски писатели]]

Преработка од 21:56, 2 ноември 2013

Мадам де Стал

Мадам де Стал ( 22 април 1766 - 14 јули 1817), француска писателка. Во 1810 година ја напиша книгата - манифест „За Германија“, која Наполеон ја забранил, затоа што авторот се восхитува на германската философија и литература. Ја сметаат за основоположник на францускиот романтизам. Таа е политичар со напредни идеи, пистаелка и теоретичарка на книжевноста, претставува интересна и за периодот во кој живеела доста либерална и конфликтна личност. Нејзините романи се надоврзување на предромантичарските романи. Романот на стравот и ужасот („црниот роман“), и сентименталните романи со клиширани љубовни заплети, мошне омилени кај најшироката читателска публика во тоа време. Нејзиниот бурен живот како да го навестува вкупниот сензибилитет на романтизмот и на 19 век, „векот кој сакаше да се обраќа во прво лице“, како што велат критичарите за романтизмот. Како теоретичар на литературата („Есеј за измисленото, Книжевноста по однос на институциите и За книжевноста“), таа се залага за роман кој своите ликови би ги довел во поцврста врска со стварноста, а нив би ги направил поуверливи одошто се во сентименталните, љубовни „лимонади“.[1]

Во делото „За книжевноста“ таа jа споредува литературата на западните со литературата на источните народи и доаѓа до заклучок дека тие се разликуваат по вкус и дух. Со тоа и задава смртен удар на класицистичката теорија, која тврдеше дека литературата мора да им се покорува на едни исти закони, без разлика на емстото на настанувањето на делото. Во романите (Делфин и Корина), таа застапува први феминистички гледишта, со што жестоко го критикува „машкото општество“ во кое за жените нема место освен како сопруги и љубовници. Романите имаат голем успех во тоа време, бидејќи се целосно либерални: се залагаат за уништување на култот на браковите, кои доколку не се среќни стануваат стега која треба да се поднесува цел живот; го критикуваат „машкото општество“ во кое жените не можат да најдат своие место според интелектуалните умствени способности и ја воведуваат подоцна омилената тема кај романтичарите - правилото на страст, како и темата на несреќната и невозвратената љубов која произлегува од тоа кога страста целосно загосподарува со животот на човекот. Поради своите напредни гледишта и за општеството и за книжевноста (давање предност на личноста, индивидуалноста, чуваствата и страста кои ниедно општество не ги сака оти не може да ги контролира), таа голем дел од својот живот ќе помине во прогонство, сметана за непријател на Наполеон Бонапарта.[2]

Наводи

  1. Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр.17
  2. Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр.17