Методија Андонов-Ченто: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 62.162.124.161 (разговор), вратено на последната верзија на Buli
Ред 15: Ред 15:
[[Податотека:Ченто како момче.jpg|мини|десно|Ченто како младо момче]]
[[Податотека:Ченто како момче.jpg|мини|десно|Ченто како младо момче]]
Роден е на 17 август 1902 година во [[Прилеп]] во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село [[Лениште|Леништа]], и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село [[Плетвар]]. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња{{факт}}. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во [[1926]] година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На [[25 март]] [[1930]] година, во [[Нови Сад]], склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на [[5 мај]] тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, [[Илија Андонов - Ченто]], во 1990-те има напишано биографија за својот татко.
Роден е на 17 август 1902 година во [[Прилеп]] во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село [[Лениште|Леништа]], и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село [[Плетвар]]. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња{{факт}}. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во [[1926]] година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На [[25 март]] [[1930]] година, во [[Нови Сад]], склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на [[5 мај]] тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, [[Илија Андонов - Ченто]], во 1990-те има напишано биографија за својот татко.
кл


== Политичка активност пред Втората светска војна ==
== Политичка активност пред Втората светска војна ==

Преработка од 19:41, 30 октомври 2013

Методија Андонов - Ченто
Роден Методија Андонов
17 август 1902
Прилеп, Македонија, Отоманска Империја Османлиско Царство
Починал 24 јули 1957(1957-07-24) (возр. 54)
Прилеп, НР Македонија СР Македонија
Занимање Македонски државник, деец и борец

Методија Андонов - Ченто (познат и како Методи) (17 август 190224 јули 1957)[1] бил македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.

Рани години

Ченто како младо момче

Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња[се бара извор]. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, Илија Андонов - Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко.

Политичка активност пред Втората светска војна

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.

Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.

Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 - 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. За неколкуте вакви негови изјави било известено во Белград и тие биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Антифашизам

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).

По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски - Питу, кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.

Учество во НОВ

Ченто држи говор на главниот плоштад во ослободено Скопје, 1944 год.

На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври 1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

За време на извршување на својата функција, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито[се бара извор], кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

Судирот со новата комунистичка власт

Затворски фотопортрет на Ченто

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.[се бара извор]

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.

По смртта

Долги години по смртта, Методија Андонов - Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов - Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври, претседателот на Македонија постхумно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“, орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.[2]

Завршен дел

  • Методија Андонов - Ченто е личност со посебни особености, кои придонесуваат да се издигне на повисоко рамниште од околината и средината. Тој по природа беше мошне борбен и природно интелигентен, што му овозможуваше брзо да ги сфаќа исовладува состојбите. Решителен, самостоен, активен и чесен Македонец, смел борец за слободата на македонскиот народ. Тој беше доволно комуникативен со народот што му овозможи да ги познава неговите потреби, интереси и приликите во кои живее. Тој се одликуваше со трудољубивост, со чесност и искреност. Заради овие негови особини Ченто мошне бргу стана многу познат, ценет и почитуван не само од прилепската чаршија и граѓаните, туку и од целиот македонски народ. Методија Андонов - Ченто беше доследен на своите определби за реализирање на историските идеали на македонскиот народ за културно, економско, социјално и национално ослободување и конституирање на суверена национална држава рамноправна со останатите балкански држави. А што се однесува до напорите за практично реализирање на овие цели, Ченто беше бескомпромисен и решителен борец, подготвен да ги поднесе, издржи и помине и најтешките препреки кои излегуваа на патот на зацртаната цел и реализирање на крајната определба. Случајот Ченто е историја на современата македонска држава, историја на идеолошки пресврти и чистки, со кои се уништуваше понагласеното истакнување на националните идеи на македонскиот народ, во името на “класните” интереси и општојугословенското братство и единство. Најчест печат на тоа време му даваше исклучивоста на пормовираната идеја дека кој е за независна и обединета Македонија, или за било кое друго решение на македонското прашање надвор од авнојската формула, тој е против Југославија, државен непријател, рушител на братството и единството на јигословенските народи и народности итн. Ниту монтираниот судски процес нема да одземе ништо од вредностите на Методија Андонов - Ченто. Тој иако е осуден на 11 години најстрог затвор со тешка физичка работа и одземање на сите граѓански права, не го менува своето мислење ниту се повлекува од искажаните ставови. Тогашната власт била безмилосна и не попуштила ниту пред молбите на фамилијата за скратување на казната и ослободување на Ченто. Историјата на секој народ и држава ја сочинуваат бројни настани и личности кои со својата појава и делување оставаат неизбришливи траги како сведоштво за едно време во кое човекот како индивидуа во најголем дел го посветувал својот живот на највисоките патриотски идеали, борбата за слобода на својот народ и стекнувањето на сопствена држава. Таква личност е секако и Методија Андонов - Ченто една од најсветлите фигури во историјата на Македонија и несомнено еден од најдоследните борци за социјална правда и национална слобода на македонскиот народ. Во историјата ќе најдеме многу големи и заслужни личности, но малкумина од нив го носат онаа гандиевското кое несомнено го имаше Ченто: скромноста, искреноста, чесноста и пред се најважното: складот помеѓу зборовите и делата. Како што веќе кажавме за македонскиот револуционер и државник Методија Андонов - Ченто во досегашната македонска историографија многу малку е говорено од аспект на презентирање на вистинското место и улога на овој виден македонски деец во периодот меѓу двете светски војни, НОБ и особено за неговиот визионерски поглед за идното државно уредување на повоена Федерална Македонија. По 1990 година се поткрена прашањето за рехабилитација на Ченто. И без тоа Ченто беше рехабилитиран пред историјата. Но, беше потребно од него да се симнат сите анатеми. Истите личности кои беа главни актери во сценарието Ченто, некогашните членови на Политбирото на ЦК КПМ дадоа согласност за политичката рехалибитација на Методија Андонов – Ченто: Лазар Колишевски, Цветко Узуновски – Абаз, Борко Темелковски – Лилјакот, некои од сведоците, од иследниците, судиите и др . Конечно, целта на рехабилитирачкиот судски процес не беше да се осудат или пак да се казнат оние кои го казнија Ченто, напротив, судскиот процес на рехабилитација во 1991 година имаше за цел да ја покаже вистината и правдата која беше доказ за исправноста на Ченто и на неговата државничка улога во тоа бурно време. Токму затоа случајот Ченто, ќе стане силна поука од едно минато време и драгоцено искуство за посветла иднина на нашиот народ, на нашата татковина. Денес Методија Андонов - Ченто е рехабилитиран и формално ослободен од хипотеката на обвиненијата за дела кои тој никогаш не ги сторил. Останаа само одот по маките негови, на неговите најблиски и се она што тие го преживеаја и пропатија во текот на изминатите децении. Токму затоа неговиот лик и дело конечно си го добија местото на пиедесталот на плејадата светли личности кои оставија длабоки и неизбришливи траги на страниците во современата македонска историја. Ченто, бил, и ќе остане еден од битните втемелувачи на македонската независна и суверена држава. Неговото залагање за правото на самопределување до отецепување по повеќе децении навистина најде практична примена на 8 септември 1991 година. Така, денес ние можеме да зборуваме за независна Македонија и како конкретна реализација на визионерските идеи на големиот син на Македонија, Методија Андонов – Ченто.

Споменици

Споменик на Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје, свечено украсен по повод празникот Илинден.

Во чест на Методија Андонов - Ченто се подигнати неколку споменици:

Литература

  • Фиданка Танаскова „Методија Андонов Ченто“ (1990)
  • „Ченто: човек, револуционер, државник“ (1993, зборник)
  • Илија Андонов - Ченто „Мојот татко - Методија Андонов Ченто“ (1999)
  • „Методија Андонов-Ченто: документи и материјали“ (2002)
  • Ристе Бунтески „Методија Андонов-Ченто: македонски народен трибун“ (2002)
  • „Ченто и македонската државност“ (2004, зборник)

Наводи

Надворешни врски


Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Методија Андонов-Ченто“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).