Немезида (митологија): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 19:01, 23 октомври 2013

Немезида
Νέμεσις
Статуа на Немезида во Лувр од II век
Заслужена одмазда
Симболвага, тркало, меч, бич, лак и стрела, узди
СопружникЗевс
РодителиНикта
или Никта и Ереб
Браќа/сестриМом, Морос, Танат, Хипна, Харон, Онеири, Хеспериди, Кери, Мојрите, Апата, Филота, Герас и Ерида
ДецаЕлена од Троја
Римски панданИнвидија

Немезида (или Немсис) (грчки: Νέμεσις) во строгрчката митологија е божица на одмаздата која казнува по заслуга.

Немезида уште е нарекувана и Рамнонта (божица на Рамнонт, гратче во Атика, каде што било нејзиното светилиште, северно од Маратон) и го претставувала духот на божествената одмазда против арогантните (оние кои покажувале ароганција кон боговите). Се појавува и со името Адрастеја, со значење - неизбежност.[1] Во антиката била персонифицирана како безмилосна одмазничка судбина: божица на одмаздата. Зборот νέμειν (немеин), значи „да се добие она што се заслужило“.[2]

Митологија

Според Хесиод, Немезида е ќерка на Никта, која ја родила со многуте други браќа и сестри, а заради лутината кон титанот Крон кој го кастрирал својот татко Уран, и му ја презел власта. Тогаш Никта по пат на партеногенеза, освен Немезида ги родила и: Мом (вината, критиката), Морос (судбината, проклетството), Танат (смртта), Хипна (сонот), Харон, Онеирите (сништата), Хесперидите (вечерите), Керите (насилнaта смрт), Мојрите (судбината), Апата (измамата), Филота (дружењето, нежноста), Герас (староста) и Ерида (караницата, раздорот).

Како ќерка на Ноќта (Никта), Немезида била присутна секаде каде што се кршела Правдата (Темида). Секаде ја следи Срамот (Ајда) и кога човечкиот род сосема ќе се расипе, овие две божици засекогаш ќе ја напуштат Земјата и ќе се вратат меѓу боговите на Олимп. Немезида е стога и девствена божица. Ги казнува суетата и горделивоста, па затоа го казнила и убавиот Нарцис. Ја менува судбината на луѓето и ги опоменува да бидат умерени. Немезида ги дарувала луѓето со среќа или несреќа, според нивните заслуги. По тоа, таа се разликува од Ериниите, кои само ги казнувале луѓето. И покрај тоа што дарувала среќа, Немезида почесто казнувала, што е во тесна врска со постапките на луѓето и нивните карактери. Особено ги казнувала оние кои ќе ја прешле границата, т.е. оние кои не знаеле да ја ценат ненадејната среќа и благосостојба, па си дозволувале другите луѓе да ги прават несреќни.

Според едн мит, Зевс сакал да ја придобие љубовта на Немезида, но таа бегала од него и преку копно и преку море, преобразувајќи се во разни животни. Кога се преобразила во гуска, Зевс ја стигнал и ја преобразил во лебед, така спојувајќи се со неа. Од таа врска излегло сино јајце од кое се родила убавата Елена[3].

Култ

Немезида била особено почитувана меѓу Јонците. Двете нејзини најпознати светилишта биле во Смирна и во Атика (во Рамнонт). Подоцна, во хенско-римската епоха, под влијание на религискиот синкретизам (спојување на религиите), станала универзално божество сродно со Кибела, Адрастеја и Изида. Особено била почитувана за време на одржување на игрите, за да бдее над правилата и да го прогласува победникот. Исто така, особено ја почитувале војниците. Нејзините статуи најчесто се наоѓаат во гимназиумите, амфитеатрите и на хиподромите.


Наводи

  1. Есхил, Окованиот Прометеј 936; Еврипид, Резус 342
  2. Entry economy in the Online Etymological Dictionary
  3. Цермановиќ-Кузмановиќ, А. & Драгослав Срејовиќ, 1992 Лексикон на религии и митови, Современа администрација, Белград

Надворешни врски