Разлика помеѓу преработките на „Коста Паница“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 1.357 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
(Да, бил е Марсовец.)
'''Костадин (Коста) Атанасов Паница''' (1857-1890) бил армиски офицер и мајор во бугарската армија. Учесник во бунтови и востанија против отоманската власт во Бугарија и Србија, организатор на македонското иселеништво во Бугарија, доброволец во Српско-турската војна (1876-1878 г.), Руско-турската војна (1877-1878) и Српско-бугарската војна (1885).
 
Коста Паница е роден во Трново, северна Бугарија, во 1857 г. Потеклото му е од трновското село [[Дебелец]].<ref>Историјата на родот на Паница датира уште од пред 1700 година. Дедиње му биле многу строги и опишале целата негова историја. "Ги чувам некои стари бумаги, таму сè е напишано на многу стара хартија, со специјално мастило, најверојатно со перо. За тоа кој што има работено со што се занимавал, кој со кого бил партнер, и конечно причината за смртта на секој ", раскажува д-р Паница. Презимето му тргнува од периодот 1690-1710 година. Тогаш неговите предци живееле во Великотрновското село Дебелец. [http://www.segabg.com/article.php?id=37326 Васил Паница: Род без памет е род без иднина, Екатерина Терзиева, в-к “Сега”, 15.12.2006 г.]</ref><ref>''Паница, броен род, кој продолжува да дава видни личности. Историјата на родот започнува околу средината на 18 век, кога Димитар (овчар или орач) од селото Дебелец се преселува во Трново.'' Кой кой е сред българите ХV-ХIХ в: 501 имена от епохата на османското владичество, Илия Тодев, Издател Анубис, 2000, стр. 205.</ref> Кон 1690 година неговите предци живееле во Дебелец, а околу средината на 18 век, се преселиле во Трново. Неговиот татко Атанас Николов (1802-1872) бил роден во Трново. Атанас бил трговец и имал два бракови. Неговата прва жена Мариола умрела млада и од неа останале 4 деца. Од неговиот втор брак со сосетката му Венета се родиле Коста и уште две деца.<ref>Военно-исторически сборник, том 37, Институт за военна история, 1968 г., [http://books.google.bg/books?ei=LJNhUsjcL4WWswbniYCAAg&hl=bg&id=klsNAQAAIAAJ&dq=%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0+%D0%BA%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0+%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81&focus=searchwithinvolume&q=%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B0 стр. 41.]</ref> Таткото Атанас не употребувал прекарот на неговиот дедо, хаџи Георги Димитров - "Паница" како презиме, но некои од неговите деца го прифатиле подоцна името Паница. Меѓу нив бил и Коста.
 
Историчарот од [[Оксфордскиот универзитет]] [[Ричард Џ. Кремптон]], во своите трудови вели дека Мајор Паница исто така имал и [[Македонци|македонско]] потекло<ref>“'''Major Kosta Panitsa, a talented but flamboyant young officer of Macedonian origin'''.”: [http://books.google.mk/books?id=iL06AAAAIAAJ&q=macedonia#v=onepage&q=panitsa&f=false R. J. Crampton: A Short History of Modern Bulgaria (1987) , p. 34]</ref><ref>[http://books.google.mk/books?id=Ylz4fe7757cC&pg=PA105&dq=macedonian+major+panitsa&hl=en&sa=X&ei=H6NgUvruMsaz4ATQkoGYCQ&ved=0CDUQ6AEwAg#v=onepage&q=macedonian%20major%20panitsa&f=false R. J. Crampton: A Concise History of Bulgaria (Cambridge Concise Histories), 2005 , p. 105]</ref>. И [[Исаија Мажовски]], современик на Мајор Паница, во своите Спомени го вбројува Паница меѓу македонските офицери, што исто така укажува на неговото делумно македонско потекло<ref>[http://macedonia-history.blogspot.com/2006/11/isaja-radev-mazovski-mazovski-isaja.html Исаија Радев Мажовски: "Възпоминания", Софија, 1922 г., стр. 30]</ref>.
 
Учествува во Априлското востание (1876). По неуспехот на востанието пребегнува во Романија и Украина. Го посетува Военото училиште во Одесса (1875-1876).<ref>“Освободителната война 1877-1878”, ДИ "П.Берон", Софија, 1986, стр. 127</ref> Доброволец е во Српско-турската војна во одредот на генерал-мајор Черњаев. На 21 октомври 1876 г. пристапува во Руската армија, во VI-а дружина на III-а Ополченска бригада. Борбите се кај Стара Загора и превалецот Шипка. Награден е за храброст и унапреден во повисок чин - подпоручник. Во 1878 г. Паница, заедно со Љубен Каравелов, Марко Балабанов, Рајчо Николов, Георги и Никола Живкови и други зема учество во работата на комитетот „Единство", чија што цел е да се помагаат бугарските бегалци од Тракија и Македонците бегалци.
302

уредувања

Прегледник