Џонатан Зебина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 23 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q312127 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 10: Ред 10:
| position = [[Одбрана (фудбал)|десен бек]]
| position = [[Одбрана (фудбал)|десен бек]]
| years1 = 1996–1998 | caps1 = 102 | goals1 = 3 | clubs1 = [[ФК Кан|Кан]]
| years1 = 1996–1998 | caps1 = 102 | goals1 = 3 | clubs1 = [[ФК Кан|Кан]]
| years2 = 1998-2000 | caps2 = 139 | goals2 = 12 | clubs2 = [[Каљари Калчо|Каљари]]
| years2 = 1998-2000 | caps2 = 139 | goals2 = 12 | clubs2 = [[ФК Калјари Калчо|Калјари]]
| years3 = 2000–2004 | caps3 = 67 | goals3 = 5 | clubs3 = [[ФК Рома|Рома]]
| years3 = 2000–2004 | caps3 = 67 | goals3 = 5 | clubs3 = [[ФК Рома|Рома]]
| years4 = 2004-2010 | caps4 = 168 | goals4 = 14 | clubs4 = [[ФК Јувентус|Јувентус]]
| years4 = 2004-2010 | caps4 = 168 | goals4 = 14 | clubs4 = [[ФК Јувентус|Јувентус]]
Ред 25: Ред 25:
== Клубска кариера ==
== Клубска кариера ==
=== Почетокот во Кан ===
=== Почетокот во Кан ===
Зебина ја започнал својата кариера во екипата на [[ФК Кан|Кан]] во [[Лига 1 (Франција)|првата лига на Франција]] во 1996. Тој го направил своето професионално деби за клубот против [[ФК Мец|Мец]] во домашен натпревар што завршил 0-0. Во сезоната 1997-98 Кан испаднал во втората лига и Зебина во летото го напуштил клубот и потпишал за [[Италија|италијанскиот]] [[Серија А| калчолигаш]] [[Каљари Калчо|Каљари]].
Зебина ја започнал својата кариера во екипата на [[ФК Кан|Кан]] во [[Лига 1 (Франција)|првата лига на Франција]] во 1996. Тој го направил своето професионално деби за клубот против [[ФК Мец|Мец]] во домашен натпревар што завршил 0-0. Во сезоната 1997-98 Кан испаднал во втората лига и Зебина во летото го напуштил клубот и потпишал за [[Италија|италијанскиот]] [[Серија А| калчолигаш]] [[ФК Калјари Калчо|Калјари]].


=== Каљари ===
=== Калјари ===
Иако многу млад тој добил шанса во првиот тим на Каљари поради повреди на неколку фудбалери од одбраната. Тој се утврдил себе си во првиот тим многу брзо и се стекнал со репутација на еден од најперспективните десни бекови во [[Европа]].
Иако многу млад тој добил шанса во првиот тим на Калјари поради повреди на неколку фудбалери од одбраната. Тој се утврдил себе си во првиот тим многу брзо и се стекнал со репутација на еден од најперспективните десни бекови во [[Европа]].


=== Рома ===
=== Рома ===
Ред 59: Ред 59:
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Зебина}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Зебина}}
[[Категорија:Фудбалери во Серија А]]
[[Категорија:Фудбалери во Серија А]]
[[Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо]]
[[Категорија:Фудбалери на Калјари Калчо]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Рома]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Рома]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус]]

Преработка од 03:53, 17 октомври 2013

Џонатан Зебина
Jonathan Zebina
Лични податоци
Роден на 19 јули 1978(1978-07-19)(45 г.)
Роден во Париз, Франција
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Тулуз
Број 11
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996–1998 Кан 102 (3)
1998-2000 Калјари 139 (12)
2000–2004 Рома 67 (5)
2004-2010 Јувентус 168 (14)
2010-2011 Бреша 61 (12)
2011-2012 Брест 10 (0)
2012- Тулуз 30 (1)
Репрезентација
2005 Франција 1 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Џонатан Зебина (роден на 19 јули 1978 година во Париз) е француски фудбалер кој моментално игра за екипата на Тулуз. Тој најчесто игра на позицијата десен бек, а повремено во својата кариера бил користен и на позицијата централен дефанзивец, иако ја започнал кариерата како напаѓач.

Клубска кариера

Почетокот во Кан

Зебина ја започнал својата кариера во екипата на Кан во првата лига на Франција во 1996. Тој го направил своето професионално деби за клубот против Мец во домашен натпревар што завршил 0-0. Во сезоната 1997-98 Кан испаднал во втората лига и Зебина во летото го напуштил клубот и потпишал за италијанскиот калчолигаш Калјари.

Калјари

Иако многу млад тој добил шанса во првиот тим на Калјари поради повреди на неколку фудбалери од одбраната. Тој се утврдил себе си во првиот тим многу брзо и се стекнал со репутација на еден од најперспективните десни бекови во Европа.

Рома

Во 2000 година Зебина потпишал за Рома со ко-сопственост договор. Во својата прва сезона во клубот Зебина одиграл 22 натпревари и имал голем допринос во освојувањето на своето прво Скудето во кариерата. Во првата сезона тој играл на позицијата централен бек во 3-4-1-2 формацијата на Фабио Капело, поради тоа што на десната страна бил поставен бразилецот Кафу. Во сезоната 2003-04 Кафу си заминал од Рома и Забина станал прв избор на позицијата десен бек. Зебина одиграл 94 натпревари за Рома во сите конкуренции и во 2004 посакал да замине во поголем клуб. Иако бил близу да му се приклучи на Милан, сепак тој решил да потпише за Јувентус како би ја продолжил соработката со тренерот Капело (кој некој месец пред тоа заминал во Торино).

Јувентус

Во својата прва сезона во Јувентус, Зебина одиграл 24 натпревари во Серија А и 6 во Лигата на шампионите. Тој освоил две скудета со Јувентус во сезоните 2004-05 и 2005-06, но поради скандалот калчополи на клубот му се одземени овие двe титули. Во сезоната 2006-07 Јувентус се натпреварува во Серија Б, а Зебина веднаш го најавил своето останување со целда му помогне на клубот да се врати во елита. По заминувањето на Џанлука Ѕамброта, тој останал единствениот избор на десната страна во одбраната и одиграл 24 првенствени натпревари. Следната сезона тој одново добива конкуренција со доаѓањето во клубот на Зденек Григера. Новиот тренер на Јуве, Клаудио Раниери има повеќе доверба во чехот, па Зебина одиграл само 16 натпревари во сезоната 2007-08. Во летото 2010 Зебина е ослободен од клубот заедно со соиграчите Мауро Каморанези и Давид Трезеге.

Брест

Во летото 2011 година тој се вратил во Франција, во дресот на новакот во лигата Брест, откако одиграл уште една сезона во Серија А со екипата на Бреша. Зебина дебитирал на 20 август 2011 во ремито 1-1 со Лион. Неговото искуство му помага на Брест да остане во лигата завршувајќи на 15. место. По завршувањето на сезоната од клубот објавиле дека Зебина нема да го продолжи договорот кој му истекува на крајот на Јуни.

Тулуз

На 1 јули тој му се приклучил на Тулуз како слободен играч. Зебина го добил дресот со број 11.

Репрезентативна кариера

И покрај тоа што редовно играл за време на неговиот престој во Рома и Јувентус, тој заработил само еден настап за Франција, на 9 февруари 2005 година, во ремито 1-1 против Шведска. Зебина останал во плановите на Жак Сантини во текот на целиот негов мандат. Сепак, по заминувањето на Сантини од националниот тим, Зебина никогаш не бил повикан за Франција повторно откако селекторската клупа ја предводел Рајмонд Доменех.

Титули

Италија Рома

Италија Јувентус

Надворешни врски