Револуционерен лист: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q12292225
Ред 58: Ред 58:


{{Весници на МРО}}
{{Весници на МРО}}
{{Јане}}

Преработка од 17:10, 25 септември 2013

Револуционерен лист
УредникДимо Хаџи Димов
Основан12 август 1904
ЈазикБугарски
Престанал16 декември 1906
СедиштеСолун

Револуционерниот лист (бугарски: Революционенъ листь) излегувал во Солун во периодот од 12 август 1904 до 16 декември 1906 година и бил официјален орган на Македонската револуционерна организација,[1] а подоцна станува неофицијално гласило на Јане Сандански и неговите приврзаници.

Најпрво, уредничката позиција му е понудена на Пејо Јаворов, но тој, поради несогласувањата со Јане Сандански, ја одбива понудата.[2] Од 1904 година уредник е Вaсил Пасков, а потоа уредник на весникот станува Димо Хаџи Димов.[3]

Дејност

Официјален орган на Организацијата

Македонското прашање

Весникот разгледувал голем број на внатрешни и надворешни прашања кои биле поврзани со Македонската револуционерна организација како и со решавањето на Македонското прашање.

Во 1905 година весникот истакнал дека:

Автономна Македонија од Организацијата се сфаќа како самостојна држава [4].

Со што јасно било дадено на знаење дека Организацијата се залагала за самостојана македонска држава.

Сепак треба да се истакне дека во тој период по Илинденското востание во Организација се диференцираат две струи или крила кои Христо Силјанов ги нарекува ги нарекува: радикално-реформска и умерено-конзервативна [5][6], со што весникот ги изразувал идеите на првото крило, затоа во бугарската историографија се истакнува дека идејата за независност не била цел на сета Организацијата, туку само на ова крило со што се девалвира македонскиот карактер на МРО[1]

Mеѓутоa, треба да се потенцира дека автономниот принцип бил официјална цел на умереното-конзервативно крило, но тоа не значи дека тие не се залагале за самостојна држaва, бидејќи идејниот водач на конзервативното крило Христо Матов во својата брошура „Основите на Организацијата од Брут“ истакнува дека:

Организацијата е самостојна и како секоја мала држава една од главните грижи и е да се заштити од сите внатрешни и надворешни влијанија и притисоци. [5]

Однос кон врховистите

Весникот ги популаризирал целите и задачите на МРО во новонастаните услови, притоа весникот ги критикувал и врховистите и нивните погледи за решавање на Македонското прашање.

Во својата статија од јуни 1905 година се истакнува:

... А што претставуваат врховистите? Тоа се еден грст луѓе, еден мал кружок на чело на кој стои резервниот генерал Цончев, кој - иако нема трага од некогашните Македоно-одрински друштва во Бугарија - продолжува да се нарекува и да се потпишува како претседател на некаков Врховен комитет којшто не постои. Тие, врховистите, претставуваат полна негација на Внатрешната организација - меѓу нив и неа има бездна. Пред се против целата на Организацијата - автономна Македонија и нејзината девиза Македонија на Македонците - тие поставуваат некаква автономна Македонија со прикриена девиза Македонија за Бугарија. Автономаната Македонија се сваќа од Организацијата као самостојна државичка која ќе влезе како оделен член во Федерацијата на другите државички на Полуостровот, и врховистите се... како преку... форма кон Санстефанска Бугарија, која им изгледа на оние што не гледаат подалеку од носот дека може да биде реализирана... врховистите со својот теснограден и неразумен национализам... се трудат на секој начин и со своите акции да го претставуваат пред надворешниот свет ослободителното движење како чисто бугарско и со тоа, компромитирајќи ја каузата, и нанаесуваат тешки удари... [7]

Извори

  1. 1,0 1,1 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски Факултет, Скопје, 2003.
  2. znam.bg
  3. Гиза, Антони. Балканските държави и македонския въпрос, Македонски научен институт, София, 2001.
  4. Официално издание, Револуционерен лист, 2 јуни 1905, 3.
  5. 5,0 5,1 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
  6. . Во постарата литература првата групација се нарекува левица, а втората како десница.
  7. „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том еден, Универзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981.