Штокавско наречје: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 4: | Ред 4: | ||
[[Категорија: Лингвистика]] |
[[Категорија: Лингвистика]] |
||
[[Категорија: Јазици]] |
[[Категорија: Јазици]] |
||
[[Категорија: Јазични семејства]] |
|||
[[Категорија: Словенски јазици]] |
[[Категорија: Словенски јазици]] |
||
[[Категорија: Српски јазик]] |
[[Категорија: Српски јазик]] |
Преработка од 22:11, 12 јуни 2008
Штокавското наречје зафаќа најголем дел од српскохрватската јазична територија. Тоа се протега низ цела Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во голем дел од Хрватска, источно и југоисточно од нејзините чакавски и кајкавски наречја. Северозападната и северната граница на штокавското наречје ја сочинуваат линијата од Јадранското Море до реката Драва: Нови Винодол - Огулин - Карловац - Сисак - Бјеловар - Вировитица, каде што ова наречје е во допир со чакавското и кајкавското. Од таа линија штокавското наречје го исполнува целиот простор кон исток меѓу јадранскиот брег (оставајќи му на чакавскиот само тенок појас на делот на брегот од Задар до Омиш и до половината на островот Пељешац, како и до островот Млет и Дубровничкото приморје) и до државните граници со Унгарија, Романија, Бугарија, до границата со македонскиот јазик и државните граници со Албанија. Со ова наречје зборуваат и српските односно хрватските национални малцинства во Унгарија, Романија и Италија. Врз осонва на тоа со кој од гласовите е заменет стариот глас јат, штокавското наречје се дели на екавски, (и)јекавски и икавски изговор, а во однос на развојот на акцентот и формата - на постари штокавски дијалекти и помлади штокавски дијалекти (новоштокавски).