Конфуцијанство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 10: Ред 10:
[[Конфучиј]] бил мудар философ од Кина, чие учење со векови е влијателно во [[Источна Азија]]. Неговите идеи не се прифатени додека бил жив, а тој самиот често се жалел дека не е ангажиран од ниеден феудален господар. Како што се случува и со други истакнати фигури, како [[Исус Христос]], [[Сократ]] и [[Буда]], Конфучиј не оставил зад себе ниеден напишан текст. Денешните текстови кои се поврзуваат со него се текстови запишани од неговите ученици. Најважната книга на конфучијанството се нарекува „[[Аналекти]]“. Ова е уште повеќе искомплицирано со периодот на палење на книгите, за време на династијата [[Чин (династија)|Чин]] во Кина, меѓу 213 и 206 г. п.н.е.
[[Конфучиј]] бил мудар философ од Кина, чие учење со векови е влијателно во [[Источна Азија]]. Неговите идеи не се прифатени додека бил жив, а тој самиот често се жалел дека не е ангажиран од ниеден феудален господар. Како што се случува и со други истакнати фигури, како [[Исус Христос]], [[Сократ]] и [[Буда]], Конфучиј не оставил зад себе ниеден напишан текст. Денешните текстови кои се поврзуваат со него се текстови запишани од неговите ученици. Најважната книга на конфучијанството се нарекува „[[Аналекти]]“. Ова е уште повеќе искомплицирано со периодот на палење на книгите, за време на династијата [[Чин (династија)|Чин]] во Кина, меѓу 213 и 206 г. п.н.е.


Првиот вистински конфучијански систем е создаден од неговите ученици или од учениците на неговите ученици. Во текот на плодниот период на философијата во Кина, конфучијанството го развиле во етичка и политичка доктрина личности како [[Менг-це]] и [[Сјуен-це]] (да не се меша со [[Сун Це]]). Менг-це го збогатил ова учење со тврдењето дека природата на човекот во својата суштина е добра, за разлика од Сјуен-це, кој го тврдел спротивното дека човечката природа е лоша и затоа е потребно да бидат учени и изложени на обреди.
Првиот вистински конфучијански систем е создаден од неговите ученици или од учениците на неговите ученици. Во текот на плодниот период на философијата во Кина, конфучијанството го развиле во етичка и политичка доктрина личности како [[Менг-це]] и [[Сјин-це]] (да не се меша со [[Сун Це]]). Менг-це го збогатил ова учење со тврдењето дека природата на човекот во својата суштина е добра, за разлика од Сјин-це, кој го тврдел спротивното дека човечката природа е лоша и затоа е потребно да бидат учени и изложени на обреди.


Некои од учениците на Сјуен-це, како [[Хан Феј]] и [[Ли Сји]] станале легалисти (еден вид ран [[тоталитаризам]], сосема различен од учењето на конфучијанството).
Некои од учениците на Сјин-це, како [[Хан Феј]] и [[Ли Сји]] станале легалисти (еден вид ран [[тоталитаризам]], сосема различен од учењето на конфучијанството).


Конфучијанството онакво какво што опстојало до [[XIX век|XIX]] и [[XX век]], главно доаѓа од школите на [[неоконфучијанство]]то, предводено од [[Чу Сји]]. Неоконфучијанството ги комбинира идеите на [[таоизам|таоизмот]] и [[будизам|будизмот]] со постоечките конфучијански идеи, и со тоа се претвора во покомплетен систем на [[метафизика]]та. Во исто време, многу форми на конфучијанството историски се декларирале како спротивни на системот на верувања на будизмот и таоизмот.
Конфучијанството онакво какво што опстојало до [[XIX век|XIX]] и [[XX век]], главно доаѓа од школите на [[неоконфучијанство]]то, предводено од [[Чу Сји]]. Неоконфучијанството ги комбинира идеите на [[таоизам|таоизмот]] и [[будизам|будизмот]] со постоечките конфучијански идеи, и со тоа се претвора во покомплетен систем на [[метафизика]]та. Во исто време, многу форми на конфучијанството историски се декларирале како спротивни на системот на верувања на будизмот и таоизмот.
Ред 39: Ред 39:
== Исправување на имињата ==
== Исправување на имињата ==


[[Сјуен-це]] во делот 22 од „Исправување на имињата“ изјавил дека древните мудри кралеви бирале имиња кои директно се во врска со реалноста, но подоцнежните генерации ја измешале терминологијата, исковале нова номенклатура и поради тоа веќе не можат да го одвојат правилното од погрешното.
[[Сјин-це]] во делот 22 од „Исправување на имињата“ изјавил дека древните мудри кралеви бирале имиња кои директно се во врска со реалноста, но подоцнежните генерации ја измешале терминологијата, исковале нова номенклатура и поради тоа веќе не можат да го одвојат правилното од погрешното.
Самиот Конфучиј верувал дека општествениот неред е резултат на неуспехот да се сфати и да се живее во реалноста.
Самиот Конфучиј верувал дека општествениот неред е резултат на неуспехот да се сфати и да се живее во реалноста.



Преработка од 11:56, 12 јули 2013

„Даченг“ — главната аула на Храмот на Конфучиј во Чифу, Кина.

Предлошка:Конфучијанство Конфучијанството (кинеско писмо: 儒学 училиште на научници) е религија што ја основал кинескиот философ Конфучиј (551 - 479 п.н.е.) во кинеската покраина Шангтунг. Неговото подучување било во врска со моралот, добродетелта, природата и општественото уредување. Земји и култури кои се под силно влијание на конфучијанството се Кина, Јапонија, Кореја, Тајван, Сингапур и Виетнам.

Конфучијанството не се заснова врз верата во некој бог, туку врз следење на „Тао“ (патот), и учи дека мудроста на живеењето се состои од урамнотежениот живот, кој е во склад со природата. Значително место зазема култот кон предците и верата во духови.

Историја

Главна статија: Конфучиј

Конфучиј бил мудар философ од Кина, чие учење со векови е влијателно во Источна Азија. Неговите идеи не се прифатени додека бил жив, а тој самиот често се жалел дека не е ангажиран од ниеден феудален господар. Како што се случува и со други истакнати фигури, како Исус Христос, Сократ и Буда, Конфучиј не оставил зад себе ниеден напишан текст. Денешните текстови кои се поврзуваат со него се текстови запишани од неговите ученици. Најважната книга на конфучијанството се нарекува „Аналекти“. Ова е уште повеќе искомплицирано со периодот на палење на книгите, за време на династијата Чин во Кина, меѓу 213 и 206 г. п.н.е.

Првиот вистински конфучијански систем е создаден од неговите ученици или од учениците на неговите ученици. Во текот на плодниот период на философијата во Кина, конфучијанството го развиле во етичка и политичка доктрина личности како Менг-це и Сјин-це (да не се меша со Сун Це). Менг-це го збогатил ова учење со тврдењето дека природата на човекот во својата суштина е добра, за разлика од Сјин-це, кој го тврдел спротивното дека човечката природа е лоша и затоа е потребно да бидат учени и изложени на обреди.

Некои од учениците на Сјин-це, како Хан Феј и Ли Сји станале легалисти (еден вид ран тоталитаризам, сосема различен од учењето на конфучијанството).

Конфучијанството онакво какво што опстојало до XIX и XX век, главно доаѓа од школите на неоконфучијанството, предводено од Чу Сји. Неоконфучијанството ги комбинира идеите на таоизмот и будизмот со постоечките конфучијански идеи, и со тоа се претвора во покомплетен систем на метафизиката. Во исто време, многу форми на конфучијанството историски се декларирале како спротивни на системот на верувања на будизмот и таоизмот.

За време на кинеската културна револуција (1949–1976), конфучијанството е потиснато, но после тој период повторно е оживеан.

Обреди

Води ги луѓето со административни налози и постави ги на своите места со „кривичен закон“, и тие ќе ги избегнуваат казните, но нема да имаат чувство за срам. Води ги со одличност и постави ги на своите места со обреди, тогаш кај нив ќе се развие чувството за срам и самите ќе се доведат во ред. (Аналекти II, 3)

Погорниов цитат ја објаснува суштинската разлика меѓу легализмот и ритуализмот, како и меѓу европското и источно-азиското општество.

Како што се случува со преводите на древни текстови, така и за овие текстови преводите се разликуваат во зависност од гледната точка на преведувачот. Некои преводи од XVIII век, поимот „обред“ го преведуваат со „ритуал“ во смисла на религиозно жртвување. Сепак, поимот „обред“ може да се сфати како изнаоѓање баланс меѓу спротивставени квалитети, кои инаку би воделе кон конфликт. Ритуалот ги дели луѓето на категории и гради хиерархиски врски преку церемонии и протоколи.

Управување

Никогаш не им го прави на другите она што не би сакал тие да ти го направат тебе.

Едно од клучните концепти на конфучијанството е: за да владееш со другите, прво треба да владееш со себеси. Ова натаму е развиено во првата од Четирите книги „Големото учење“, и тесно е поврзано со таоистичкиот концепт на ву веј: „Колку помалку кралот се труди, толку повеќе е сторено.“

Оваа идеја можеме да ја најдеме во шаманистичките верувања, како на пример дека кралот е оска меѓу небото, луѓето и Земјата.

Совршен човек

Пресудно прашање во класичнотоконфучијанство е отменоста, или „јунце“ (Chinese: 君子; буквален превод: „благородник“). Ги поттикнува сите луѓе да се стремат кон идеалот на „господинот“, „благородникот“, „совршениот човек“. Накратко описот на „совршен човек“ е оној кој е комбинација на квалитетите на светец, научник и вистински господин.

Најголем пример за совршен човек бил самиот Конфучиј.

Исправување на имињата

Сјин-це во делот 22 од „Исправување на имињата“ изјавил дека древните мудри кралеви бирале имиња кои директно се во врска со реалноста, но подоцнежните генерации ја измешале терминологијата, исковале нова номенклатура и поради тоа веќе не можат да го одвојат правилното од погрешното. Самиот Конфучиј верувал дека општествениот неред е резултат на неуспехот да се сфати и да се живее во реалноста.

Дали конфучијанството е религија?

Повеќето религии се дефинираат како верба во еден или повеќе богови, организирано свештенство, верба во задгробен живот и воспоставени традиции. Според таквото дефинирање, конфучијанството не е религија. Иако конфучијанството може да вклучува обожување на претците, жртвување на духовите од претците и на апстрактно небесно божество, како и обожување или боготворење на древните кралеви, па дури и на самиот Конфучиј, сепак сите овие карактеристики ги наоѓаме како верувања во Кина далеку пред појавата на Конфучиј.

Општо земено, Кинезите и останатите народи од Источна Азија не го сметаат конфучијанството за религија.

Поврзано

Предлошка:Link FA