Тетово: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 560: Ред 560:


[[Категорија:Тетово| ]]
[[Категорија:Тетово| ]]

[[File:Tetovo plostad.jpg|thumb|tetovo plostad]]

Преработка од 13:49, 11 јуни 2013

Тетово
Знаме на Тетово
Знаме на Тетово
Грб на Тетово
Грб на Тетово
Mестоположба
Mестоположба на Тетово
Тетово на картата на Македонија

Координати : 42.0° N 20.58° E
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Тетово
Прекар: Градот под Шара
Поштенски бр.: 1200
Повикувачки бр.: (+389) 044
Автомобилска ознака: TE
Портал: tetovo.gov.mk
Историја
Стари имиња: Пелагија
Хтетово
Калканделен
Управа
Земја: Македонија
Регион: Предлошка:Грбови
Општина: Предлошка:Грбови
Географија
Површина: 1.080
Надм. височ.: 486 м
Население
Население: 52.915
Образование:

Тетово (албански: Tetovë, турски: Kalkandelen) е град во северозападна Македонија, на падините на Шара, односно во долната Полошка Котлина. Тетово е седиште на истоимената општина која зафаќа простор од 87 km2, а заедно со новосоздадените општини коишто произлегуваа од неа и кои и ден денеска гравитираат кон неа, таа површина изнесува 1.053 km2. Тетово е град со богата иcторија, населен со повеќе етнички заедници.

Етимологија

Турците ги употребувале и формите Калкандели и Калканделе, а францускиот конзул Анри Пуквил го спомнува со формата Калканделук. Освен тоа, градот бил спомнуван и со формите Тетовен и Тетевен. Името Тетово, според една народна легенда, е сврзано со еден необичен настан од времето на турското ропство. Имено, во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите. Никој не се обидувал на страшната ѕверка да и излезе на мегдан. Само некојси Тето излегол храбар маж. Еден ден, наоружен со лак и стрела и со меч и штит, качен на својот брзоног коњ, тој се упатил кон загрозеното место. Кога стигнал таму, се појавила змијата и му го попречила патот. Тето не се уплашил. Го оптегнал лакот и со една стрела ја предизвикал ѕверката. Змијата почнала да реагира, испуштајки некаков глас. Разлутена, таа со голема брзина се упатила кон пленот. Но Тето бил бестрашен. Кога влекачот се доближил до него, тој замавнал со остриот и шилест меч и го пронижал. Така биле ослободени луѓето од страшилиштето, од опасната ѕверка. Излегол и стравот од нив, а преминот меѓу двата рида бил слободен и лесно прооден. Оттогаш, според легендата, местото каде што била убиена змијата со меч и штит, (калкан), било наречено Калкандели, а градот,(на турски), - Калканделен. Во сеќавање на јунакот Тето, пак, месното население населбата ја нарекло со името Тетово.

Другара верзија е дека името потекнува од старословенскиот збор „хътѢти“ - сака, „хътѣтово“ - сакано место. Околу средината на XV век, со отпаѓањето на буквата “х”, населбата била преименувана во Тетово (Тетова).Според народната етимологија, Тетово произлегувал од зборот тетива. Во врска со ова толкување, уште тогаш се појавило и турското именување на населбата - Калканделен. Во еден хрисовул на српскиот цар Душан од средината на XIV век, Тетово се споменува како село, а како градска населба се споменува во текот на 15 век, и тоа главен пункт на Долна и Горна нахија. Познатиот турски патописец Хаџи Калфа, кој го посетил Тетово околу средината на 17 век, градот го спомнува со имињата Калканделен и Тетова. На албански јазик името на градот е Tetovë, односно Tetova.

Историја

Камена Епоха

Според најновите податоци добиени преку археолошките ископувања на неолиските наоѓалишта Тумба кај с.Долно Палчиште (1987/88.) и Под село тумба кај с.Стенче (2000.), најстарите траги на живот во Полошката Котлина (тетовскиот и гостварскиот крај) датирааат од пред 8000 години или поточно од 6100-тата година ст.е. Од овие наоѓалишта потекнуваат голем број ископани фаргменти, но и целосно сочувани парчиња на грнчарија, но и жртвеници и статуетки посветени на женскиот култ. На подрачјето на Тетовско, пронајдени се и многу значајни претстави на карпестата уметност како уметнички композиции поврзани со обредните ритуали.[1].

Овој крај низ целиот неолит бил населен со носителите на културната група Анзабегово-Вршник, која била застапена и во скопскиот регион и Источна Македонија. Во раниот неолит, сепак, овој крај бил под силно влијание и на неолитскта култура Велушина-Породин од Пелагонија јужно оттука, што се гледа и преку формата на најстариот сочуван жртвеник типот ‘Големата-Мајка’ (lat. Magna Mater) пронајдена на овие простори, а откриен близу Стенче. Доцниот неолит се карактеризира со влијание на Винчанската култура од север.[1]

Метална Епоха

Кон крајот на 4. милениум ст.е., започнуваат првите продори на новите доселеници, степски народи од централна Азија- Индоевропејците, кои уништувајќи и асимилирајќи ја старата неолитска култура создаваат нов енеолитски културен комплекс на Балканот, наречен Салкуца-Бубањ-Криводол. Траги од ова ново население најдени се и во Полог (во Палчиште, Желино итн.). Оваа состојба се стабилизира во средното бронзено време кога се појавуваат првите зачетоци на балканските праетничките, а подоцна и етничките заедници. Во овој период започнува и силен продор на материјалните обележја од југ од развиената Микенска култура, што се гледа и преку еден параден луkсузен бронзен меч пронајден во Тетово, увезен токму од тие микенски центри. Иако и наредните епохи ќе бида во знак на масовни миграции, сепак Железното Време се карактеризира со стабилизација, што довело до развој на трговијата. Од овој период датираат и керамичките големи питоси за житарици, пронајдени близу с.Ларце.

Во овој период, според записите на Страбон кои се однесуваат на ковницата во Дамастион, а особено според зачуваните ономастички траги од подоцнежните времиња, се гледа дека Полог бил населен од Бригите (Briges, Brigoi). Бригите биле составен дел на подоцнежните етнички заедници на Пајонците, античките Македонци, Дасаретите, Едоните и Мигдонците. Дури и Пајонците, иако биле стара бронзеновременска популација, на овој дел од Балканот, имале неоспорни врски со Бригите. Пајонската и античко-македонската лингвистика и ономастика покажуваат голем број глоси и имиња со бригиски корен, што упатува на фактот дека Бригите биле substratum или база во пајонското и античко-македонското етничко формирање.[1]

Рана Антика

Во 1932 год. блиску местото наречено Балезова Чешма, е пронајдена статуа од бронза од периодот на Агријаните, 4 век п.н.е., и претставува вреден археолошки пронајдок, најден во Тетовската околија. Статуата е со димензии 9 cm, долга и 4 cm широка, и се наоѓа во Музејот на Македонија во Скопје. Влијанијата на грчките занаетчиски центри врз овој дел на Балканот, всушност ќе доведат до дополнителна промена на културата и начинот на живот на овдешните популации. Токму тие промени го најавуваат новиот, архајски период и преминот од епохата на праисторијата во епохата на историјата и антиката. На археолошки план овие трансформации се видливи преку новите материјални (нови типови керамика, накит и други занаетчиски производи), и духовни (нов начин на погребување: кремирање наместо инхумација, прифаќање на култовите на грчките божества) и други обележја, кои отпрвин биле прифаќани како престиж од најелитните општествени слоеви, а потоа и од останатото население, што најдобро се гледа од т.н. кнежевски гробници, од кои најпозната е онаа од Тетово, во која е пронајдена и познатата статуетка на Менада.

Во минатото постоеле различни теории за тоа кое античко племе го населувало овој крај. Сепак според најновите сознанија, целиот простор на Јужна Србија, Источно Косово и Северна Македонија, вклучително и Полог, во овој период, а се до 3 век п.н.е. бил населен од најсеверното античко-македонско (пајонско) племе Агријани (Agrianes). Ова се гледа по континуитетот во археолошките хоризонти, развиениот керамички импорт од грчкиот југ, богатите кнежевски гробници и сл. Ова племе имало свои кралеви од кои најпознат е Лангар (Langaros) кои во 335 п.н.е. му помогнал на македонскиот крал Александар III, при неговиот поход против Трибалите на север. Агријаните него го следеле и при неговиот поход низ Азија кога се покажале како едни од најбезмилосните борци во многу клучни битки, по што станале особено познати во античкиот свет.

Поради економскaта и трговска развиеност и одредени градови ковале свои автономни монети. Таков бил случајот со градот Пелагија (Pelagia) кој низ целиот 4 век п.н.е. кова свои сребрени монети во ковницата во Дамастион. Градот Пелагија се смета дека се наоѓал близу денешно Тетово, и е всушност, во урбанистичка смисла негов антички предок, од чиј назив подоцна е изведено и денешното словенско име на целата котлина Полог (Пелагија-Полог, како во случај и со Скупи-Скопје, Астибо-Штип, Тесалоника-Солун итн).

Кон крајот на 4 век п.н.е. ослабента агријанска држава потпаднала под власт на кралот Авдолеон од Пајонија, а веќе до средината на 3 век п.н.е., сите нивни територии биле заземени од Дарданците од север (на југ сосе Северна Македонија и Полог), што се гледа и преку дисконтинуитет во археолошките хоризонти од тој период. Овие погранични краеви низ целиот нареден период ќе биде користен како логистичка позадина, од каде Дарданија организирала јаки пљачкосувачки походи на југ кон богатото кралство Македонија, дури и откако тие територии ќе потпаднат во склоп на Римската Империја во 168 п.н.е.[1]

Римски Период

Дури во 29. ст.е. и Полог, задно со останатите делови на Дарданија, па на север сè до Дунав, ќе подапнат под римска управа, по што ќе започне ера на стабилизација, мирен живот, трговија и напредок. Од 2-3 век н.е. датираат неколку камени плочи- стели, на кои епитафот е напишан со грчко писмо што говори дека овој регион бил во склоп на грчката јазична сфера, за разлика од Косово и скопкскиот регион кои биле дел од латинската јазична сфера. Ова значи дека во Раноцарскиот период (1-3 век н.е.) Полог бил дел од римската провинција Македонија, а во доцната атника (3-6 век н.е.), по реформите на Диоклевцијан дел од провинцијата Македонија Втора (Macedonia Secunda). Пронајдените стели содржат и богат ономастички материјал и лични имиња кои се доминатно автохтони и од кои се гледа дека романизацијата на овиепериферни краеви, надвор од главните патишта, не зела голем замав.

Мост на реката Пена, изгрдаен во римскиот период

Поучена од големите варварски продори (Келти, Остроготи, Хуни) кои сè почесто се случувале од 3. век, а траеле и низ наредните векови, римските императори почнале во доцниот 4. век да градат укрепени градови и тврдини на доминантни ридови. Од тој период датираат и бројните каструми (castrum), кастели (castellum) и збегови (refugium) за населението во тетовскиот крај од кои најзначајни се оние близу денешните села Рогле, Орашје, Лешок, Стенче, Јегуновце, Градец и локалитетот Исар-Бањиче крај Тетово.

Иако христијанството во Македонија доаѓа со Св.Апостол Павле во 50-тите години од 1. век н.е., сепак дури по легализацијата на Константин вo 313. н.е. тоа можело помасовно да продре до обичните луѓе, и да се отпочне со градење на ранохристијански цркви- базилики. До денес во Полог се регистрирани траги од 16 ранохристијански базилики, од кои 12 во Тетовско и 4 во Гостиварско, пришто најдобро проучени се базиликата од Стенче од 5. век н.е. која е единствена во Македонија со 3 крстилници (баптистериуми), и онаа во Туденце која датира од втората пол. 6. век. и е најстарата триконхална (трикорабна) црква воопшто во Република Македонија, а е ретка и во цела Јужна Европа.

Сепак, по силните аварско-словенски продори во доцниот 6. век н.е. сите тврдини се напуштени но не во целост и срушени. Поголемиот дел од нив, два-три века подоцна, кога повторно е воведена стабилна државна организација, повторно ќе бидат обновени со истата намена, но овојпат тие ќе бидат населени од доминантното словенско население поставувајќи ги темелите за новите средновековни гратчиња.[1]

Средновековен период

Словенското колонизирано население загосподарило со најважните места во рамницата, давајќи и ново, словенско име Подлог, веројатно со значење под гора, (под планина). Тогаш тие разурнале многу тврдини и населби. Но, од V век Византија повторно го контролирала ова подрачје, ги укрепила најважните разурнати тврдини и во нив држела постојана војничка посада. Во времето на цар Самуил, Полог бил во составот на неговата држава. По пропаѓањето на Самуиловото царство, во Полошката Котлина како градски населби се спомнувале Полог и Лешок (Леш'к, Лешек). Арапскиот научник Идризи, кој, како географ и патописец, го посетил овој крај околу средината на XII век, поточно во 1153 година, во својот опис за патот од Охрид, преку Скопје, за долината на реката Струма, го спомнува и градот Полог. Тој, во својот патопис, вели: “Од Охрид два дена се патува по тежок пат до градот Болого (Полог), сместен меѓу два рида, а покрај него минува реката Фардари (Вардар). Од Болого до Искофла (Скопје) патувањето трае само еден ден”. За “градот Полог” (“урбус Пологус”) подоцна, во 15 век, пишувал и Барлети, кој, исто така, Полог го идентификувал со Тетово. Меѓутоа, во науката има спротивставени мислења за местоположбата на средновековниот град Полог. Едни автори овој полошки град го лоцираат кај Тетово, други кај Градиште (денешното село Градец), а трети кај селото Милетино.

Тетово во почетокот на XX век

Археолошките наоди покажуваат дека градот Полог, што се спомнува во XII век, се наоѓал кај Градиште (Градец). Ако се има предвид дека средновековните градови Хтјтово (Тетово) и Бахјица (Гостивар) тогаш биле селски населби, сосема убедлива е втората варијанта - дека градот Полог бил лоциран кај Градиште (Градец). На грчки јазик, Полог бил споменуван во формата “Пологос”. Некои научници се на мислење дека во XI и XII век не постоел град Полог, туку само област. Инаку Полог, (од бо-лог), според едни автори бил спомнуван со значење божја гора, (рај божји), кое толкување, пред се, од прекрасната местоположба на градот и на котлината, (Полог). Според други автори, полог значи горска падина, (подножје, подгорје или загорје). Со зборот полог, старите Словени означувале долина, (ниско место, рамница), заградена од сите страни со височини, (ридови или планини). Кога Х'т'тово (Тетово), било село, во Долни Полог, (до крајот на XII век) егзистирал средновековниот град Л'ш'к, кој во тоа време бил главен духовен, културен и економски центар во Полошката Котлина. Овој средновековен град, меѓутоа, во текот на 1189 година, по навлегувањето на српската војска во овој крај, на чело со кнезот Стефан Немања, како пограничен град на Византија бил опустошен и разурнат. Тогаш бил разурнат и градот Полог, како и некои други населени места во северна Македонија. Според едно предание, во пошироката околина на денешното селото Лешок, во доцното средновековно време, егзистирал градот Леген-град, (Легенград). Овој средновековен град го споменува и Кирил Пејчиновиќ во својот опис за манастирот “Св. Анастасиј”, (во Лешок). Меѓутоа, кога овој полошки крај потпаднал под турска власт, кон крајот на XIV век, (1352), со колонизирањето на муслиманското население во котлината на Полог во XV и XVI век, Легенград престанал да егзистира. Тогаш колонизираните опустошиле и разурнале 7-8 христијански цркви во градот, како и стариот манастир и тврдината околу него. Тетово, како населено место, првпат се споменува во пишаните документ во XII век, и тоа под името Х'т'тово, но тоа не значи дека населбата не била основана порано. Најстар населен простор во Х'т'тово (Тетово) било местото околу црквата “Св. Богородица”, на излезот на реката Пена од Планината Шар.

Mуслиманка од Тетово, која веќе не носи фереџе поради модните текови во 30 години на 20 век. Се гледа и крст на градите

Преродба и илинденски период

Улица во Тетово, 1927 г.

За учеството на тетовскиот крај во ослободителната борба,во времето кога Внатрешната Македонска Револуционерна Организација развива широката дејност во Македонија,нема некои посебни пишани документи. Се знае дека населението во Полог, според условите зело активно учество како во подготовките на Илинденското востание,така и во акциите по неговото задушување. Во Тетово,бил формиран Местен комитет на ВМРО,кој работел не само на идејното воспитување, туку и на физичкото подготвување на народот за вооружена акција. Тие подготовки ги опфаќале сите способни мажи од градот и селата. Еден дел од оние што биле подготвувани за ракување со оружје,подоцна биле префрлувани во четите што се формирале на подрачјето на Кичевско. Сето ова се спроведувало мошне тајно,зашто турската власт на ова подрачје била многу добро организирана и имала поддршка од муслиманското население. Посебна улога месната организација на ВМРО одиграла во снабдувањето на востаниците со оружје, особено со пушки, кои биле изработувани од прочуените тетовски мајстори - пушкари (туфекчии). Во овој период во Тетово се изработувале манлихерови пушки - берданки и прочуените тетовски мартинки. За ова имало посебна работилница на реката Пена, а изработката на пушките била организирана преку доверливи луѓе. Меѓу другите,за изведување на оваа акција биле задолжени и Ристо Костов - Сичан и Сане Ристов - Гуле, кои организирале тајни канали за пренос и ѝ предавање на пушките во определените места во Кичевско. Најпрвин пушките се префрлувани во село Блаце, кое се наоѓа во подножјето на Сува Гора, каде имало подземна скривница во куќата на Костадин Велковски. Таму пушките се криеле,а потоа со коњи и магариња - најчесто товарени со грнци,а меѓу нив пушки и муниција - се носеле преку планинските премини во Кичевско. Месната организација на ВМРО во Тетово, исто така, организирала тајна аптека која четите ги снабдувала со лекови и санитетски материјал.

По задушувањето на Илинденското востание некои вооружени чети во овој крај ја продолжиле акцијата уште извесен период. Такви чети, главно дејствувале во шумските предели и имале постојани контакти со четите во Поречјето и Кичевско. Се знае за четата што дејствувала на Сува Гора и ѝ била предводена од Софре Ѓорѓиевски од село Радиовце, кој собрал поголема група комити од македонските села од подножјето на Сува Гора и продолжил да се бори уште цели две години,се додека не бил изненаден од турските заптии и фатен ноќе на спиење во една колиба во шумите на Сува Гора. Потоа бил осуден на сто и една година робија,од кои издржал само три, зашто поради амнестијата и зачестените протести и барања на македонското население од овој крај, турските власти го ослободиле. Четата на Софре Ѓорѓиевски, преку летото војувала, а зимно време зимувала растурена во селата Стенче, Волковија, Челопек, Лешница и Блаце, каде имала сигурни засолништа.

По задушувањето на востанието биле преземани и други репресалии од страна на турските власти. Така на пример,мзатворени се и други лица од Тетово, како што е случајот со Милан Младенов, Трпе Алтиколач, поп Диме Саров и Томе Смилковски. Милан Младенов и Трпе Алтиколач, исто така биле осудени на сто и една година робија, и тоа првиот во тврдината Дијар Бекир во Мала Азија, и вториот во областа Фезан, длабоко во Либиската пустина, во Северна Африка. Другите биле осудени на повеќе години затвор и спроведени во Куршумли ан во Скопје.


20-ти век

Меморијален музеј на формирањето на КПМ

- Во Тетово е формирана Комунистичката Партија на Македонија (КПМ, во куќата на семејството Јовановци, која денеска е музеј. - Тетово е ослободено во втората светска војна на 19.ноември 1944, како последен ослободен град на територијата на Македонија.


Конфликтот во 2001 година

Нападот на македонските сили на терористичките позиции на 23 март, 2001 над Тетово

Со навлегувањето на некои косовски терористи на територијата на Република Македонија, во почетокот на февруари во кумановското село Танушевци, а подоцна и со негово проширување на територијата на Тетово на 14 март 2001, во Тетово се случил конфликт помеѓу македонската армија и полиција од една страна и Ослободителната Народна Армија од друга страна. После неколку дена македонските безбедносни сили ја започнуваат акцијата за чистење на терористите и со тоа започнува т.н. Битка на Тетово која преставува најголемиот аранжман на македонската армија и полиција во конфликтот од 2001. Македонските сили со околу 3.000 војници нападнле на Балтепе и тетовското кале во кој имало жестоки битки со локалните албански терористи и косовските криминално-екстремни банди. Битката била за воведување на контрола на градот и завршила со тежок пораз на ОНА.[2]

Површина и местоположба

Поголем дел од Тетово се протега во рамничарско подрачје, а само помал дел, главно оној постариот, лежи на падините на Балтепе, брдо високо 806 метри. Апсолутната надморска височина на градот се движи меѓу 450 и 500 метри. Во последно време урбанистите прават напори градот да се шири кон планинското подрачје кое е благо издигнато и поволно за градски градежен реон.

Климата е средно континентална, со топли и релативни влажни лета, зимата ладна и снежна, пролет и есен со чести врнежи. Природните услови како климата, релјефот, геолошкиот состав на земјата, овозможиле во Тетовската околина да се појават многу извори на вода. Затоа, Тетово е еден од ретките градови во Македонија, кој има питка вода, вода за потребите на индустријата и вода за наводнување.

Население и демографија

Градот во минатото бил поделен на два дела, Горна и Долна Чаршија. Во Горниот дел живееле претежно муслимани, а во долниот христијаните. Според последниот попис во 2002 година Општина Тетово, која го опфаќа градот Тетово и околните села, има 86.580 жители.[3] Следи табела на сите досегашни пописи во Тетово.

Демографски состав на населението во Тетово
Година Вкупно Македонци Албанци Турци Срби Роми Бошњаци
1453[4] н.п 153 сем.1 н.п 56 сем.2 н.п н.п н.п
1468[4] н.п 180 семе.1 н.п 41 сем.2 н.п н.п н.п
1900[5] н.п 8.5003 500 9.000 н.п 1.200 н.п
1905[6] н.п 8.4084 н.п н.п н.п 50 н.п
1931[7] 70.983 24.8845 37.645 20.0006 24.884 н.п н.п
1948 17.259 5.992 9.975 302 384 48 1
1953 20.594 7.916 7.174 4.472 503 227 58
1961 25.357 11.631 6.435 н.п 839 15 74
1971 35.745 14.415 15.388 н.п 920 823 57
1981 46.523 21.741 17.817 н.п 877 1.709 694
1994
2002[8] 52.915 18.555 28.897 1.878 587 2.352 156
1 се мисли на христијански семејства
2 се мисли на муслимански семејства
3 Васил К'нчов, „Македонија. Етнографија и статистика“ ,попишани како Бугари христијани
4 Димитар Мишев, „La Macédoine et sa Population Chrétienne“, попишани како 6 688 Бугари егзархисти и 1 720 Бугари патријаршисти србомани
5 попишани се и сите останати југословенски народи заедно со Македонците
6 влезени се сите муслимани, освен Албанците

Попис на населението

Религија

Тетово како мултикултурна средина се карактеризира со главно две поголеми религии. Тоа се Исламот и Христијанството, т.е. Православието. Седиштето на Полошко-кумановската епархија се наоѓа во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово.

Православието и црквите

Христијанството на овие простори имала голема улога и долга традиција. Полог, а со тоа и Тетово е простор на кој во седумте илјади години на овдешното човеково постоење од раниот неолит е сконцентрирано исклучително богатство, но и многу малку откриено и истражено културно и археолошко богатство. Од обемното богатство на минатите епохи, од кое денеска само скромен дел им е на увид на археолозите, се издвојуваат и остатоците од храмовите, црквите и манастирите[9]. Тетово се наоѓа во Полошко-кумановската епархија и е седиште на истоименото архиерејско намесништво[10] кое има 72 цркви, 10 манастири, 6 параклиси и еден крст[11]. Нејзин надлежен епархиски архиереј е Митрополитот Кирил и тоа од 1971 година, па сè до денес. Тетово има неколку цркви од кои:

Соборен храм св. св. Кирил и Методиј
Црква „Св. Киррил и Методиј“

Соборниот храм св.св.Кирил и Методиј во Тетово претставува една врвна црковна архитектонска градба. Тој е еден од најубавите храмови,не само во полошкиот крај туку и пошироко во Република Македонија. Граден е на ново место од понов период, поточно за време на Илинденското востание во 1903 година. Иницијатор за градбата бил Прота Михаил (Мисо Мартиновски), примерен свештеник од тоа време,познат како заштитник на православните христијани од турските власти.Во тоа време како Архиерејски наместник успеал од Султанот Амид од Цариград да издејствува изградба на црквата. Одобрението го добил на 21 ноември 1902 година.

Манастир Свети Атанасиј на Балтепе

Според историските извори, манастирот "Свети Атанасиј", на тврдината Кале, кој се издига на самото возвишение на Балтепе, претставува еден од најстарите култни христијански црковни споменици во овој дел од Македонија и Балканот[12]. Потекнува од крајот на XIII век, од истиот период кога бил подигнат и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во месноста Плоча на Шар Планина. Подигањето на црквата "Свети Атанасиј" на Кале е сврзано и за уште два други објекти посветени на истиот светител: во селото Џепчиште и познатиот манастир во селото Лешок[13]. Она што се знае е дека сите три светилишта на трите локации кои на одреден начин се наоѓаат на еден потег Лешок-Џепчиште-Лавце, едновремено се градени и едновремено предадени на користење на православното население во 1240 година. Она што е зачувано од фреските, начинот на градбата и другите елементи релевантни за стручњаците само ја потврдуваат оваа вистина [14]. Во конфликтот во 2001 година црквата беше во голем дел разрушена.

Св. Никола
Црквата „Св. Никола“ во Тетово

За оваа црква нема многу пишани документи ниту некои податоци. Меѓутоа во записите поврзани за манастирот "Света Богородица-Хтетовска", во една од хрисовулите на царот Душан, се споменуваат црквите "Свети Никола" и "Свети Илија" како метоси на споменатиот манастир. Сето тоа наведува на податокот, дека таа потекнува не подоцна од XIV век. Многу подоцна, во 1675 година по една пресуда на тетовскиот кадија, се споменува црквата "Свети Никола" со својот имот, во месноста на денешната населба "Дреновец". Се споменува нива од 11 хектари како и лозје со површина од три декари. Некаде во 1715/16 година се споменува како една мала црквичка, која можела да прими едвај четири до пет верници. Тогашниот црковен одбор составен од видни граѓани, решиле на местото од старата црквичка да изградат нова и поголема црква.

Во 1842 година се почнало со градба на црквата која траела се до 1847 година. Но, по завршувањето на градежниот дел се немало доволно парични средства за фрескоживописот и за уредување на внатрешниот дел од црквата. Изградбата на новата црква му било доверено на познатиот мајстор од Охрид, Мартин Вражевски. Тој ја изградил црквата по планот на црквата "Света Богородица" од Скопје. Поради недостаток на финансиски средства црковниот одбор бил принуден од други места да бара помош. Во 1848 година црквата била завршена и пред крајот на истата година била осветена од скопскиот владика Анание. Но во 1872 година црквата била запалена од некој Албанец Муарем, доселеник од Албанија. Многу години црквата стоела разурната во пепел, дури во 1901/02 година тетовци почнале со нејзиното возобновување. Таа била целосно довршена во 1912 година, а преосветена е во 1923 година од епископот Варнава.

Изградената површина на црквата изнесува 7,87 ари, а површината под пристапи и зеленило изнесува 57,88 ари. Во 1995 година старата фасада на црквата е очистена и на нејзино место е изработена нова фасада од бел цемент, како и замена на прозорците, во истиот стар стил.

На 19 декемви 1995 година осветена е и новата крстилница што се наоѓа во самата црква од страна на неговото високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски господин Кирил. Во 2001 година покрај другите цркви и манастири, оштетена беше и црквата "Свети Никола" од Тетово.

Св. Петка и Св. Недела

На западната страна од сегашната црква „Свети Никола“ до неодамна се забележувале остатоци со димензии 3х2 м каде некогаш се наоѓала капела посветена на Света Петка. Објектот бил изграден од камења и покриен со слама така што со градбата на новата црква истата се урнала и била уништена. До неодамна на тоа место постоеше костурница. Точниот податок за постоењето и градбата на таа капела се сврзува со изградбата на помала црква посветена на Света Богородица, која се наоѓала преку реката Пена.

Во почетокот на 2000 година црковното настојателство презело ницијатива да се возобнови истата капела. На 26 ноември истата година се положил и осветил камен темелник на празникот "Свети Јован Златоуст". Црквата е посветена на света Петка и света Недела. Поради военита дејства во Тетово во текот на 2001, градбата на црквата била запрена, за во 2007 комплетно да се доизгради и освети.

Света Богородица
Поглед на црквата "Света Богородица"

Историјата на црквата "Света Богородица" е доста долга и датира од многу старо време. Оваа црква е подигната непосредно по Балканските војни и ослободувањето од долгогодишното турско ропство. Во месноста "Горно маало" во 1903/04 година на урнатините на старата црква се започнало со градба на нова и поголема црква којашто траела сe до 1916 година. Изградената површина на црквата изнесува 6,5 ари. Градена е од камен и полна печена цигла. Фреските заедно со иконите на иконостасот ги изработил зографот Тале од Галичник кој тогаш живеел во Гостивар. Осветувањето на црквата било извршено на 28 август 1918 година на ден "Успение на Пресвета Богородица" од страна на скопскиот митрополит Варнава.

Во непосредна близина на црквата се наоѓаат и средновековни христијански гробови кои биле прекопувани во подолг временски период[15].

Црквата "Света Богородица" претставува значаен објект во градот Тетово и редовно се посетува од жителите на овој град. Оваа посета е голема на Богородичните празници, а посебно на "Успение на Пресвета Богородица" и на Источен петок "Балаклија" што се празнува во Светлата седмица по Велигден.

Свети Димитриј

Оваа црква се наоѓа на локацијата на градските гробишта, на северозападниот дел од Тетово. Површината на црквата изнесува 0,94 ари. Порано тука постоела помала црквичка - параклис, а на нејзиното место изградена е денешната црква посветена на "Свети Димитриј". Градбата започнала во 1906 година и траела сe до 1912 година. Ктитор на истата бил Захарије Манојловски. Осветена е три години подоцна, во 1915 година. Преосветена е повторно во 1958 година од страна на првиот македонски архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква Господин Господин Доситеј.

Новата црква

Црквата Собор на сите македонски светители „св. Ѓорѓија победносец” и св. „Сисоје Велики” е најновата црква во Тетово која е в фаза на градење. Таа ќе се наоѓа во долниот дел на Тетово, односно кај спортскиот центар[16]. Црквата ќе биде со димензии од 3.000 м² и ќе кошта 1 милион евра.


Џамии

Шарена џамија
Шарената џамија во Тетово

Во културното наследство на Тетово се вбројува и Шарената Џамија. Шарена Џамија е дел од комплекс на објекти од исламската култура како средиште на верското културното и духовното живеење во градот. Тоа се верски објект- еднокуполна џамија со полигонално минаре, чешма, турбе, амам и беговите конаци, каде џамијата го завзема централното место. Нема некои пишани податоци за тоа кога џамијата е изградена, но во тетовското семејство Палоши е сочувано едно предание според кое џамијата ја изградила Хуршиде Хатун околу 1566 година. Ако околу годината на изградбата може да има дилеми , сосем е точно дека џамијата ја подигнала Хуршиде, која била болна и се надевала дека на овој начин ќе го смилува Алах и ќе оздрави. Џамијата особено се истакнува со својата декоративна обработка, а пак сликарскиот украс ја исфрла во прв план и ја прави посебно интересна и привлечна. Блескавите арабески изразени во сино цвеќе и треперливите сонца претставуваат навистина силно привлечен декор.Џамијата одвнатре и однадвор е ишарана со разни бои и по тоа го добила своето име. Таа претсавува редок споменик од овој вид во нашата земја.

Историски знаменитости

Добрата геостратешка положба, тоа што се наоѓа на крстопат и Полог со родната земја, се причините со кои Тетово им го привлекуваше вниманието на разни освојувачи. Во XV век Тетово го освојуваат турците. Со доаѓањето на турците се развива едан друг вид на култура. Нејзино огниште стануава комплексот на бекташианското теќе наречено Арабати Баба, изградено од Серсем Али Деде (1538-1548).

Османлиите на Тетово му подариле многу јавни и верски објекти кои припаѓаат на исламската култура : џамии, теќиња, народни кујни за сиромашните, амами (јавни бањи), шадервани (фонтани) и др. Впечатлив е и старио Топовски Мост.

Арабати Баба Теќе

Арабати баба-теќе

Бектешкото теќе Арабати-баба, претставува еден од најзначајните објекти од овој вид на Балканот. Арабати-баба теќе се наоѓа на периферијата на Тетово во непосредна близина на станицата од патничката жичарница Тетово - Попова Шапка. Според податоците во Теќето живееле околу 15 дервиши, на чии чело стоел старешина - баба. Дервишите биле прочуени како благородни, мирни и гостољубиви луѓе. Теќето се викало Арабат затоа што навидум неговиот основач бил сиромав човек со скината облека по име Алија, а така облечените луѓе Турците ги викале арабат. Поради тоа теќето го добило името Арабат-теќе За споменување е библиотеката на Арабати Теќе од XVIIIXIX век, затоа што во неа културата и образованието се развија паралелно со исламската религија. Во оваа библиотека се вршело и копирањето на дела од интелектуалците на времето, со избрана калиграфија кои покасно се краселе со орнаменти завиткани во кожа.

Тетовското кале

Тетово има свое кале кое се наоѓа на врвот на Балтепе, веднаш над Тетово. Тоа е изградено во 1820 год. од страна на Абдурахман Паша. Овој културен објект претставува една ретка убавина од минатото. Неговата содржина е доста комплексна. Внатрешниот дел има 5 сараи, големи кујни, бањи, еден бунар на средина и 3 тунели за излез. Во тек на војните претрпе големи оштетувања. Од археолоши аспект тетовското кале се нарекува Хисар Кале кој е населен уште од раната антика.

Домот на културата

Денеска Тетово го краси објектот кој подигнат на темелите на Чарши-џамијата, а изграден во 1975 год. Тоа е Домот на Културата „Иљо Антески -Смок“, каде се развиваат паралелно сите култури на граѓаните на Тетово, без оглед на нивната национална припадност. Во склоп на овој Дом се развиваат голем број културни активности : музички, театрални(драмски), активности од ликовната и книжевната уметност . Исто така се организираат и разни економски саеми, каде најуспешните производители ги презентираат нивните производи. Во Тетово постои и библиотека “Кочо Рацин“, меморалниот музеј, историскиот архив и др.

Култура

Музика, уметност и драма

Тетовскиот амам, денес уметничка галерија

Од музичките активности се истакнуваат: младинскиот мешан кор, женскиот кор, машкиот кор и културно-уметничките друштва. Вреди да се истакне успехот на младинскиот мешан хор под диригенство на Арифхикмет Џемаили, кои од Светската Олимпијада во Линц, Австрија 2000 год., освоиле сребрен медал, а во Вермигероде, Германија 2001 год. освоиле прво место.

Од најпознатите културно-уметничките друштва кои делуваат во Тетово, се : КУД “Џеладин Зеќири“(1949), КУД “Иљо Антевски-Смок“ и КУД “Јени Хајат“.

Во служба на драмските активности, постои посебно драмско студио за возрасни, младинско студио и студио за деца.

Во Домот на Културата постои и делува ателието на ликовната уметност во кое се афирмираат и развиваат професионалните и аматерните ликовни уметници, т.е. се организираат голем број уметнички изложби.

Од книжевно-уметничките активности се истакнуваат литературните клубови „Литературен Клуб 94“ и „Кирил Пејчиновиќ“. Се организираат промоции на книги, литературни и поетски излагања, манифестации по повод на разни писатели од нашето културно творештво, се објавуваат конкурси за помладите книжевни уметници по разни литературни дела и истите се наградуваат и др.

Еден од најголемите заштитни знаци на градот секако е градскиот женски младински хор "Менада" од Тетово кој е формиран во 1981 година. На репертоарот хорот има околу 300 композиции од ренесансата преку класика, современи композиции, македонски музички фолклор и евергрин композиции. Македонските композитори посветиле голем број на свои дела за хорот "Менада". Хорот е редовен учесник на Хорскиот фестивал "Техо", "Скопско лето" и "Охридско Лето". Хорот "Менада" учествувал на фестивали и конкурси во Холандија, Данска, Бугарија, Чешка, Германија, Србија, Грција, Словенија, Полска, Турција, Шпанија, Шведска, Италија, Албанија, Австрија, Романија, Португалија и др[17]. Оснивач на хорот е д-р Ивица Зориќ и за својата работа добитник е на награди за диригент во Полска, Србија, Бугарија, Грција, на фестивалите во Македонија, како и највисоката државна награда "11 Октомври" во 2005 година.

Во градот функционира и детскиот хор „Лале“ кој постои од 1977 година.

НВО сектор и медиуми

Американската амбасадорка Џилиан Миловановиќ и Гзим Сулејмани на официјалното отварање американсктото катче во Тетово

Во Тетово постојат повеќе невладини организации, како младински, така и религиски. Невладината организација Мултикултура, која се занимава со активности од областа на Културата има реализиран неколку проекти во овј област на пример Култура Мост на зближување и други проект со Културен карактер.

Хуманитарната невладина организација “Лоја“, која што е поддржана од Канадската Амбасада поседува свој локалитет во Домот на Културата. Треба да се истакне нејзината функција во средината во која таа се занимава со разни културни активности со децата од предшколската возраст до осмо одделение и албанци и македонци т.ш. заеднички учествуваат и се дружат во разни активности на пр. цртање, учење на англискиот јазик, компјутерски знаења, разни игри, и др. Америкаската амбасада е присутна со свое т.н. Американско катче. Катчето претставува плод на соработка и партнерство помеѓу Канцеларијата за односи со јавноста при Амбасадата на САД во Скопје, Општина Тетово, Дом на Културата, како институција домаќин и НВО Аурора[18].

Поради голениот број на населеие во Тетово и тетовско, во Тетово постојат повеќе локални медиуми, како пишани, така и електронски:

Локални телевизии во Тетово се: ТВ Kiss и ТВ Менада кои емитуваат програма на македонски јазик и Тв Арт, Кoха и Супер Скај кои емитуваат програма на албански јазик.

Локални тетовски радија се:Радио Kiss, Радио Плус Форте и Радио Тетово кои емитуваат програма на македонски јазик и Фама, Фокус и Блета кои емитуваат програма на албански јазик, додека радиото Висари освен албански, емитува и на турски.

Локални тетовски пишани медиуми се неделникот „Монитор“, кој излегува двојазично.

Образование

Лого на приватниот Универзитет на Југоисточна Европа.

Универзитети

Средни училишта

Во Тетово постојат следниве средни училишта:

  • УЦ "Моша Пијаде" - Тетово. Познато како Земјоделско училиште. Основано е во 1928 година како Нижe земјоделско училиште со кое се создале услови за стручно оспособување на ученици од повеќе краишта во земјава. И денес го држи приматот на регионален училишен центар.

Основно образование

Во Тетово постојат следниве основни училишта:

Туризам

Поглед на зимскиот центар Попова Шапка

Тетовската околина со нејзините природни убавини, во минатото, па и денеска, наголемо го привлекува интересот на туристите и се афирмира како туристичка страна на Македонија. За развојот на туризмот значајно улога одиграла изградбата на сообраќајната мрежа, а нејзината модернизација во иднина ќе ја забрза оваа гранка на економијата. Главно место во развојот на туризмот завзема центарот Попова Шапка, но И другите убавини кои се на Шар Планина. Убавиот терен во склоп на планинскиот масив, релативната височина, подобниот рељеф, снежните врнежи, претерано го красат овој спортски рекреативен центар. Центарот на Попова Шапка, со надморска височина од 1780 метри, благодарејќи на рељефот, и идеалните терени, станува идеален за издигнување на спортски центар. Попова Шапка може да се искористи во тек на зимата како скијачки центар со манифестации од меѓународен ранг. Додека пак преку лето нејзините природни убавини привлекуваат најразлични планинарски друштва. Изградбата на жичарницата Тетово-Попова Шапка, започната во 1962 год. и завршена во 1969 год, како и асфалтираниот пат, му овозможуваат на сиот хотелиерски комплекс во текот на зимата да биде преполн. Должината на жичарницата изнесува 7км. За едно кратко време (40мин) со височинска разлика до 1400 м се пристигнува во рекреативниот центар. Шапка ја разубавуваат и викенд куќичките, наредени една по друга со добро уредена инфраструктура. Во масивот на Шара се истакнуваат и природните езера со ретка убавина. Во Тетово, освен Попова Шапка, се посетува и комплексот Арабати Баба Теќе, изградено од 15381548 год, каде туристите се запознаваат со културните богатства на овој објект, во чиј состав постои и еден импозантен ресторант. Истотака со значајнa посетеност, странска а посебно домашна преку викенд излетувањата, е и Калето на Тетово, изградено во 1820 год, кое претставува еден културен комплекс на минатото.


Стопанство

Камен мост на реката Пена

Стопанството во Тетово се заснова во некои најголеми стопански организации наследени од поранешниот систем, а во последно време значајно место завзема приватниот сектор, од сите области на стопанството, а особено преработката на дрвото, метало структурската индустрија, пластиката, трговијата и друго. Стопанска вредност ќе има магистралниот пат, односно коридорот 8 Драч-Софија-Истанбул, кој поминува низ Тетово и е во изградба. Тетово во последните години се бележи експанзија на економската активност од страна на 12 илјади фирми, доминантно мали и средни претпријатија, основани со печалбарски капитал. Од големите претпријатија во Тетово, најпознат секако е Тетекс. Текстилниот гигант, Волнарскиот комбинат „Тодор Циповски -Мерџан“ е основан на 25 мај 1951 година, со пуштањето во погон на Предилницата за волнена преѓа[19]. Во Тетово од средните петпријатија најмногу има градежни фирми, поради градежниот бум кој му се случи на градот од крајот на 20 век.

Климатско – почвените, хидрографските и просторните услови одговараат за развој на земјоделството и сточарството, односно преку поволните температури , погодни почви со висока бонитетна вредност и обилното количество на воден потенцијал се овозможува одгледување на житни, градинарски, овоштарски, фуражни и некои индустриски култури. Во однос на сточарството, истите тие услови одговараат посебно за развој на краварството и високопланинските пасишта, за предуслов за развој на овчарството.

Спорт

Тетово има голема традиција во спортот.

Во Тетово се одржува традиционалниот фудбалски турнир „Меморијал Трајче Стојковски-Пинго“, кој бил млад фудбалер и член на македонската младинска репрезентација кој на 21 година трагично го изгубил животот во 2001 година на патот Тетово - Скопје, патувајќи за настап на прволигашот Силекс од Кратово. Во Тетово постојат две навивачки групи и тоа Војводи (оформени 1988) кои навиваат за ФК Тетекс и Балисти кои навиваат за ФК Шкендија. Тетово се смета за еден ризичен терен за играње на фудбал поради честите инциденти на навивачката група Балисти[20][21].

  • Одбојка. Овој спорт во Тетово има долга традиција. Тетово своевремено имал своја општинска лига со 12 клубови, но денес може да се пофали единствено со трофеите во младинските шампионати во државното лигашко натпреварување. Згаснати се Југохром од Јегуновце, Лирија од Жеровјане, машката екипа на Љуботен, Лешок се обидува да одржи чекор со македонската одбојкарска елита, а нешто слично се случува и со женскиот одбојкарски клуб Љуботен. Денес од Тетово одбојкарски прволигаши во машка и во женска конкуренција се 7 екипи. Од 1976 година традиционално се одржува меморијалниот одбојкарски турнир "Бранко Хаџи-Иљоски", кој бил познат и признат спортски работник и важи за основоположник на одбојката во Тетово и тетовско.
  • Тенис. Овој спорт во Тетово е присутен од 50-те години на ХХ век. Почетните тренинзи се врзуваат за првите игралишта крај денешниот стар градски стадион, потоа се изградиле асфалтните терени на спортскиот центар, а по нив и трите земјени терени на кои и денес се практикува и развива тенискиот спорт во градот[22]. Постои само еден тениски клуб, ТК Љуботен.

Збратимени градови

Значајни личности

Населби и маала

Поглед кон игралиштето во Колтук.

Колтук • Два Бреста • Поток • Дреновец 1 • Дреновец 2 • Блок 70 • Блок 86 • Тетовчанка • Ванвардарска • Центар • Stara Gradinka

Забелешки и извори

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Дарко Гавровски, "Тетовски древности. Полог од Праисторијата до 7.век н.е., со посебен осврт на тетовскиот крај", Тетово, 2009.
  2. Macedonia issues rebel ultimatum
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2002: Дефинитивни податоци
  4. 4,0 4,1 Составот на населението во Тетовската нахија во XV век
  5. Васил Канчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  7. Попис за целиот Долни Полог
  8. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
  9. ПОЛОГ - НЕИСТРАЖЕНА АРХЕОЛОШКА РИЗНИЦА -Стартија во дневниот весник Вест
  10. Официјално веб место на Тетовското архиерејско наместништво
  11. Полошко-кумановска епархија
  12. Р. Груиќ-„Полошко-тетовска епархија“ -Скопје 1933
  13. Г. Елезовиќ-"Турски извори за нашата историја", Скопје 1922
  14. М. Пурковиќ-"Попис на црквите во старата српска чаршија", Скопје 1938; Ѓ. Петров-"Материјали"
  15. Кузман Најденоски "Тетово во минатото како културен и просветен центар на Полог", Тетово 1964
  16. По повеќе од 80 години во Тетово ќе се гради нова црква
  17. "МЕНАДА" од Тетово
  18. Американско катче во Тетово
  19. Историјат на Тетекс
  20. Дисквалификација за Ренова
  21. Тетово - црна точка на мак-фудбалот
  22. 01.08.2008 - Тенисерите во Тетово без елементарни услови
  23. „Тетово се збратимува со турскиот град Коња“ (Конија) -Утрински весник

Надворешни врски

Статијата „Тетово“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).
tetovo plostad