Бактериски ендокардитис: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Бактериски ендокардитис претставува инфекција на внатрешниот слој на срцето или н...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Infobox disease
Бактериски ендокардитис претставува инфекција на внатрешниот слој на срцето или на срцевите залистоци.Бактерискиот ендокардитис е сериозна и понекогаш фатална болест. За тоа да се случи потребни се две работи: бактерии и слабо срце.Може да заболат мажи, жени, деца, луѓе од сите раси и етнички групи.
| Name = Бактериски ендокардитис
| Image = Blood_culture_negative_endocarditis.jpg
| Caption =Бактеријата ''Bartonella henselae''
| DiseasesDB = 4224
| ICD10 = {{ICD10|I|33||i|30}}
| ICD9 = {{ICD9|421}}
| ICDO =
| OMIM =
| MedlinePlus = 001098
| eMedicineSubj = emerg
| eMedicineTopic = 164
| eMedicine_mult = {{eMedicine2|med|671}} {{eMedicine2|ped|2511}}
| MeshID = D004696
}}
[[Податотека:Haemophilus_parainfluenzae_Endocarditis_PHIL_851_lores.jpg|thumb|right|284px|Обдукција на срце]]

'''Бактериски ендокардитис''' претставува инфекција на внатрешниот слој на срцето или на срцевите залистоци.Бактерискиот ендокардитис е сериозна и понекогаш фатална болест. За тоа да се случи потребни се две работи: бактерии и слабо срце.Може да заболат мажи, жени, деца, луѓе од сите раси и етнички групи.
==Која е улогата на бактериите?==
==Која е улогата на бактериите?==
Некои видови бактерии се нормално присутни на одредени делови од човечкото тело. Тие живеат во или на :
Некои видови бактерии се нормално присутни на одредени делови од човечкото тело. Тие живеат во или на :
Ред 22: Ред 39:
==Превенција од ендокардитис==
==Превенција од ендокардитис==
Сите случаи на ендокардитис неможат да бидат превенирани, од причина што неможно е секогаш да се знае кога настанала бактериемија. Од друга страна пак, на оние пациенти кои се со зголемен ризик од настанување на ендокардитис им се препорачува употреба на антибиотици пред одедени хируршки, гинеколошки и стоматолошки процедури.

== Надворешни врски ==
* [http://heartcenter.seattlechildrens.org/conditions_treated/endocarditis.asp Endocarditis]
* [http://www.mitralvalverepair.org/content/view/163/Acute Endocarditis, Embolic Stroke]

[[en:Endocarditis]]

Преработка од 17:27, 17 мај 2013

Бактериски ендокардитис
Бактеријата Bartonella henselae
СпецијалностКардиологија, заразна болест Уреди на Википодатоците
Обдукција на срце

Бактериски ендокардитис претставува инфекција на внатрешниот слој на срцето или на срцевите залистоци.Бактерискиот ендокардитис е сериозна и понекогаш фатална болест. За тоа да се случи потребни се две работи: бактерии и слабо срце.Може да заболат мажи, жени, деца, луѓе од сите раси и етнички групи.

Која е улогата на бактериите?

Некои видови бактерии се нормално присутни на одредени делови од човечкото тело. Тие живеат во или на :

  • Усната празнина, горните делови на респираторниот систем,
  • Цревата и уринарниот систем
  • Кожата

Бактериите можат да навлезат во крвотокот. Оваа состојба се нарекува бактериемија. Тие понатаму можат да се „населат“ на срцевите залистоци или на други оштетени срцеви структури. Ако ова се случи, тие можат да ги оштетат или дури и да ги уништат срцевите залистоци.Срцевите залистоци се важни во овозможувањето правилен и еднонасочен тек на крвта низ срцето.

Ако бидат оштетени, последиците може да бидат многу сериозни. Краткотрајни епизоди на бактериемија се честа појава после многу инвазивни процедури ( медицински процедури кои го нарушуваат интегритетот и целовитоста на кожата). Пример за тоа се одредени хируршки и стоматолошки зафати. Исто така важно е да се напомене дека не сите видови бактерии имаат потенцијал да предизвикаат ендокардитис, туку само одредени видови.

Која е улогата на срцето?

Луѓе со нормално срце ретко добиваат ендокардитис. Оние пациенти кои имаат одредени претходно постоечки состојби на срцето се со поголем ризик за развој на ендокардитис кога ќе настане бактериемија. Срцеви состојби кои ги ставаат пациентите во категорија на зголемен ризик се:

  • Вештачка (простетична) валвула
  • Претходна историја за ендокардитис
  • Оштетени (лузнасто) променети срцеви валвули од ревматско или друго срцево заболување
  • Одредени видови на вродени срцеви маани
  • Хипертрофична кардиомиопатија
  • Трансплантирано срце

Пациентите кои претходно имале ендокардитис се со зголемен ризик повторно да добијат ендокардитис. Ова важи и во ситуации кога срцето нема структурни оштетувања. После хируршка корекција на одредени вродени срцеви маани ризикот за развој на ендокардитис драстично се намалува.

Превенција од ендокардитис

Сите случаи на ендокардитис неможат да бидат превенирани, од причина што неможно е секогаш да се знае кога настанала бактериемија. Од друга страна пак, на оние пациенти кои се со зголемен ризик од настанување на ендокардитис им се препорачува употреба на антибиотици пред одедени хируршки, гинеколошки и стоматолошки процедури.

Надворешни врски