Исправи се, Делфина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q12752384
Ред 67: Ред 67:
[[Категорија:Македонски филмови|Исправи се, Делфина]]
[[Категорија:Македонски филмови|Исправи се, Делфина]]
[[Категорија:Македонски филмови од 1977]]
[[Категорија:Македонски филмови од 1977]]

[[sr:Исправи се, Делфина]]

Преработка од 12:25, 5 мај 2013

„Исправи се, Делфина“
плакат за филмот
РежисерАлександар Ѓурчинов
СценаристАлександар Ѓурчинов
Главни улогиСтоле Аранѓеловиќ
Неда Арнериќ
Дарко Дамески
Слободан Димитриевиќ
Диме Илиев
МузикаСлаве Димитров
КинематографијаКиро Билбиловски
МонтажаДимитар Грбевски
Лазар Паковски
ДистрибутерВардар филм
Премиера1977
Времетраење101 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонски

Исправи се, Делфина е македонски филм од 1977 година на режисерот Александар Ѓурчинов, работен по негово сопствено сценарио. Во главните улоги се јавуваат Столе Аранѓеловиќ, Неда Арнериќ, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ и Диме Илиев. Филмот е инспириран од вистински настан - препливувањето на каналот Ла Манш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи[1][2]. Самата Бојаџи која со прекар Охридскиот делфин (од таму и името на главниот јунак во филмот) е еден од соработниците на филмот[3], а и се појавува во една сцена од него - при излегувањето од водата од Ла Манш[1].

Содржина

Филмот е приказна за девојката Делфина (Неда Арнериќ), која додека се обидува да го преплива каналот Ла Манш се навраќа на пресвртните моменти од нејзиниот живот, кој, изгледа единствено би добил смисла доколку таа успее во својата мисија. При препливувањето, на бродчето што ја следи се нејзиниот тренер Атанас и нејзиниот пријател Петко, кои постојано ја бодрат и ѝ помагаат. Во меѓувреме, Делфина се сеќава „на запознавањето со Младен, тренерот на републичката репрезентација во пливање, за првите интимни контакти со него, за наставата во угостителското училиште и за членувањето во локалниот пливачки клуб[3] и др. Во еден критичен момент, кога се чини дека Делфина нема да може да го оствари својот подвиг, Петко скокнува во водата и плива заедно со неа. Благодарение на неговата подршка, таа ја надминува и последната криза и конечно, успева да го преплива Ла Манш. По повод нејзиниот успех, во Скопје се одржува свечен прием на кој присуствува и Младен. Сепак, Делфина се поздравува со Петко и потоа „заминува по патот што самата го одбрала[3].

Локации

Почетните сцени од филмот кога Делфина влегува во морето за да го преплива Ла Манш се снимени на плажа во Будва. Сцените додека плива и излегува од водата се снимани на Охридското езеро.

Бисери

На вакви таленти треба да им се помогне. Кажи малечка, сакаш да снимиш плоча или да настапиш на телевизија, а? Речи само, имаме ние пријатели. Да, ќе те лансираме, чесен збор. Па и зошто да не !?! Ај да загубиме некое милионче, како на пример со рекламните костуми на Делфина. Нема врска, наши сме. Знам, знам што сакаш да речеш: едно губиш, друго добиваш. Ги знам јас приказните на рекламните агенти, сите сте исти, грабате каде што ќе стигнете, а друг ви ги плаќа сметките, та после: згрешиваме шефе, ќе се извадиме со нови таленти.

Реакции и награди

Реакции

Филмот „Исправи се Делфина“ е добитник на бројни југословенски и меѓународни признанија и е еден од најбараните македонски играни филмови во светот[3]. Оценет е како „ремек-дело[1], а и како „можеби најкултниот македонски филм[4]. Една од неговите предности е тоа што тој е „еден од првите со поурбана и понормална содржина[4]. „Присутноста на актуелниот животен миг во нашиот игран филм, воопшто беше во една постојана медиумска ретардација,“ се вели во рецензијата на Исправи се, Делфина на страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар, па токму „со овој филм Ѓурчинов, всушност, воспостави една - условно кажано - нова жанровска ориентација, што се содржи во изборот на посебни аспекти од современото живење на нашиот човек.[3] И онака култната актерка Неда Арнериќ за својата изведба во Исправи се, Делфина добива Сребрена Арена на „Филмскиот Фестивал“ во Пула и уште повеќе ја зголемува својата популарност.[4]

Награди

Белешки

Надворешни врски