Анж Жак Габриел: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Bot: Migrating 17 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q352451 (translate me)
Ред 44: Ред 44:
[[Категорија:Парижани]]
[[Категорија:Парижани]]
[[Категорија:Починати во 1782 година]]
[[Категорија:Починати во 1782 година]]

[[ar:جاك آنج جابرييل]]
[[de:Ange-Jacques Gabriel]]
[[en:Ange-Jacques Gabriel]]
[[es:Ange-Jacques Gabriel]]
[[eu:Ange-Jacques Gabriel]]
[[fr:Ange-Jacques Gabriel]]
[[hy:Անժ-Ժակ Գաբրիել]]
[[it:Ange-Jacques Gabriel]]
[[nl:Ange-Jacques Gabriel]]
[[ja:アンジュ=ジャック・ガブリエル]]
[[pl:Jacques-Ange Gabriel]]
[[pt:Ange-Jacques Gabriel]]
[[ru:Габриэль, Анж Жак]]
[[fi:Ange-Jacques Gabriel]]
[[sv:Ange-Jacques Gabriel]]
[[tr:Ange-Jacques Gabriel]]
[[uk:Анж Жак Ґабріель]]

Преработка од 04:52, 24 април 2013

Портрет на Анж Жак Габриел од сликарот Жан Батист Грез

Анж Жак Габриел (француски: Ange-Jacques Gabriel; 23 октомври 16984 јануари 1782) бил истакнат француски архитект, највлијателен во својата генерација, којшто бил главен архитект на дворот на кралот Луј XV, стекнувајќи се со чинот на Прв кралски артхитект. Тој бил еден од најзначајните претставници на француската класична архитектура.

Биографија

Роден е во 1698 г. во Париз, и се обучувал кај кралскиот архитект Робер де Кот и кај татка си, кому му помагал во проектирањето на Кралскиот дворец (сега Палата на берзата) во Бордо (завршен 1735). Во 1728 г. младиот Габриел Потоа станува член на Кралската архитектонска академија. Од 1735 г. работел како главен помошник на татка си, кој бил главен архитект на Версај, а во 1742 го презел неговото работно место, и со тоа станал најважниот архитект Франција. На ова место се задржал во текот на речиси целото владеење на Луј XV.

„Малиот Тријанон“ во Версај

Во 1754 г. Габриел почнал да работи на симетричните палатијални фасади на зданијата што ја образуваат северната меѓа на тогашниот плоштад „Луј XV“ (сегашен плоштад Конкорд) во Париз, завршувајќи ги во 1763. Зданието десно служело како складиште за кралската покуќнина (mobilier de la couronne), со луксузно сместување за управникот. Од 1789 наваму во зданието е сместен адмиралштабот.

Габриеловата воздржаност во планирањето и детаљите претставувала движечка сила во преодот од рококо во неокласицизмот. Во текот на четири децении Габриел бил единствениот одговорен за изградба во Версај (објект во поново време наречен „Габриелово крило“), но и за постојаната преработка на одаите во Версај. Неговиот „Мал Тријанон“ претставува бисер на францускиот класицизам.

Габриел починал во Париз во 1782 г.

Поважни дела

Палатата на берзата во Бордо

Поврзано

Литература

  • Gromort G., Jacques-Ange Gabriel, sa vie, son oeuvre, P. 1933.

Надворешни врски