Разлика помеѓу преработките на „Шведски јазик“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 2.178 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
 
Стандардниот шведски е национален и официјален јазик во Кралството Шведска и се базира на [[централношведски дијалекти|централношведските дијалекти]]. Шведскиот е официјален јазик и во Финска. Стандардната норма почнала да се развива во 19 век, а веќе во раниот 20 век бил стандардизиран. Зборовниот редослед на шведскиот јазик е [[подмет-прирок-предмет]], но овој редослед може понекогаш и да се измени. Шведската морфологија е слична со англиската, односно јазикот има неколку инфлекции, два рода, два падежа и два броја. Во јазикот постојат [[номинатив]]от и [[генитив]]от, но можат да се пронајдат и остатоци од [[акузатив]]от и [[датив]]от.
 
== Класификација==
 
Шведскиот е индоевропски јазик, кој е дел од подгупата на [[северногермански јазици]] од групата на [[германски јазици]]. Во рамките на северногерманските јазици, шведскиот е дел од [[источноскандинавски јазици|источноскандинавските јазици]], заедно со [[дански]]от. Дел од [[западноскандинавски јазици|западноскандинавските јазици]] се [[Фарски јазик|фарскиот]], [[Исландски јазик|исландскиот]] и [[Норвешки јазик|норвешкиот]]. Сепак, скорешни истражувања ја потврдуваат класификацијата на ''островски скандинавски јазици'' (фарски и исландски) и ''континентални скандинавски јазици'' (дански, норвешки и шведски).
 
Поради големата сличност меѓу континенталните скандинавски јазици, тие може да се сметаат за дијалекти на еден заеднички скандинавски јазик. Сепак, поради големото ривалство меѓу Данска и Шведска, вклучително и серија војни во 16 и 17 век, во 19 и 20 век се пројавиле националистичките идеи и со тоа јазиците се стекнале со различни правописни норми, вклучително и речници, граматики и регулаторни тела. Јазичарите понекогаш тврдат дека данскиот, норвешкиот и шведскиот сочинуваат [[дијалектен континум]] на еден (скандинавски) јазик.<ref name="crystal">{{Harvnb|Crystal|loc=''Scandinavian''}}</ref>
 
==Наводи==

Прегледник