Дмитриј Менделеев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 106 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q9106 (translate me)
с Bot: Migrating 2 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q9106 (translate me)
Ред 78: Ред 78:
[[Категорија:Членови на Пруската академија на науките]]
[[Категорија:Членови на Пруската академија на науките]]


[[ckb:دیمیتری مەندەلیێڤ]]
[[sh:Dmitrij Mendeljejev]]
--[[Special:Contributions/217.16.91.177|217.16.91.177]] <small>([[User talk:217.16.91.177|разговор]])</small> 11:56, 14 февруари 2013 (CET)--[[Special:Contributions/217.16.91.177|217.16.91.177]] <small>([[User talk:217.16.91.177|разговор]])</small> 11:56, 14 февруари 2013 (CET)
--[[Special:Contributions/217.16.91.177|217.16.91.177]] <small>([[User talk:217.16.91.177|разговор]])</small> 11:56, 14 февруари 2013 (CET)--[[Special:Contributions/217.16.91.177|217.16.91.177]] <small>([[User talk:217.16.91.177|разговор]])</small> 11:56, 14 февруари 2013 (CET)

Преработка од 03:53, 2 април 2013

Дмитриј Менделеев
Дмитриј Менделеев во 1897
Роден(а)8 февруари 1834(1834-02-08)
Тоболск, Руска империја
Починал(а)2 февруари 1907(1907-02-02) (возр. 72)
Санкт Петербург, Руска империја
НационалностРусин
ПолињаХемија, физика и сличните области
Познат поИзмислување на периодниот систем на хемиските елементи

Дмитриј Иванович Менделеев (Тоболск - Сибир, 8 февруари 1834 - Петроград, 2 февруари 1907) бил руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област. Тој е татко на Периодниот систем на хемиските елементи.

Живот

Се родил како четиринаесетто дете во семејството. Татко му починал бргу по неговото раѓање, а подоцна неговото семејство се преселило во Москва со цел талентираниот Димитриј да се запише на универзитет. По долготрајните напори се запишал на педагошкиот институт во Санкт Петербург. Студиите ги завршил со златен медал, а потоа продолжил со студии по хемија во Одеса. Во Санкт Петербург станал професор по хемија на тамошниот Технички институт.

Менделеев престојувал во Германија и Франција каде што работел со познати научници како Бунзен, Кирхоф и Каницаро. Покрај тоа што ја составил првата таблица на периодниот систем на елементите, тој работел и на решавање на различни технички проблеми во индустријата. Особено е значајна неговата работа врз развојот на методите за изучување на хемијата. Во 1890 година, ги поддржал своите студенти во барањето на подобри студентски услови, при што влегол во отворен конфликт со власта. Затоа бил предвреме пензиониран.

Починал во 1907 година, но неговото дело (периодниот систем на елементите) продолжило да расте и живее. Тој е првиот хемичар кој го открил и направил периодниот систем.

Периоден систем на Менделеев од 1871 година

Менделеевиот периодичен систем на елементите е најелегантна организациона карта што е измислена кога било

Димитар Чулев


Разбирливо, во 17, 18, 19 век хемијата бавно се организирала, хемичарите долго работеле во изолација, откритијата тешко се пробивале до нивните колеги, бавно се воспоставувале конвенции дури и за обележување на елементите и на нивните хемиски споеви. Хемичарите користеле хаотично множество од најразновидни симболи и скратеници. Швеѓанецот Јенс Јакоб Берзелиус (1779-1848) внел малку ред кога ја вовел практиката елементите да се нарекуваат според нивните грчки или латински имиња и да се одбележуваат со првите букви од тие имиња: Fe за ferrum - железо, за сребро Ag (argentum) или Au од aurum за злато.

Но, безредието ќе остане се' до втората половина на 19 век кога на Универзитетот во Санкт Петербург се појавил чудниот професор со уште почуден изглед и карактер со име Дмитриј Иванович Менделеев. Се родил во 1834 во село во близина на градот Тоболск на крајниот исток на Сибир како најмало меѓу 11, 14 или дури 17-те деца (извор Википедија) на Иван и Марија Менделееви. Таткото, директор на локално училиште, ослепува и набргу умира, фабриката каде што работела мајка му изгорела и семејството во 1849 се сели 4.000 километри на запад во Санкт Петербург каде што, како што обично бидува, вистинскиот човек се пронаоѓа себе на вистинското место. Станува познат по низа откритија како професор на Универзитетот, добива признанија од Кралскиот универзитет во Лондон, пред крај на животот станува член на шведската Кралска академија на науки. Во 1906 година е номиниран за Нобелова награда која никогаш не му била доделена со објаснување дека за неговото најголемо откритие 35 години претходно - Периодичниот систем на елементите - било предоцна да добие „Нобел“. Умрел една година подоцна, но не е заборавен. На Месечината има кратер што го носи неговото име, а 101. елемент во Периодичниот систем, радиоактивниот менделевиум, откриен во 1955 година, е наречен така во негова чест. „Сосем соодветно - бил коментарот на извесен Пол Стратон - тоа е многу нестабилен елемент“ веројатно, како што пишува Бил Брајсон во својата Историја на речиси се', поради избувливиот карактер на Менделеев, кој имал и чудна навика само еднаш годишно да се потстрижува и да сe бричи.

Несреден по изглед, токму тој ги средил елементите. И повеќе од тоа.

Како што обично бидува во науката, англискиот хемичар-аматер Џон Њулендс забележал дека кога елементите ќе се наредат по нивната атомска тежина (методот за одредување тежина го открил Авогадро, оттаму константата за пресметување се нарекува Авогадров број) одредени слични својства се повторуваат кај секој осми елемент. Иако теоријата била несовршена и непрецизна, Њуленд побрзал и ја прогласил за Закон за октавите, правејќи аналогија со тоновите на клавијатурата кај пијаното. Се разбира, бил исмеан.

Менделеев бил попрецизен, три години подоцна и независно од Њулендс ќе тргне од истата премиса дека својствата кај елементите периодично се повторуваат и ќе ги смести во групи по седум члена. Одеднаш се создал ред и секој елемент си го нашол своето место во табелата наречена Периодичниот систем за која велат дека била инспирирана од играта со карти наречена „пасијанс“, во која картите се редат хоризонтално по боја, а вертикално по големина. Наредени на сличен начин, во хоризонтални редови наречени периоди (каде што расте бројот на протони на секој нареден елемент) во вертикални колони наречени групи, сличните својства на елементите станале видливи. На пример, бакарот, среброто, златото добија место еден над друг поради истите хемиските афинитети на овие благородни метали, а хелиумот, неонот, аргонот биле еден над друг во крајната десна колона како гасови.

Се' било наместо. Водородот со атомски број 1 го добил првото место, ураниумот со 92 протона е на 92. место. Менделевиумот откриен половина век по неговата смрт со 101 протон во атомското јадро е на 101. место.

Но, она што го чини откритието на Менделеев генијално е можноста да се предвидат својствата на елементи кои до таа 1869 година, кога го подарил Периодичниот систем на светот, воопшто не биле откриени. Во времето на Менделеев биле познати само 63 елементи, но тој сфатил дека тие не ја сочинуваа целата слика – дека недостигаат парчиња во мозаикот и дека празните полиња на Табелата нужно ќе се пополнат.

Тоа било прифатено со скепса се' до откритието на галиумот Ga во 1875 година. Менделеев четири години претходно предвидел постоење на таков елемент, му дал „условно име“ ека-акуминиум, бидејќи се наоѓал во колона (група) веднаш под алуминиумот. Уште три елементи кои прецизно ги опишал и им дал име ekaboron, ekamanganese и ekasilicon ќе бидат откриени подоцна и ќе ги добијат имињата скандиум(Sc), технетиум(Tc) и германиум (Ge).

Денес бројот на елементи е над 120 од кои само 92 се сретнуваат во природата. Другите се создадени во лабораториски услови. Никој не знае до каде може да порасне бројот на елементи (некои споменуваат бројката од 168 зашто се' над тој атомски број би било шпекулација), но извесно е дека секој наредно откриен елемент ќе се вклопи во совршената шема на Менделеев.

За неа хемичарот Роберт Е. Кребс во својата „Историја и користење на хемиските елементи на Земјата“ напиша: „Несомнено, Периодичниот систем на хемиските елементи е најелегантната организациона карта што е измислена кога било“.

Силикон Силиконот е убав и извонредно корисен металоид, големата сестра на јаглеродот

Силиконот, кој има симбол Si и атомски број 14, е втор најзастапен елемент по кислородот во Земјината кора. Многу метеорити во голем дел се составени од силикон, а силиконот, исто така, се наоѓа во тектити, кои веројатно биле формирани од влијанието на големи метеорити врз површината на Земјата. Силиконот, исто така, е главна компонента во каменот опсидијан, што се создава од вулкани. Бидејќи старите народи го користеле опсидијанот како алатка за сечење, за оружје и за церемонијални цели, понекогаш се наоѓа при ископувања. Така, пронајден е црн врв на стрела од опсидијан во Кетл Фолс, Вашингтон, примитивен предмет од салишкиот народ.

Силиконот е „големата сестра“ на јаглеродот и има многу исти хемиски својства. Од тие причини, силиконот е познат како хемиски аналог на јаглеродот. Но, за разлика од јаглеродот, силиконот е металоид – всушност, тој е најчест металоид на Земјата. „Металоид“ е термин што се применува за елементи кои се подобри спроводници на електронски проток – електрицитет – отколку неметалите, но не толку добри како металите. Оваа интересна карактеристика значи дека дејствува како полупроводник: атомите на силикон можат или да го зголемат или да го блокираат движењето на електроните. Оваа невообичаена карактеристика ја споделува уште еден елемент – борот. Силиконските полупроводници се наоѓаат речиси насекаде, од компјутери, дигитални камери и мобилни телефони до фрижидери.

Алуминиум

Лесен, цврст, убав и хемиски реактивен, алуминиумот можеби е најкорисен елемент во светот Алуминиумот има симбол Al и атомски број 13. Тој е најчест метал и трет најзастапен елемент на Земјата, што сочинува повеќе од осум отсто од Земјината кора. Алуминиумот е извонредно корисен и се наоѓа кај сите видови предмети, од лименки за пијалаци до чизми за јавање коњи, од компјутер и кутии за ајфон до трупот на лудото експериментално возило „остин А40 спортс“. Како многу други лесни метали, алуминиумот е силно хемиски реактивен, затоа не се наоѓа во природата во чиста состојба. Но, рудата боксит е богата со алуминиум. Бокситот првенствено се копа во Гана, Индонезија, Русија и во Суринам и се извозува во топилници во Австралија, Бразил, Канада, Норвешка, Русија и во САД – всушност, на луѓето кои живеат блиску до топилница за алуминиум им е познат звукот на сирената за смена во зорите, што личи на зевање на месечината која лебди на небото во тоа време.

Речиси целиот метален алуминиум се прочистува на индустриско ниво од боксит. Алуминиумот, исто така, е рециклирачки. Рециклирањето на алуминиум одзема само пет отсто од вкупната енергија потребна за прочистување на алуминиум од боксит. Таа рециклирачка програма е мошне успешна: неверојатно, речиси две третини од целокупниот алуминиум што е прочистен некогаш денес се' уште е во употреба!

--217.16.91.177 (разговор) 11:56, 14 февруари 2013 (CET)--217.16.91.177 (разговор) 11:56, 14 февруари 2013 (CET)