Разлика помеѓу преработките на „Гепард“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 414 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
| color = pink
| name = Гепард
| image = Cheetah4Cheetah Feb09 02.jpg
| image_width = 250px
| regnum = [[Животни]]
 
==Опис==
[[File:Cheetahskull.png|thumb|left|Череп]]
 
[[File:Cheetah paws.jpg|thumb|Шепи]]
Градите на гепардот се длабоки и неговата половина е тесна. Грубото, кратко [[крзно]] на гепардот е жолтеникаво-кафеаво со темни точки кои имаат дијаметар од 2 до 3 цм, кои му нудат [[камуфлажа]] додека лови. Нема точки на неговиот бел стомак, но опашката има точки кои се спојуваат и на крајот од опашката има 4 до 6 темни кругови. Опашката обично завршува со бушаво бело топче. Очите на гепардот се поставени високо на неговата мала [[глава]]. Црните линии од аглите на неговите очи до неговата уста ги спречуваат сончевите зраци да навлезат во неговите очи и му помагаат во ловот и видот на големи далечини. Неговото тенко и кревко тело го прави совршен за кратки замави со голема брзина, но не и за трчање на голема далечина.
 
 
Некои гепарди имаат ретка [[мутација]] на крзното од поголеми, споени точки. Познати како “кралски гепарди”, некогаш се мислело дека се посебен подвид, но всушност се Африкански гепарди; нивното необично крзно е резултат на единствен рецесивен ген.
[[File:Panther & cheetah.png|thumb|left|200px|Споредбена илустрација на леопард(лево) и гепард(десно).]]
 
Шепите на гепардот имаат полу-вовлечливи [[канџи]], кои му нудат поголема контрола во неговите замави со голема брзина. Структурата на [[лигамент]]ите во неговите канџи е иста како и на гругите мачки; единствено му недостига обвивката од кожа и крзно која е присутна во други видови и затоа канџите му се секогаш видливи.
 
 
За разлика од вистинските големи мачки од подфамилијата [[Pantherinae]], гепардот ја има способноста да преди додека вдишува, но не може да рика. Спротивно на тоа, големите мачки можат да рикаат, но не можат да предат, освен кога издишуваат. Некои сеуште го сметаат гепардот за најмала од големите мачки. Додека често е помешуван со леопардот, гепардот има карактеристични белези, како гореспоменатите црни линии од аглите на очите до устата, и точки кои не се “розети”. Гепардот исто така има послабо тело од леопардот.
[[File:Cheetahs on the Edge (Director's Cut).ogv|thumb|right|Документарно видео на кое се гледа движењето на гепардот.]]
 
Гепардот е чувствителна раса. Од сите големи мачки, тој има најмала способност на приспособување на нови средини. Отсекогаш било тешко да се одгледува во затворени простори, иако неодамна неколку зоолошки успеаја во ова. Една техника била да му се претстави [[куче]] како придружник и куче-чувар за да му се овозможи на гепардот да се чувствува помалку загрозено.
 
3

уредувања

Прегледник