Инвокација: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 8 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q1671839 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
'''Инвокација''' ([[латински јазик|лат.]]: ''invocare'' - “повикување“) или молитва е повикување на [[Господ]], [[бог]] или богиња, некоја личност и сл. за да биде прашана за нешто или од неа да се побара помош, заштита или нејзино духовно присуство во одредена церемонија, или пак едноставно поради обожување. Тоа е религиозно дејство за повикување на повисока сила. На пример, во [[католицизмот]] тоа е повикување на [[светец]]от.
'''Инвокација''' ([[латински јазик|лат.]]: ''invocare'' - „повикување“) или молитва е повикување на [[Господ]], [[бог]] или богиња, некоја личност и сл. за да биде прашана за нешто или од неа да се побара помош, заштита или нејзино духовно присуство во одредена церемонија, или пак едноставно поради обожување. Тоа е религиозно дејство за повикување на повисока сила. На пример, во [[католицизмот]] тоа е повикување на [[светец]]от.


Инвокацијата обично се изведува во однапред определена форма, со [[говор]] или дејство на оној што ја прави. На пример, претходно определен текст за инвокација е молитвата “Оче наш“.
Инвокацијата обично се изведува во однапред определена форма, со [[говор]] или дејство на оној што ја прави. На пример, претходно определен текст за инвокација е молитвата “Оче наш“.

Преработка од 17:10, 24 март 2013

Инвокација (лат.: invocare - „повикување“) или молитва е повикување на Господ, бог или богиња, некоја личност и сл. за да биде прашана за нешто или од неа да се побара помош, заштита или нејзино духовно присуство во одредена церемонија, или пак едноставно поради обожување. Тоа е религиозно дејство за повикување на повисока сила. На пример, во католицизмот тоа е повикување на светецот.

Инвокацијата обично се изведува во однапред определена форма, со говор или дејство на оној што ја прави. На пример, претходно определен текст за инвокација е молитвата “Оче наш“.

Генерално, сите религии ги користат инвокациите (молитвите), литургиите или пеењето духовни песни; во хиндуизмот и будизмот тоа се т.н. мантри, во египетската религија е “појавувањето со денот“ (т.е. “Книгата на мртвите“), орфизмиските пеења и многу сочувани свети текстови, напишани со клинесто писмо на глинени плочки, упатени до Shamash, Ishtar и други божества.

Во хеленската митологија инвокацијата е воведување во епската песна, повикување на музите кои на поетот треба да му помогнат во потфатот да го создаде делото[1].

Поимот инвокација, исто така, се објаснува како техника на магијата. Изведувачот верува дека тој може да го повика духот, тој е убеден во неговото постоење. Во потесна смисла, овде поимот може да значи: “повикување во“ (лат. in-vocare), во случајов, повикување “во телото на изведувачот на магијата“.

Од научна перспектива, инвокацијата се смета за окултна, духовна постапка со која се повикуваат суштества кои не се реални, туку постојат само во фантазијата на "волшебникот".

Види исто така

Наводи