Битка кај Мечкин Камен: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Менува: en:Battle of Mečkin Kamen
с Bot: Migrating 2 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q3401248 (translate me)
Ред 33: Ред 33:
[[Категорија:Битки во Илинденското востание]]
[[Категорија:Битки во Илинденското востание]]
{{Борби на МРО}}
{{Борби на МРО}}

[[bg:Битка на Мечкин камен]]
[[en:Battle of Mečkin Kamen]]

Преработка од 08:02, 20 март 2013

Битката кај Мечкин камен е една од најголемите и најкрвавите борби во екот на Илинденското востание, битката се одиграла кај градот Крушево.

Битката

Повод

Знамето на третиот одред на Питу Гули[1]
Питу Гули

На 3 август 1903 година е прогласена Крушевската република. На 12 август повеќе од десетилјадна армија на Бахтиар паша го опкружува Крушево. На седницата на војводскиот совет е решено сите чети да се повлечат од градот, но војводата Питу Гули го напуштил собранието и одлучил да се бори, така од 1200 четници во градот, само неговите 370 заминале да го бранат.

Борбата

Четниците на Питу Гули се утврдиле на Мечкин Камен - скалесто плато на Биринска Планина, која е падина од Баба планина. Питу Гули пред самата борба одржал говор и заповедал поради ограничените резерви на муниција, да не се пука сè додека турците не се доближат блиску.

Одредот се поделил на 9 чети, една под команда на Питу Гули, а другите под команда на осум други војводи кој стоеле на чело на селските милиции.

Турците настапувале од три страни - од селата Бирино, Журче и Острилци. Борбата започнала во 10 часот наутро, откако четниците го задржале башибозлукот нападнала редовната армија. Во 19 часа приквечер Мечкин Камен бил опколени и Турците започнуваат со решителен напад.

При нападот загинале најпрво Георги Димев и неговиот заменик Нове Смугрев. Во жестока борба Питу Гули станува и почнува да пука и тој паѓа убиен, борбата продолжила, а војводите Блаже и Грлука со еден дел од четниците успеале да избегаат во длабоката река и да се сокријат во шумата. Во оваа битка загинале 40 комити.

Последици

И покрај победата на Мечкин камен, Турците продолжуваат да го бомбардираат Крушево, а потоа во градот навлегол башибозлукот и редовната војска. Од мирното население загинаале 117 лица - меѓу нив 15 жени, 5 девојки и 6 деца. 150 девојки и жени се силувани. Изгореле на 159 куќи и 210 дуќани.

Извори

  1. Иванов, Иван, Български бойни знамена и флагове, изд. Св. Георги Победоносец, София 1998 г., „Знамената на освободителното движение и въстанията в Македония и Тракия“

Надворешни врски