Апендикуларии: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава war:Appendicularia
с Bot: Migrating 26 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q28960 (translate me)
Ред 72: Ред 72:


[[Категорија:Туникати]]
[[Категорија:Туникати]]

[[be-x-old:Апэндыкулярыі]]
[[bg:Личинкови]]
[[ca:Larvaci]]
[[ceb:Appendicularia]]
[[cs:Vršenky]]
[[de:Copelata]]
[[en:Larvacea]]
[[es:Appendicularia]]
[[fr:Appendicularia]]
[[ko:유형류]]
[[it:Copelata]]
[[ka:აპენდიკულარიები]]
[[kk:Аппендикуляриялар]]
[[lv:Apendikulārijas]]
[[lt:Apendikuliarijos]]
[[ja:オタマボヤ綱]]
[[no:Halesekkdyr]]
[[pl:Ogonice]]
[[pt:Larvacea]]
[[ru:Аппендикулярии]]
[[sk:Vršovky]]
[[fi:Pyrstökkäät]]
[[sv:Appendikularier]]
[[uk:Апендикулярії]]
[[war:Appendicularia]]
[[zh:尾海鞘纲]]

Преработка од 05:56, 19 март 2013

Апендикуларии
Appendicularia
Oikopleura dioica.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Потколено: Urochordata
Класа: Appendicularia
Фамилии

Fritillariidae
Kowalevskiidae
Oikopleuridae

Апендикулариите (научно: класа Appendicularia или Larvacea) се многу мали и проѕирни слободнопливачки животни. За разлика од останатите туникати, тие никогаш не образуваат колонии. Големината на телото се движи од 0,3 до 2,5 cm. Ларвите на апендикулариите не подлежат на регресивна метаморфоза како што е кај асцидиите, односно поедноставување на градбата на телото и губиток на некои важни органи, како што се нотохордот и сетилните органи. Хордата кај нив се задржува во текот на целиот живот, по што апендикулариите се разликуваат од останатите туникати.

Морфологија и анатомија

Телото на апендикулариите се дели на труп и опашка. Општиот изглед на апендикуларијата потсетува на полноглавец од жаба. Опашката, која е неколку пати подолга од округлото тело на животното, е прикрепена за стомачната страна во вид на долга и тенка плочка. Неа апендикуларијата ја чува ротирана за 90 ° околу нејзината надолжна оска и ориентирана кон стомачната страна. Долж средината на опашката, по целата нејзина должина се протега хордата која претставува едно еластично стапче што се состои од ред на крупни клетки. На секоја страна од хордата се наоѓаат по 2 мускулни ленти, од кои секоја е изградена од десетици џиновски клетки.

На предниот крај од телото се наоѓа устата, која води во голема голтка. Таа е во непосреден контакт со надворешната средина преку две големи овални жабрени цепнатинки или стигми. Кај овие животни отсуствува околужабрената празнина со клоаката (која е присутна кај асцидиите). На стомачната страна од голтката лежи ендостилот (подголточна бразда), а на спротивната страна надголточната бразда. Ендостилот ги придвижува парченцата од храна во системот за варење, кој има облик на потковичеста издолжена цевка, а се состои од хранопровод, краток желудник и кратко задно црево, кое завршува со анален отвор на стомачната страна од телото.

На стомачната страна од телото, под желудникот, се наоѓа срцето. Тоа има форма на издолжен цилиндар, чија дорзална страна лежи непосредно блиску до желудникот. Кон предниот дел на трупот од срцето поаѓаат крвни садови - стомачни и грбни. Во предниот дел на голтката тие се поврзани со еден кружен сад. Апендикулариите поседуваат систем од лакуни во кои исто како и во крвните садови циркулира телесната течност. Исто така, по дорзалната и вентралната страна од опашката одат крвни садови. Срцето на апендикулариите, како и кај останатите туникати, периодично ја менува насоката на крвотокот - неколку минути во една, а потоа во друга насока. Тоа работи многу брзо, при што ја менува насоката на крвта и до 250 пати во минута.

Нервниот систем се состои од голема церебрална ганглија од која наназад поаѓа грбна нервна врвка што достигнува до крајот на опашката и минува над хордата. Близу основата на опашката, нервната врвка образува проширување - мало нервно клопче. Неколку вакви нервни клопчиња (или ганглии) има и долж опашката. На дорзалната страна на церебралната ганглија се надоврзува мал орган за размнотежа - статоцист, а на дорзалната страна од голтката има мала јамичка. Се верува дека таа е орган за мирис. Други сетилни органи не постојат. Посебни органи за вид отсуствуваат.

Апендикулариите се хермафродити. Во задниот дел од трупот се наоѓа јајчникот кој е потиснат меѓу двата семеника. Сперматозоидите се изнесуваат преку отворите на грбната страна на телото, додека јајцата попаѓаат во водата по напукнувањето на телесниот ѕид. По ова, апендикуларијата изумира.

Куќички

Сите апендикуларии градат многу карактеристични куќички кои се резултат на одвојувањето на група клетки од кожниот епител. Оваа донекаде заострена нанапред, тенкоѕидна и желатинозна куќичка е проѕирна и најпрво лежи прилепена за телесниот ѕид, а потоа се одвојува, така што животното може слободно да се движи внатре во куќичката. Куќичката во исто време е и туника, но кај апендикулариите таа не содржи туницин, туку хитин, супстанца која се среќава кај многу без‘рбетници и роговите од копитарите. Предниот и задниот крај на куќичката е опремен со неколку отвори. Во внатрешноста на куќичката, апендикуларијата произведува брановидни движења со опашката, со што се создава струење на водата, која со самото нејзино излегување од куќичката го придвижува животното во спротивен правец од нејзиниот тек. На онаа страна од куќичката која е во насоката на движење на животното, на нејзиниот горен дел, постојат два отвори со решеткаста градба. Оваа решетка е филтер за навлегувачката вода, при што ги издвојува само најмалите планктонски хранливи честички (ширината на порите од решетката изнесува 9-46 микрони, а должината 65-127 микрони). Поголемите честички (како ракчиња, радиоларии и дијатомеи) не можат да продрат во куќичката.

Карактеристична особина за апендикулариите е постојаниот број на клетки од кои е изградено телото. Ова важи и за органите. Ваква особина се среќава уште кај ротиферите и цевчесттие црви.

Систематика

Оваа класа се состои од три фамилии и 64 родови [1].

Извор

Наводи

  1. WoRMS (2009): Copelata. Accessed through: World Register of Marine Species, Online

Надворешни врски