Сапа Инка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 28 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q165948 (translate me)
Ред 27: Ред 27:


[[Категорија:Сапа Инки|Сапа Инки]]
[[Категорија:Сапа Инки|Сапа Инки]]

[[ar:إنكا سابا]]
[[ast:Inca]]
[[ca:Llista d'emperadors inques]]
[[cs:Seznam inckých panovníků]]
[[de:Sapa Inka]]
[[en:Sapa Inca]]
[[es:Inca]]
[[fr:Sapa Inca]]
[[id:Sapa Inka]]
[[iu:ᐄᓐᖃ]]
[[it:Qhapaq Inca]]
[[ka:ინკა]]
[[lt:Sapa Inka]]
[[hu:Sapa inka]]
[[nl:Sapa Inca]]
[[ja:サパ・インカ]]
[[pl:Władcy Inków]]
[[pt:Imperador Inca]]
[[qu:Sapa Inka]]
[[ru:Инка]]
[[simple:Sapa Inca]]
[[sl:Seznam inkovskih vladarjev]]
[[fi:Sapa Inca]]
[[sv:Lista över Inkarikets härskare]]
[[th:รายพระนามซาปา อินคา]]
[[tr:Sapa Inca]]
[[uk:Сапа Інка]]
[[zh:薩帕·印卡]]

Преработка од 11:07, 18 март 2013

Сапа Инки
Приказ на Сапа Инките.
Хуринска династија
   Манко Капак
   Синчи Рока
   Локе Јупанки
   Мајта Капак
   Капак Јупанки
Хананска династија
   Инка Рока
   Јавар Вакак
   Виракоча
   Пачакути
   Тупак Инка Јупанки
   Вајна Капак
   Нинан Кујочи
   Уаскар
   Атауалпа
Сапа Инки од Вилкабамба
   Тупак Хуалпа
   Манко Инка Јупанки
   Паулу Инка
   Сајри Тупак
   Титу Куси
   Тупак Амару
Поврзано
   Тавантинсују
   Сапа Инка
   Список

Сапа Инка, во превод „единствениот Инка“ или познат и како апу (боженство) или сапа (единствениот) бил владетелот на Кралството Куско, а подоцна и император на Империјата на Инките. Потеклото на оваа функција се митски и е поврзано со основањето на градот Куско, но историски се верува дека оваа функциија се создала во 1200 година. Оваа функција или титула била наследна, синот го наследува таткото. Имало две познати династии, едната предводена од Ханан, а другата од страна на Хурин. Последниот официјален Сапа Инка бил Атахуалпа, кој бил погубен од страна на Шпанците во 1533.

Династии

Династија Хурин

Цивилизација на Инките



Приказ на Сапа Инките.

Во историјата малку се знае за првата династија Сапа Инки. Нивното владеење започнало со Хурин и опсегот на владеење не се проширил надвор од границите на Кралството Куско. Нивното потекло е тесно сврзано со митското основање на Куско. Династијата била основана од Манко Капак, кој се сметал за син на богот на сонцето и негови наследници се: Синчи Рока, Локе Јупанки, Мајта Капак и Капак Јупанки. Како репутација на Сапа Инките, наредните владетели се именувале како „капак“ или воен лидер и „синчи“ или лидер. Како почеток на династијата се смета 1200 година.

Династија Ханан

Втората династија била основана од Инка Рока, син на Капак Јупанки. По смртта на Капак Јупанки, полубратот на Инка Рока Киспе Јупанки требало да го наследи тронот. Ханан се побунил и наместо него како Сапа Инка бил назначен Инка Рока. Наследници на Инка Рока во рамките на Кралството Куско се: Јахуар Хуакак, Виракоча и Пачакути. Пачакути (1438-1471) бил првиот Сапа Инка кој бил владетел на транзициониот период кога од Кралството Куско се создала Империјата на Инките. Тој бил наследен од: Тупак Инка Јупанки (1471-1493), Хуајна Капак (1493-1527), Нинан Кујочи (?-1527), Хуаскар (1527-1532) и како последен бил Атахуалпа (1532-1533).

Пачакути ја реорганизирал државата на четири покраини, секоја владеена од Апо се неколку слоеви администрација. Нинан Кујочи бил Инка за неколку денови и поради тоа некогаш не се смета за Сапа Инка.

Марионети Сапа Инки

По освојувањето на Империјата на Инките од страна на Шпанија, имало уште неколку Инки до комплетниот распад на Империјата, тие се сметаат за марионети на шпанските колонисти и тие се: Тупак Хуалпа (1533), Манко Инка Јупанки (1533–1545), Сајри Тупак (1545–1560), Титу Куси (1560–1571) и Тупак Амару.

Видете исто така