Паоло Веронезе: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додаје: zh:保罗·委罗内塞
с Бот Додава: la:Paulus Veronensis
Ред 41: Ред 41:
[[it:Paolo Veronese]]
[[it:Paolo Veronese]]
[[ja:パオロ・ヴェロネーゼ]]
[[ja:パオロ・ヴェロネーゼ]]
[[la:Paulus Veronensis]]
[[nl:Paolo Veronese]]
[[nl:Paolo Veronese]]
[[no:Veronese]]
[[no:Veronese]]

Преработка од 12:24, 12 мај 2008

Гозбата во Левиевиот дом (1573), едно од најголемите платна на XVI век. Содржината на сликава довела до истрага од страна на Инквизицијата.
Семејството на Дариј пред Александар (1570)

Паоло Веронезе (италијански: Paolo Veronese), (152819 април 1588) бил важен венецијански ренесансен сликар. Родено име му било Паоло Каљиари или Паоло Калиари (Paolo Cagliari или Paolo Caliari). Го завикале „Веронезе“ бидејќи родум бил од Верона.

Како младич, Веронезе учел кај локалните венецијански уметници како Џовани Франческо Карото. Потоа за кратко се преселил во Мантова во 1548 (каде насликал фрески во главната катедрала, Дуомо) пред да се врати во Венеција и да ја започне својата плодна кариера.

Веронезе, Тицијан и Тинторето сочинуваат триумвират од најважните венецијански сликари од доцната Ренесанса (1500-ти). Веронезе е познат како врвен колорист, како и по своите илузии во фреска и во масло. Највеќето негови дела се комплексни наративни виклуси, изведени во драматичен и разнобоен маниристички стил, полн грандиозни архитектонски окружувања и блескави свечени призори. Особено исклучителни се неговите големи слики на библиски гозби насликани за трпезарии во манастири во Венеција и Верона. Неговото кратко искуство со Инквизицијата често се споменува како увид во сликарските методи и тематики во тоа време.

Сликал и олтари, слики на митолошки теми и портрети. Во цикулација се и голем број на композициони скици во молив, мастило и туш, студии на тела во креда, како и кјароскуро модели и рикорди. Тој стоел на чело на неговата семејна ликовна работилница сѐ до неговата смрт во 1588 год.

Познати дела

Надворешни врски