Разлика помеѓу преработките на „Британска Империја“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
нема опис на уредувањето
с
с
Освен Јужна Родесија, сите други британски колонии во Африка добиле независност до 1968 година( видете ја картата). Британското повлекување од јужните и источните делови на Африка се искомплицирало од страна на белото население во регионот, особено во Родесија, каде што расистичките тензии го натерале Иан Смит, премиерот, да ја потпише Унилатералната декларација за независност од Британската Империја во 1965 година. Родесија останала во граѓанска војна која се водела помеѓу нејзиното бело и црно население се до Договорот на Ланкастер Хаус во 1979 година. Овој договор привремено и ја вратил Родесија на Британката колониска власт се додека да може да се одржат избори под британски надзор. Изборите се одржале наредната година и на нив победил Роберт Мугабе кој станал премиер на новата независна држава Зимбамве.
 
Во Средоземјето, се водела војна која ја започнало населението на грчкиот Кипар и завршила во 1960 година со осамостојување на Кипар под услов Обединетото Краластво да ги задржи воените бази на Акротири и декелија. Средоземните острови [[Малта]] и Гозо[[Гоцо]] добиле независност од Обединетото Кралство во 1964 година, иако уште во 1955 година се појавила идеја за интеграција кон Британија.
 
Најмногу од британските територии кај Западна Индија добиле независност откако во 1961 и 1962 година, Јамајка и Тринидад ја напуштиле Федеацијата, која се оформила во 1958 година со цел да ги унифицира британските колонии на Карибите под една влада, но се распаднала откако ги изгубила нејзините две најголеми земји- членки. Барбадос добил независност во 1966 година, а остатокот од источните Карибски острови во 1970-тите и 1980-тите години, но Анквила и Турските и Каикоските Острови одбрале да се вратат под британска власт откако започнале да се осамостојуваат. Британските острови Вирџин, Кајманските Острови и Монсеррат одбрале да ги задржат врските со Британија. Гана добила независност од Британија во 1966 година. Британската последна колонија на Американско копно, Британски Хондурас станала самуправувачка колонија во 1964 година и се прекрстила во Белизе во 1973 година, а во 1981 година добила целосна независност. Спорот со Гватемала за Белизе останал нерешен.

Прегледник