Западен Брег: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 25: Ред 25:
{{Никулец од областа на географијата}}
{{Никулец од областа на географијата}}


[[Категорија:Западен Брег| ]]
[[Категорија:Левант]]
[[Категорија:Палестина]]
[[Категорија:Палестина]]
[[Категорија:Израел]]
[[Категорија:Израел]]

Преработка од 01:54, 13 март 2013

Западниот Брег, нарекуван и Јудеја и Самарија, е територија на Блискиот Исток на западниот брег на реката Јордан.

По распаѓањето на Османлиската Империја, оваа територија станува дел од Британскиот Мандат Палестина. По Арапско-израелската војна од 1948 година, Западниот Брег е освоен и припоен од страна на Јордан. Територијата останува под јорданска власт до 1967 година, кога во текот на Шестдневната војна, Израел го освојува Западниот Брег. Со исклучок на Источен Ерусалим, Западниот Брег не е припоен од страна на Израел.

Управување со Западниот Брег

Според Договорот од Осло од 1993 година, конечниот статус на Западниот Брег треба да биде предмет на иден договор помеѓу Израел и палестинската страна. Според привремениот договор, Изреал ги повлече своите воени сили од одедени делови од Западниот Брег, кој тогаш беше поделен на три области:

  • Земја контролирана и управувана од Палестинците (Област А)
  • Земја контролирана од Израел, но управувана од Палестинците (Област Б)
  • Земја контролирана и управувана од Израелците (Област В)

Областите Б и В претставуваат најголем дел од територијата на Западниот Брег.

Демографија

Според проценките на Палестинското Биро за статистика, на крајот од 2006 година во Западниот Брег (вклучувајќи го и Источен Ерусалим) живеат околу 2,5 милиони Палестинци. На Западниот Брег има и преку 260.000 израелски доселеници, како и околу 185.000 доселеници што живеат во припоениот Источен Ерусалим.

Поврзано

Предлошка:Никулец од областа на географијата