Фредерик Шопен: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени во текстот (од 217.16.88.195) и вратена ревизијата 2884659 на MerlIwBot
с Bot: Migrating 106 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q1268 (translate me)
Ред 197: Ред 197:
{{Link FA|pt}}
{{Link FA|pt}}


[[af:Frédéric Chopin]]
[[ar:فريدريك شوبان]]
[[an:Frédéric Chopin]]
[[ast:Frédéric Chopin]]
[[az:Frederik Şopen]]
[[bn:ফ্রেদেরিক শোপাঁ]]
[[ba:Фредерик Шопен]]
[[be:Фрыдэрык Шапен]]
[[be-x-old:Фрыдэрык Шапэн]]
[[bg:Фредерик Шопен]]
[[bs:Frédéric Chopin]]
[[br:Frédéric Chopin]]
[[ca:Frédéric Chopin]]
[[cs:Frédéric Chopin]]
[[cy:Frédéric Chopin]]
[[da:Frédéric Chopin]]
[[de:Frédéric Chopin]]
[[et:Frédéric Chopin]]
[[el:Φρεντερίκ Σοπέν]]
[[en:Frédéric Chopin]]
[[es:Frédéric Chopin]]
[[eo:Frédéric Chopin]]
[[eu:Frédéric Chopin]]
[[fa:فردریک شوپن]]
[[hif:Frédéric Chopin]]
[[fr:Frédéric Chopin]]
[[fy:Frédéric Chopin]]
[[ga:Frédéric Chopin]]
[[gv:Frédéric Chopin]]
[[gd:Frédéric Chopin]]
[[gl:Frédéric Chopin]]
[[gan:蕭邦]]
[[ko:프레데리크 쇼팽]]
[[hy:Ֆրեդերիկ Շոպեն]]
[[hr:Frédéric Chopin]]
[[io:Frédéric Chopin]]
[[ilo:Frédéric Chopin]]
[[id:Frédéric Chopin]]
[[ia:Frederic Chopin]]
[[is:Frédéric Chopin]]
[[it:Fryderyk Chopin]]
[[he:פרדריק שופן]]
[[krc:Шопен, Фредерик]]
[[ka:ფრიდერიკ შოპენი]]
[[kk:Шопен, Фредерик]]
[[sw:Frédéric Chopin]]
[[ku:Frédéric Chopin]]
[[mrj:Шопен, Фредерик]]
[[la:Fridericus Chopin]]
[[lv:Frideriks Šopēns]]
[[lb:Frédéric Chopin]]
[[lt:Frederikas Šopenas]]
[[lij:Frédéric Chopin]]
[[li:Frédéric Chopin]]
[[hu:Frédéric Chopin]]
[[ml:ഫ്രെഡെറിക് ഷൊപിൻ]]
[[mt:Frédéric Chopin]]
[[mr:फ्रेदरिक शोपें]]
[[arz:فريدريك شوبان]]
[[ms:Frédéric Chopin]]
[[mn:Фредерик Шопен]]
[[my:ရှိုပန်၊ ဖရက်ဒရစ်]]
[[nah:Frédéric Chopin]]
[[nl:Frédéric Chopin]]
[[ja:フレデリック・ショパン]]
[[no:Frédéric Chopin]]
[[nn:Frédéric Chopin]]
[[oc:Frédéric Chopin]]
[[uz:Frederic Chopin]]
[[pnb:فریڈرک شوپن]]
[[pcd:Frédéric Chopin]]
[[pms:Frédéric Chopin]]
[[nds:Frédéric Chopin]]
[[pl:Fryderyk Chopin]]
[[pt:Frédéric Chopin]]
[[ro:Frédéric Chopin]]
[[qu:Frédéric Chopin]]
[[rue:Фредерік Шопен]]
[[ru:Шопен, Фредерик]]
[[sc:Frédéric Chopin]]
[[stq:Frédéric François Chopin]]
[[sq:Frédéric Chopin]]
[[scn:Frédéric Chopin]]
[[simple:Frédéric Chopin]]
[[sk:Fryderyk Chopin]]
[[sl:Frédéric Chopin]]
[[ckb:فرێدریک شۆپان]]
[[sr:Фредерик Шопен]]
[[sh:Frédéric Chopin]]
[[fi:Frédéric Chopin]]
[[sv:Frédéric Chopin]]
[[tl:Frederic Francois Chopin]]
[[ta:பிரடெரிக் சொப்பின்]]
[[tt:Фредерик Шопен]]
[[th:เฟรเดริก ชอแป็ง]]
[[th:เฟรเดริก ชอแป็ง]]
[[tr:Frédéric Chopin]]
[[uk:Фридерик Шопен]]
[[ur:فریڈرک شوپن]]
[[vi:Frédéric Chopin]]
[[vo:Frédéric Chopin]]
[[zh-classical:蕭邦]]
[[war:Frédéric Chopin]]
[[yi:פרעדעריק שאפען]]
[[yo:Frédéric Chopin]]
[[zh-yue:蕭邦]]
[[bat-smg:Frédéric Chopin]]
[[zh:弗雷德里克·肖邦]]

Преработка од 14:15, 10 март 2013

Фредерик Шопен
Fryderyk (Franciszek) Chopin
Frédéric (François) Chopin
Шопен во 1835 г.
Животописни податоци
Родено имеФредерик (Францишек) Шопен
Познат(а) и какоШопен
Роден(а)1 март 1810
Знаме на Варшавското војводство
Знаме на Варшавското војводство
Желазова Вола, Варшавско војводство
Починал(а)17 октомври 1849
Знаме на Франција
Знаме на Франција
Париз, Франција
ЖанровиРомантизам
ЗанимањаКомпозитор
пијанист
наставник

Фредерик Шопен (полски: Fryderyk (Franciszek) Chopin; француски: Frédéric (François) Chopin) (1 март 1810[1], Желазова Вола – 17 октомври 1849, Париз) бил полски[2] композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Шопен се родил во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20 годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39 годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.[3]

Сите Шопенови дела се за пијано (главно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата,[4] но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како пијано сонатата, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика.

Живот

Шопен се родил во Желазова Вола близу Сохачев во регионот Мазовија, дел од Варшавското војводство. Татко му бил Миколај (Никола) Шопен, французин со далечно полско потекло од Лотарингија кој се преселил во Полска во 1787. Миколај се оженил за жена од висока класа, но осиромашено семејство, по име Текла Јустина Крзижановска.

Според неговото семејство, Шопен е роден на 1 март, 1810. Нема пронајдено извод од матична книга на родените. На неговата крстеница пак, стои дека е роден на 22 февруари, 1810, но ова најверојатно е грешка на свештеникот.

Детство и младост

Родната куќа на Шопен во Желазова Вола

Во октомври 1810, кога Фредерик имал осум месеци, семејството се преселило во Варшава, каде татко му станал учител по француски јазик во училиште во Саксонцскиот дворец. Живееле понстрана во рамките на дворецот.

Малиот Шопен за прв пат почнал да учи пијано кај неговата постара сестра Лудвика, а подоцна таа задача ја презела мајка му. Неговиот талент бил очигледен уште од многу мали нозе, па во Варшава почнале да го сметаат за „вториот Моцарт“. На седум годишна ворзаст искомпонирал полонези (Г-мол и Х-дур), од кои првата била издадена во гравурната печатница на отецот Цибулски, директор на Училиштето за органисти и еден од малкуте музички издавачи во Полска.

Јозеф Елснер

Чудото кое било Шопен почнало да излегува по варшавските весници, па „малиот Шопен“ станал атракција на примемите по аристократските салони. Почнал да приредува и јавни добротворни концерти. Се вели дека еднаш бил запрашан што мисли дека на публиката највеќе ѝ се допаднало; на тоа седумгодишниот Шопен одговорил: „Мојата јака“. За прв пат јавно излегол како пијанист на 8 годишна ворзаст.

Првите професионални часови по пијано ги добил во периодот 1816–22 од Војтжех Живни. Подоцна Шопен за Живни зборувал со почит и високо мислење, иако самиот тој како дете набргу го надминал учителот. Подоцнежниот развој на Шопеновиот талент бил под надзор на Вилхелм Вирфел. Часовите кај овој прочуен пијанист и професор на Варшавскиот конзерваториум биле непостојани, но од големо значење за Шопеновите спобности на органа, а можеби и пијано. Од 1823 до 1826 Шопен учел во Варшавскиот Ликеј, училиштето каде предавал тако му.

Есента 1826 Шопен почнал да студира теорија на музиката, генералбас и компонирање во класата на композиторот Јозеф Елснер во Варшавскиот конзерваториум. Контактот со него може да датира уште од 1822, и сигурно е дека од 1823 Шопен почнал да добива формални часови од него. Го завршил тригодишното образование на конзерваториумот во 1829.

Истата година во Варшава, Шопен присуствувал на изведба на Николо Паганини, а го запознал и германскиот композитор Јохан Непомук Хумел. Исто така во 1829 Шопен ја запознал својата прва љубов, студентката по солфеж Констанција Гладковска. Ова го инспирирало композиторот да стави пеење во своите дела.

Во август 1829, три недели по занимувањето од Варшавскиот конзерваториум, Шопен направил брилијантно деби во Виена. За неговите две изведби на пијано добил многу пофални критики, заедно со другите кои го критикувале заради малиот тон сокој свирел на пијаното.

Во декември 1829 во Варшава премиерно го извел неговиот Пијано концерт во Ф-мол во Трговскиот клуб. На 17 март, 1830 го извел и вториот пијано концерт во Е-мол во Националниот театар.

На 2 ноември, 1830, Шопен ја напуштил варшава за да дава концерти во странство, по што никогап не се вратил во Полска. На крајот на месецот избило Ноемвриското востание, па неговиот сопатник Титус Војчеховски се вратил во тактковината за да учествува. Шопен останал во Виена, измачуван од грижи за неговите љубени, па потоа ги посетил Минхен и Штутгарт (каде дознал дека Полска е окупирана од руската војска, и дошол во Париз во септември 1831. Тој веќе имал искомпонирано повеќе важни дела, меѓу кои двата концерта за пијано и извесни Етиди Оп. 10.

Париз

Споменикот на Шопен во Желазова Вола, дело на вајарот Јозеф Гославски

Во Париз, Шопен бил топло пречекан од истакнатите полски азиланти како и од водечките уметници како Хајнрих Хајне, Алфред де Вињи и Ежен Делакроа. Бил запознаен со некои од најважнјите пијанисти во тоа време како Фридрих Калкбренер, Фердинанд Хилер и Франц Лист, и станал близок пријател со композиторите Хектор Берлиоз, Феликс Менделсон, Шарл-Валантен Алкан и Винченцо Белини (крај кој е погребан на гробиштата Пер Лашез). Многу од Шошеновите современици веќе со висхит гледале на неговата музика. Меѓу овие бил и Роберт Шуман кој, во неговата критика на Варијации на „Ла чи дарем ла мано“ (од Моцартовата опера Сон Џовани), Оп. 2, се изјаснил: „Капи долу господа! Генијалец.“

За време на неговите години во Париз, Шопен учествувал во много концерти. Програмите нѝ дават извесна слика за богатството на парискиот уметнички живот во ова време. Ваков пример е концертот на 23 март, 1833, во кој Шопен, Лист и Хилер свиреле соло изведби на Баховиот концертт за три чембала, како и концертот на 3 март, 1838, каде Шопен, Алкан, Алкановиот учител Пјер Жозеф Цимерман иШопеновиот ученик Адолф Гутман го свиреле Алкановиот аранжман за осум раце на Бетовеновата 7ма симфонија. Зел учество и во компонирањето на Хексамерон (1837), бидејќи шестата (и последна) варијација на Белиниева тема е негова.

Еден истакнат англиски аматер го има опишано неговото среќавањ на Шопен во еден салон:

Замислете си нежен човек од огромна префинетост на израз и манир, како седи на пијано и свири без нишање на телото и скоро без движење на рацете, зависејќи сосема од неговата тесна женствена рака и витки прсти. Широките арпеџи во левата рака, одржувани во постојан тонски тек од строгото легато и префинетата и постојана употреба на гласниот педал, обликуваа хармонична потструктура за извонредно поетичното кантабиле. Неговото деликатно пијанисимо, сепроменливите модификации на тонот и темпото (темпо рубато) имаа неопислив ефект. Дури и во енергичните делови тој навистина ретко преминуваше мецофорте.

Од Париз Шопен извршил разни посети и турнеи. Во 1834, со Хилер го посетил Рајнскиот музички фестивал во Ахен организиран од Фердинанд Рис. Тука Шопен и Хилер се сретнале со Менделсон, и тројцата продолжиле во посета на Дизелдорф, Кобленц и Келн, уживајќи во дружбата, учејќи и свирејќи заедно.

Во 1835 Шопен се договорил да се сретне со семејството во Карлсбад. Додека бил таму се запознал со грофот Франц фон Тун-Хохенштајн, чии ќерќи тој ги подучувал во Париз. Грофот ги поканил Шопен и неговите родители во неговиот семеен замок на Елба во Дечин. Потоа Шопен ги испратил родителите во Варшава; потоа никогаш повеќе не ги видел. Се вратил во Париз преку Дрезден, каде престојувал неколку недели, а потоа отишол во Лајпциг каде се сретнал со Менделсон, Шуман и Клара Вик. Меѓутоа по патот за назад имал тежок бронхитичен напад, толку сериозен, што некои полски весници пишувале дека умрел.

Во 1836 Шопен се верил за седумнаесет годиншната полка Марија Воѕињска, чија мајка инсистирала на тоа ова да остане во тајност. Следанта година веридбата била отповикана од нејзиното семејство.

Жорж Санд

Шопен од Ежен Делакроа (1838 г.)
Санд во 1838 г.

Во 1836, на забавата кај грофицата Марија д'Аго, љубовницата на Франц Лист, Шопен се запознал со Амандина-Аурора-Лусил Дупен, Баронесата Дудеван, подобро позната под нејзиниот псевдоним, Жорж Санд. Таа била француска романтистичка писателка позната по своите бројни љубовни врски со Проспер Мериме, Алфред Де Мусе (1833–34), нејзиниот секретар Аленсандар Мансо (1849–65) и други, меѓу нив можеби и актерката Марија Дорвал.

Отпрвин Шопен ја сметал за неатрактивна, па напишал во писмо до семејството: „Нешто кај неа ми е одвратно“. Меѓутоа Санд, во 1837, во инзвонредно писмо до до нејзиниот пријател грофот Војчех Грзимала, расправала дали да му дозволи на Шопен да си продолжи со вереницата или самата да ја напушти моменталната љубовна врска и да продолжи со него. Санд имала силни чувства за Шопен и била упорна сѐ додека врската на успеала.

Забележителен дел од нивното заедничко време била мизерната зима во Мајорка (1838–1839), каде имале проблеми со наоѓање на пристојно сместување и завршиле во живописниот, но студен манастир Валдемоса. Шопен имал проблеми и со донесување на неговото пијано „Плејел“. Пристигнало од Париз по долго чекање, па заглавило на шпанската граница каде барале да се плати голема царина. Шопен го користел малку повеќе од три недели; остатокот од времето морал да компонира на расклатено најмено пијано за да ги заврши неговите Прелудиуми (Оп. 28).

Таа зима лошото време имала така катастрофални последици по Шопеновото здравје и неговата хронична дробна состојба, што морал да пребега прво во Барселона, па во Марсеј. иако здравјето му се подобрило, тој никогаш сосема не оздравел од ова. Тој се жалел од докторите во Мајорка со неговата постојана луцидност: „Првиот ми рече дека ќе умрам; вториот рече дека веќе сум ги издишал последните здивови, а пак третиот ми рече дека веќе сум мртов“.

Ги провел летата од 1839 до 1843 на Сандовиот имот во Ноант. Во овие мирни, но продуктивни денови Шопен искомпонирал многу дела. Во овој период спаѓа и неговата вличенствена Полонеза во Ас-дур, Оп.53, поднасловена како „Херојска“, која сѐ уште е едно од најславните негови дела. Кога се вратил во Париз во 1839 се запознал со пијанистот и композитор Игнац Мошелес.

Во 1845, здравјето уште повеќе му се нарушило, и со тоа настанал и сериозен проблем во односот со Жорж Санд. Ова се влошило уште повеќе во 1846 со проблемите со ќерката на Санд, Соланж и младиот вајар Жан Батист Огист Клезинже. Таа година Санд го издала своето дело Лукреција Флоријани, чии главни ликови — богата актерка и принц со лошо здравје — може да се протолкуваат како Санд и Шопен; расказот бил неповолен за Шопен. Во 1847 семејните проблеми ѝ ставиле крај на десетгодишната врска помеѓу Санд и Шопен.

Смрт

Шопен во 1849 г.

Во 1848 Шопен го одржал својот последен концерт во Париз, и ги посетил Англија и Шкотска со неговата ученичка и обожавателка Џејн Стирлинг. Дошле до Лондон во ноември, и иако успеал да приреди концерти и салонски изведби, Шопен бил многу болен. Се вратил во Париз, каде во 1849 бил оневозможен да предава и изведува.

Сестра му, која го подучувала на пијано, го негувала во станот на Плас Вендом 12. Во ситните часови на 17 октомври Шопен починал. Изутрина Клесинџер ја направил неговата посмртна маска и калапи од рацете.

Пред погребот му била исполнета смртната желба да му го извадат срцето пред закоп (се плашел да не биде погребан жив) и да го испратат во урна на сестра му во Варшава. Таму и денес е вѕидано во Црквата на св. Крст во реонот Краковско Предместие, под натпис од Матеј VI:21: "зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце".

Шопен побарал на погребот да му се пее Моцартовиот Реквием. Реквием има големи делови за женски гласови Црквата на Магдалена никогаш не дозволувала женски хористи. Погребот се одложил за речиси две недели, кога црквата облагнала, па дозволила женски хористи да пејат позади црна кулиса.

Погребот се одржал на 30 октомври, 1849, на кој присуствувале речиси илјада луѓе. На него биле исвирени и Шопеновите прелудиуми бр. 4 во Е-мол и бр. 6 во Х-мол.

По негова желба бил погребан на гробиштата Пер Лашез. Крај гробот бил отсвирен неговиот Погребен марш од сонатата Оп. 35 во, во инструментација на Наполеон Анри Ребер.[5]

Подоцна некои од неговите пријатели од Полска дошле во Париз со ќуп од нивната земја, за композиторот да лежи под полска почва.

Шопеновиот гроб привлекува бројни посетители кои секогаш оставаат многу цвеќиња дури и среде зима.

Музика

Столб во кој е вѕидано Шопеновото срце, во варшавската Црква на св. Крст
Шопеновиот гроб на гробиштата Пер Лашез во Париз

Шопеновата музика за пијано е комбинација од уникатен ритмички осет (особено со употребата на рубато), честа употреба на хроматицизам и контрапункт. Оваа мешавина дава особено нежен звук во мелодијата и хармонијата, кои сепак имаат за подлога интересни хармониски техники. Тој го зел новиот салонски жанр ноктурно измислен од ирскиот композитор Џон Филд, и го разработил до нови длабочини на софистикација. Само три од 21 ноктурно биле издадени по неговата смрт во 1849, наспроти неговата волја.[6] Тој исто така ги обдарил популарните танцови форми како полската мазурка и валцерот, Виенскиот валцер, со поширок дијапазон на мелодија и израз. Шопен бил првиот кој компонирал балади[4] и скерца како поединечни дела. Исто така го зел примерот на Баховите прелудиуми и фуги, претворајќи го жанрот во своите прелудиуми.

Неколку од Шопеновите дела се денес мошне познати — вакви примери се Револуционерна етида (Оп. 10, бр. 12), Минутен валцер (Оп. 64, бр. 1), и третиот став од сонатата поднасловена како Погребен марш (Оп. 35), која често се користи како архетипична претстава за тага. (Треба да се спомене дека самиот Шопен никогаш не им давал наслови на делата, туку само жанр и број, така оставајќи му ги сите потенцијални вонмузички асоцијации на слушателот. Експресивните и атмосферски наслови по кои денес знаеме многу негови дела се сите измислени од некој друг) Револуционерна етида не била искомпонирана заради неуспешното востание во Полска против Русија; тоа е временска коинциденција. Погребниот марш пак бил искомпониран пред остатокот од сонатата во која се содржи, но точната прилика не се знае; изгледа дека не бил инспириран од некоја конкретна психолошка состојба.[7] Други мелодии пак, биле понатаму искористени како основа за популарни песни, како на пример бавниот дел од Фантазија-импромпту (Оп. постх. 66) и првиот дел од Етида Оп. 10 бр. 3. Овие дела често се засноваат на интензивниот и персонализиран хроматицизам, како и од мелодиската крива сродна на оперите во Шопеновото време — оперите на Џоакино Росини, Гаетано Доницети, и особено на Белини. Шопен со помош на пијаното ја пресоздавал грациозноста на пејачкиот глас, а постојано зборувал и пишувал за пејачи.

Шопеновиот стил и дарби станале сѐ повеќе влијателни. Роберт Шуман бил неверојатно голем обожавател на Шопеновата музика— иако ова лувство не било возвратено — и тој земал мелодии од Шопен, па дури и именувал едно дело од неговата свита Карневал по Шопен.

Франц Лист пак, уште еден голем обожавател и личен пријател на Шопен, траксрибирал шесто Шопенови полски песни за пијано.

Шопен ги изведувал своите дела во концерни сали, но почесто во пинтимна салонска атмосфера со пријатели. Но само подоцна, кога здравјето сериозно му се нарушило, Шопен сосема се откажал од јавни настапи.

Исто така влијателни станале и неговите технички иновации. НЕговите Прелудиуми (Оп. 28) и Етиди (Оп. 10 и 25) набргу станале стандардни дела, и инспирација за Листовите Трансцедентални етиди и Шумановите Симфониски етиди. Александар Скрјабин исто така претрпел големо влијание од Шопен; на пример, неговите 24 Прелудиуми, Оп. 11 се инспирирани од Шопеновиот Оп. 28.

Меѓу најголемите изведувачи на Шопеновата музика се вбројуваат: Владимир де Пахман, Раул Пуњо, Ингнациј Јан Падеревски, Мориц Розентал, Сергеј Рахманинов, Алфред Корто, Игнац Фридман, Раул Кочалски, Артур Рубинштајн, Мјечислав Хоршовски, Клаудио Аро, Владо Перлемутер, Свјатослав Рихтер, Владимир Хоровиц, Dinu Lipatti, Владимир Ашкенази, Марта Аргерич, Маурицио Полини, Мурај Пераија, Кристјан Цимерман, Евгениј Кисин, Симон Трпчески.

Рубинштајн се искажал за Шопен и универзалноста на неговата музика вака:

Шопен бил универзално препознатлив гениј. Неговата музика освојува најразновидна публика. Кога првите Шопенови ноти прозвучуваат низ салата, имаме среќни воздишки на препознавање. Ширум сиот свет мажи и жени ја знаат неговата музика. Ја обожаваат. Трогнати се од неа. Сепак ова не е „романтистичка музика“ во Бајроновска смисла. Не раскажува приказни и не слика сцени. Таа е експресивна и лична, но сепак е чиста уметност. Дури и во ова апстрактно атомско време кадешто чувствата не се во мода, Шопен продолжува да живее. Неговата музика е универзалниот јазик на меѓучовекото општење. Кога го свирам Шопен им зборувам директно на срцата на луѓето!

Стил

Статуа на Шопен во варшавскиот Лазјенковски парк

Иако Шопен живеел во првата половина на XIX век, тој бил образован во традицијата на Бетовен, Хајдн, Моцарт и Клементи; тој дури ја користел Клементиевата метода за подучување на пијано. Претрпил влијание и од Хумеловиот развој во виртуозната, но сепак Моцартовска, пијанистичка техника. Еден од неговите ученици, Фридерика Мулер во нејзиниот дневик напишала за Шопеновиот изведбен стил:

Неговата изведба секогаш беше благородна и прекрасна; тоновите му пееја, било во полно „форте“ или најмеко „пијано“. Со неизмерна макотрпност се трудеше да ги научи учениците на изведбениот стил „легато“, „кантабиле“. Најострата негова критика беше: „Не знае како да сврзе две ноти“. Исто така бараше најстрого внимавање на ритам. Мразеше секава флегматичност и влечкање, погрешно поставени „рубата“, како и претерани „ритарданда“ ... и токму тука луѓето прават такви ужасни грешки при изведба на неговите дела.

Шопеновите полонези ја довеле таа музичка форма до ниво повисоко отколку што било кој можел да си замисли дека таа може да оди. Низата од седум полонези издадени за време на неговиот живот (други девет се издадени постхумно), започнувајќи со парот Оп. 26, поставил сосема нов стандард за компонирање и изведба на музика. Ова било вкоренето во Шопеновата страст за компонирање и издавање на полска музика — по повторниот пад во рацете на Русија. Полонезата во А-дур Оп. 40 бр. 1, „Воена“ и полонезата во Ас-дур Оп. 53, „Херојска“, се вбројуваат меѓу неговите најсакани и најизведувани дела.

Романтизам

Шопен имал индиферентен став за најголемиот дел од неговите современици, иако имал доста пријатели од романтистите во музиката, книжевноста и ликовната уметност (многу од нив преку Жорж Санд). Меѓутоа многумина сметаат дека Шопеновата музика го претставува врвот на романтистичкиот стил. [8] Релативната класична чистина и дискретност на неговата музика, со малку екстравагантен егзибиционизам, делумно сведочи за неговата длабока почит кон Бах и Моцарт. Шопен никогаш не навлегувал во експлицитно „сценоотсликување“ во музиката, нити пак користел програмски наслови, дури и лутејќи им се на издавачите што ги именувале делата како што ги знаеме денес.

Дела

Сите Шопенови дела се за пијано, соло или со придружба. Главно се за соло пијано, но има и неколку за пијано ансамлбли со инструменти, меѓу кои второ пијано, виолина, виолончело, глас и оркестар.

Денес зачувани се над 230 Шопенови дела. Разните ракописи и дела од раното детство не се пронајдени.

Споменици

Пред Втората Светска војна, во горниот дел на варшавскиот Лазјенковски парк. При основата на статуата во летните неделни попладниња се одржуваат бесплатни пијано рецитали на Шопеновите композиции. Стилизираното дрво над Шопеновата фигура е во облик на неговата рака и прсти.

Секои пет години во Варшава се одржува Меѓународниот Шопенов пијанистички натпревар; повремено се доделува и наградата Grand prix du disque de F. Chopin за истакнати снимки на Шопенови дела, ремастерирани или нови.

Во негова чест, во Скопје е именувана улицата „Фредерик Шопен“.

Снимки

Марка на Македонска Пошта по повод 200-годишнината од раѓањето на Фреферик Шопен (ФДЦ 10б/2010, 8 јуни 2010)

Видете исто така

Белешки

  1. Некои извори го посочуваат 22 февруари како датум на раѓање; видете Живот за поподробно.
  2. Kennedy, Michael. Oxford Concise Dictionary of Music, Oxford, 2004, Четврто здание., стр. 141.
  3. Предлошка:Цитирана веб страница
  4. 4,0 4,1 Scholes, Percy (1938), The Oxford Companion to Music. Article Ballade.
  5. [1]
  6. Писмо од 12 декември 1853 од Камил Плејел со Шопеновата сестра, Луиза Једрзејевич, споменато во Chopin — Nocturnes, со белешка од Евалд Цимерман, зима 1979/1980, издадено од G. Henle Verlag (ISM N M-2018-0185-8).
  7. Kornel Michałowski, Grove
  8. Видете на пр. Чарлс Розен, The Romantic Generation, глави 5-7, Harvard University Press 1995. ISBN 978-0-674-77933-4

Наводи

Надворешни врски

  • Chopin Music - мреж. место и форум за Шопеновата музика, вклучувајќи и снимки, партитури и галерии на слики.


Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Фредерик Шопен“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA