Гаврил Лесновски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Bot: Migrating 5 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q3087753 (translate me)
Ред 24: Ред 24:
[[Категорија:Христијанство во Крива Паланка]]
[[Категорија:Христијанство во Крива Паланка]]
[[Категорија:Преподобни]]
[[Категорија:Преподобни]]

[[bg:Гаврил Лесновски]]
[[fr:Gabriel de Lesnovo]]
[[pl:Gabriel Lesnowski]]
[[sr:Гаврило Лесновски]]
[[uk:Гавриїл Лісновський]]

Преработка од 05:14, 10 март 2013

Икона на Св. Гаврил Лесновски

Преподобен Свети Гаврил Лесновски бил македонски подвижник чиј празник се слави на 28 јануари. Роден бил во кривопаланечкото село Осиче. Заедно со преподобните Јован Рилски, Јоаким Осоговски и Прохор Пчињски се основоположници на јужнословенското и македонско еремитско (анахоретско) монаштво.

Се подвизувал и аскетувал во околината на Злетовска Планина. Во житијата се среќаваат податоци дека во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, се замонашил и (или) изградил црква во чест на Св. Архангел Михаил и оттаму заминал во околината на подвизување.[1]

Неговиот светителски култ се ширел и се развивал преку религиозно-духовната, книжевната, музичката, ликовната и народната традиција. За него биле составени житија и служби во втората половина на XI, во XIII и во втората половина на XVI или најдоцна во XVII в. Култот на преподобен Гаврил бил одржуван и во сликарската традиција со сликањето на негови портрети по фрескоживописите, иконите, ракописите и по другиот црковен инвентар, како и во народното творештво, во голем број месни преданија и легенди.[2]

Бил чудотворец за време на животот и по смртта. Умрел на крајот на 10 век.

Надворешни врски

Наводи

  1. В. Стојчевска-Антиќ, Локални хагиографии во Македонија, II изменето и дополнето издание, Скопје, 2003, 50–55 и 156–177;
  2. Цв. Грозданов, Портрети на светителите од Македонија од IX-XVIII век, Скопје, 1983, 159–180;

За преп. Гаврил Лесновски види монографијата; Илија Велев, Св. Гаврил Лесновски во книжевната традиција, изд. Менора, Скопје 1996г.

Предлошка:Никулец за биографија