Генерална дирекција за надворешна безбедност: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Makecat-bot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Додава ko:프랑스 대외 안보 총국
Makecat-bot (разговор | придонеси)
Ред 47: Ред 47:
[[ko:프랑스 대외 안보 총국]]
[[ko:프랑스 대외 안보 총국]]
[[id:Direction générale de la sécurité extérieure]]
[[id:Direction générale de la sécurité extérieure]]
[[it:Direction Générale de la Sécurité Extérieure]]
[[it:Direction générale de la sécurité extérieure]]
[[he:המנהלת הכללית לביטחון חוץ (צרפת)]]
[[he:המנהלת הכללית לביטחון חוץ (צרפת)]]
[[lt:Prancūzijos išorės saugumo agentūra]]
[[lt:Prancūzijos išorės saugumo agentūra]]

Преработка од 18:20, 4 март 2013

Логото на ГДНБ

Генералната дирекција за надворешна безбедност (Фра. Direction Générale de la Sécurité Extérieure, DGSE) е главната разузнавачка агенција на Франција. Таа е наследник на службата БЦРА, која е формирана во почетокот на Втората светска војна, во рамките на Штабот на генералот и подоцнежен претседател на Република Франција, Шарл де Гол. Во рамки на дирекцијата, извршени се две реконструкции и реорганизации, и тоа во 1947 и 1974 година, со што станува потполно автономна разузнавачка служба, потчинета на претседателот и на премиерот. Во 1982 година го добива и денешниот актуелен назив.

Генералната дирекција за надворешна безбедност е подредена на Минстерството за национална одбрана на Франција. Таа е одговорна и за военото разузнавање, електронското разузнавање, како и за контрашпионажата надвор од границата на националната територија.

Денес ГДНБ претставува централен и раководен орган во разузнавачката заедница со цел да врши контрола на службите за разузнавање и контрашпионажа. Таа првенствено делува на територијата на Франција, со основна задача собирање и обработка на податоци и нивно доставување до корисниците. Во рамки на оваа Дирекција функционира Групацијата за радиоелектронско извидување, која има за задача стратегиско-електронско разузнавање чии центри се разместени насекаде низ светот. Во нејзиниот состав се наоѓаат Пливачката единица и Акционата дивизија.

Задачи на дирекцијата

Основни правци на интересирање на оваа служба се: прибирањето на податоци од сите сфери на општествениот живот на секоја странска земја, заради предвидување на развојот на ситуациите кои би можеле да ги загрозат воените, политичките и други интереси на Република Франција, како и собирање на податоци од областа на науката и технологијата, со цел зголемување на познавањата од овие области, и откривање на плановите и позициите на странските разузнавачки служби заради спречување на нивните активности насочени кон Република Франција.

Седиште и организациона структура

Седиштето на ГДНБ во Париз

Централата на оваа служба се наоѓа во Париз. Нејзиното раководство го сочинуваат Генераллен директор, негов помошник и директори на организационите единици во составот на службата. Во рамките на оваа дирекција до неодамна егзистираа како нејзини составни делови следниве дирекции, служби и органи:

  • Дирекција за истражување;
  • Дирекција за контрашпиунажа;
  • Дирекција за проучување на документација;
  • Дирекција за акции;
  • Служба за технички материјали; и
  • Финансиско-кадровска служба.

По извршената реорганизација, Генералната дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) се состои од следните оддели (управи):

Стратегиската управа подготвува студии за политички опции достапни на Франција. Во реализацијата на своите активности остварува тесна соработка со Министерството за надворешни работи.

Разузнавачката управа е задолжена за собирање на информации првенствено од човечки извори, со акцент на воено-разузнавачките задачи. Во поново време се почесто се занимава и со проблемите на технолошката шпионажа.

Техничкиот оддел е задолжен за стратегиско собирање на електронски податоци и одржување на станиците во Франција и странство.

Одделот за операции е наменет за подготвување на тајните операции и нивна реализација.

Наводи

Надворешни врски