График на функција: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава be:Графік функцыі
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3rc2) (Робот: Додава tr:Fonksiyon grafiği
Ред 88: Ред 88:
[[sv:Linjediagram]]
[[sv:Linjediagram]]
[[th:กราฟของฟังก์ชัน]]
[[th:กราฟของฟังก์ชัน]]
[[tr:Fonksiyon grafiği]]
[[uk:Графік функції]]
[[uk:Графік функції]]
[[ur:Graph of a function]]
[[ur:Graph of a function]]

Преработка од 17:29, 23 февруари 2013

График на функција f е збир од сите подредени парови (x, f(x)), каде нивната функционална врска е претставена графички[1]. Ако x е реален број, графикот дава ликовна претстава на овој збир, во облик на крива на координатна рамнина со оски. Доколку аргументот x е подреден пар (x1, x2) од реални броеви, графикот е збир од сите подредени тројки (x1, x2, f(x1, x2)), и графички се претставува како површина.

Графикот на функцијата на реални броеви е ист со графичката претстава на функцијата. Кај општите функции не може да се примени графичка претстава, п затпа формалната дефиниција на графикот на функцијата одговара на потребите на математичките искази, како на пр. теоремата за затворениот график во функционалната анализа.

Поимувањето за график на функција се воопштува во график на релација. Иако една функција е секогаш во потесна врска со нејзиниот график, тие не се исти бидејќи се случува две функции со различен кодомен да имаат ист график. На пример, долуспоменатиот кубен полином е сурјекција ако неговиот кодомен се реалните броеви, но не ако кодоменот му е комплексното поле.

Графиците наоѓаат широка примена во науката, инженерството, технологијата, економијата и други области, за претставување на информации, состојби и трендови.

Примери

График на функцијата f(x)=x3 - 9x

Функции со една променлива

График на функцијата

е

{(x<0,0), (0<x<1,2x), (x>1,0)}.


Графикот на кубниот полином со една променлива

е

{(x, x3-9x) : x е реален број}.

Ако множеството го исцртаме на Декартова рамнина, добиваме крива.

График на функцијата f(x, y) = sin(x2cos(y2).

Функции со две променливи

Графот на тригонометриска функција на реалната бројна оска

f(x, y) = sin(x2cos(y2)

е

{(x, y, sin(x2cos(y2)) : x е реален број}.

Ако множеството го исцртаме во тридимензионални координати, добиваме површина.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

График на функција“ од Ерик В. Вајсштајн — MathWorld (англиски)