Разлика помеѓу преработките на „Коста Паница“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
нема опис на уредувањето
с
 
Учествува во Априлското востание (1876). По неуспехот на востанието пребегнува во Романија и Украина. Го посетува Военото училиште во Одесса (1875-1876).<ref>“Освободителната война 1877-1878”, ДИ "П.Берон", Софија, 1986, стр. 127</ref> Доброволец е во Српско-турската војна во одредот на генерал-мајор Черњаев. На 21 октомври 1876 г. пристапува во Руската армија, во VI-а дружина на III-а Ополченска бригада. Борбите се кај Стара Загора и превалецот Шипка. Награден е за храброст и унапреден во повисок чин - подпоручник. Во 1878 г. Паница, заедно со Љубен Каравелов, Марко Балабанов, Рајчо Николов, Георги и Никола Живкови и други зема учество во работата на комитетот „Единство", чија што цел е да се помагаат бугарските бегалци од Тракија и Македонците бегалци.
 
[[Податотека:Kosta Panitsa Ivan Karastoyanov 1888.jpg|мини|лево|Паница во 1888 година]]
 
3а време на [[Македонско востание|Македонското Кресненско-Разлошко Востание]] (1878-1879), Коста Паница е задолжен за собирање пари, купување оружје и прибирање доброволци. По задушувањето на востанието во мај 1879 г. Паница е на служба во воената милиција во Источна Румелија, па заминува во Санкт Петербург, каде во меѓувреме ја завршува Санктпетербуршката Воена академија. Во мај 1884 г. се враќа во Кнежеството Бугарија, во Русе, каде следи унапредувањето во чин на Капетан.

Прегледник