ФК Ренџерс: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4: Ред 4:
| лого =
| лого =
| fullname = Rangers Football Club
| fullname = Rangers Football Club
| nickname = ''The Gers''
| nickname = ''The Gers'', '"The Light Blues'", '"The Teddy Bears'", '"Bluenoses'"
| founded = 1872
| founded = 1872
| ground = [[Иброкс Стадион]]<br />[[Глазгов]], [[Шкотска]]
| ground = [[Иброкс Стадион]]<br />[[Глазгов]], [[Шкотска]]
| capacity = 50.987
| capacity = 51,082
| chrtitle = Претседател |
| chrtitle = Претседател |
| chairman = {{flagicon|Шкотска}} Малколм Мареј
| chairman = {{flagicon|Шкотска}} Малколм Мареј
Ред 50: Ред 50:
}}
}}


'''Ренџерс Фудбал клуб''' или '''ФК Ренџерс''' е [[фудбал]]ски клуб со седиште во [[Глазгов]], [[Шкотска]] кој игра во третата дивизија на [[Шкотска|Шкотскиот фудбал]]. Нивниот домашен терен е Иброкс стадионот со капацитет од 50,987 места за седење и се наоѓа со седиште во југо-западниот дел на Глазгов.
'''Ренџерс Фудбал клуб''' или '''ФК Ренџерс''' е [[фудбал]]ски клуб со седиште во [[Глазгов]], [[Шкотска]] кој игра во третата дивизија на [[Шкотска|Шкотскиот фудбал]]. Нивниот домашен терен е Иброкс стадионот со капацитет од 51,082 места за седење и се наоѓа со седиште во југо-западниот дел на Глазгов.


Основан во 1872 година, Ренџерс беа еден од десетте основачи на шкотската фудбалска лига, и останаа во неа се до крајот на сезоната 2011-12 , при што компанијата оди под стечај при што стапува во администрација. По неуспехот да се договорат за порамнување со доверителите, средствата на Ренџерс биле купени од страна на конзорциум со кој Ренџерс доби зелено светло од [[Шкотска фудбалска асоцијација|Шкотската фудбалска асоцијација]] за членството и повторно лансирање на клубот со Сопственост на Ренџерс од новата компаниска структура. Иако барањето за прием на Ренџерс во шкотската Премиер лига било одбиено, тимот сепак беше успешно примен во шкотската фудбалска лига и започнува како еден од тимовите во третата дивизија за сезоната 2012-13.
Основан во 1872 година, Ренџерс беа еден од десетте основачи на шкотската фудбалска лига, и останаа во неа се до крајот на сезоната 2011-12 , при што компанијата оди под стечај при што стапува во администрација. По неуспехот да се договорат за порамнување со доверителите, средствата на Ренџерс биле купени од страна на конзорциум со кој Ренџерс доби зелено светло од [[Шкотска фудбалска асоцијација|Шкотската фудбалска асоцијација]] за членството и повторно лансирање на клубот со Сопственост на Ренџерс од новата компаниска структура. Иако барањето за прием на Ренџерс во шкотската Премиер лига било одбиено, тимот сепак беше успешно примен во шкотската фудбалска лига и започнува како еден од тимовите во третата дивизија за сезоната 2012-13.

Преработка од 13:11, 10 февруари 2013

Ренџерс
Rangers
Целосно имеRangers Football Club
ПрекариThe Gers, '"The Light Blues'", '"The Teddy Bears'", '"Bluenoses'"
Основан1872
СтадионИброкс Стадион
Глазгов, Шкотска
(Капацитет: 51,082)
ПретседателШкотска Малколм Мареј
ТренерШкотска Али МекКоист
Лигатрета дивизија
2011-12Шкотска Премиер лига, 2-ри
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Ренџерс Фудбал клуб или ФК Ренџерс е фудбалски клуб со седиште во Глазгов, Шкотска кој игра во третата дивизија на Шкотскиот фудбал. Нивниот домашен терен е Иброкс стадионот со капацитет од 51,082 места за седење и се наоѓа со седиште во југо-западниот дел на Глазгов.

Основан во 1872 година, Ренџерс беа еден од десетте основачи на шкотската фудбалска лига, и останаа во неа се до крајот на сезоната 2011-12 , при што компанијата оди под стечај при што стапува во администрација. По неуспехот да се договорат за порамнување со доверителите, средствата на Ренџерс биле купени од страна на конзорциум со кој Ренџерс доби зелено светло од Шкотската фудбалска асоцијација за членството и повторно лансирање на клубот со Сопственост на Ренџерс од новата компаниска структура. Иако барањето за прием на Ренџерс во шкотската Премиер лига било одбиено, тимот сепак беше успешно примен во шкотската фудбалска лига и започнува како еден од тимовите во третата дивизија за сезоната 2012-13.

Во домашниот фудбал Ренџерс имаат освоено повеќе титули во лигата и Требли од било кој друг клуб во светот, освојувајќи ја титулата 54 пати, шкотскиот куп 33 пати и шкотскиот Лига Куп 27 пати, и постигнувајќи требл (освојување на сите три купа во иста сезона) седум пати. Во европскиот фудбал, Ренџерс бил првиот британски клуб кој успеал да стигне до финале на УЕФА турнир. Тие го освоија Купот на Победниците на Куповите во 1972, а беа и финалисти на двапати во 1961]и 1967. Трет пат финалисти на едно европско натпреварување беа во 2008 година во Купот на УЕФА.

Ренџерс имаат долгогодишна ривалство со Селтик, двата клуба од Глазгов се колективно познати како Олд Фирм, од крајот на 19 век.

Историја

Формирање и првите години

Четирите основачи на Ренџерс биле браќата Моузез и Питер МекНил, Питер Кембел и Вилијам МекБет – кој се состанале во 1872 година. Првиот натпревар на Ренџерс, во мај истата година, бил пријателски и е завршен со резултатот 0-0 против екипата на ФК Каландер на еден од јавните терени во Глазгов Грин. Во 1873 година, клубот го одржа својот прв годишен состанок на кој бил избран бордот. Во 1876 година Ренџерс го имаше својот прв репрезентативец, кога Моузез МекНил ја претставувал Шкотска во натпревар против Велс, додека во 1877 Ренџерс стигнал до финалето на Шкотскиот Куп. Првиот ‘’Олд Фирм’’ натпревар во историјата се одржал во 1888 година, годината на основање на Селтик најлутиот ривал низ историјата на Ренџерс. Ренџерс загубил со 5-2 во пријателски натпревар каде тимот на Ренџерс воглавно бил составен од "гостински играчи" од екипата на Хибернијан

Во сезоната 1890-1891 кога стартува шкотската фудбалска лига, Ренџерс тогаш игра на првиот Иброкс стадион, кој е еден од десетте оригинални стадиони. Првиот лигашки натпревар во историјата на клубот се одржал на 16 август 1890 во кој Ренџерс го победил Хартс со 5-2 . По завршувањето на врвот на табелата со еднакви бодови со Дамбартон, плеј-офот за титулата се одржал на Кеткин парк и завршил со нерешени 2-2, а насловот за оваа сезона бил заеднички што е единствен ваков случај низ историјата. Ренџерс го освои својот прв наслов во шкотскиот куп во 1894 година, откако со 3-1 ги победија ривалите Селтик во финалето. До крајот на векот Ренџерс освои уште две титули во лигата и три шкотски купови.

Бил Страт и Скот Сајмон

По преземање на функцијата менаџер од Вилијам Вилтон во 1920 година, Бил Страт бил најуспешниот менаџер на Ренџерс кој раководител со клубот до 14 титули во лигата, пред почетокот на Втората светска војна. На 2 јануари 1939 година, рекордот за бројот на гледачи на еден натпревар од британската лига бил скршен кога 118.567 навивачи дошле да ја видат победата на Ренџерс над Селтик во натпревар кој традиционално беше одигран ден после Новогодишните празници, вистинско уживање за љубителите на фудбалот во Шкотска слободните денови да ги искористат гледајќи го ‘’Олд Фирм дербито’’. Водејќи го клубот, за 34 години до 1954 година, Страт освоил повеќе трофеи од било кој менаџер во историјата на шкотскиот фудбал, доаѓајќи до бројката од 18 лигашки титули, 10 Шкотски купа, 2 Лига купа, 7 war-time чемпионшипа, 19 Глазгов купа, 17 Glasgow Merchant Charity Cups и други почести .

Скот Сајмон продолжува со успесите на Страт, освојувајќи шест лигашки титули, пет шкотски купа и четири лига купови, со што стана едвај вториот менаџер кој успеал да освои домашен требл и тоа во сезоната 1963-1964, за време на ерата на Слим Џим Бакстер, еден од најголемите играчи на клубот на сите времиња.

Ренџерс стигна до полуфиналето на Европскиот куп во 1960 година, каде се поразени од германскиот клуб Ајнтрахт Франкфурт со рекорден вкупен резултат од 12-4 за шкотскиот тим. Во 1961 Ренџерс стана првиот британски тим кој успеал да стигне до финалето на некој од европските турнири кога тие се натпреваруваа во финалето на Купот на Победниците на Куповите против италијанската екипа Фиорентина, но беа поразени со вкупен резултат 4-1. Ренџерс беше поразен повторно во финалето на истата конкуренција, но во 1967 година, овој пат губејќи со 1-0 со гол во продолженијата од баерн Минхен.

Катастрофата на Иброкс, европскиот успех и Џок Валас

The Ibrox Disaster memorial statue, commemorating the 1971 tragedy
Меморијален споменик во чест на катастрофата и трагедијата на Иброкс во 1971

Катастрофата на Иброкс се случила на 2 јануари 1971 година, кога настанало големо дробење на скалилата кој воделе кон излезот, а кулминација на новогодишниот Олд Фирм натпревар биле однесените 66 животи. Од истрагата се заклучило дека дробењето на скалилата најверојатно се случило десет минути по последниот свиреж на судијата и дека тоа било предизвикано од некој кој паднал врз скалите. Во добротворен натпревар со цел да се соберат средства за семејствата на жртвите по несреќата, заеднички тим на Ренџерс и Селтик играл како Шкотска XI на Хампден, следен од 81.405 фанови.

Во 1972 година, Ренџерс се појавил по трагедијата од претходната година за конечно да постигне успех на европската сцена. Погодокот на Колин Стеин и двата на Вили Џонстон му помогнаа на клубот да обезбеди победа со 3-2 над Динамо Москва на Ноу Камп, Барселона, за да можат да го подигнат во своите раце трофејот од Европскиот Куп на Победниците на Куповите. Капитенот Џон Грег го примил трофејот во една мала соба на Ноу Камп по што следувала инвазија на тернот и нереди од навивачите на Ренџерс. На Ренџерс му беше забрането учество во Европа за две години, поради однесувањето на нивните навивачи, но подоцна казната била намалена по усвоената жалба на само една година.

Излегувајќи од сенката на менаџерот на Селтик Џок Стеин, Ренџерс повторно се врати на патот на значајни домашни успеси под раководството на менаџерот Џок Валас. Во својата прва сезона на чело – воедн и стогодишнината на клубот - Ренџерс го освоил Шкотскиот куп на Хампден пред 122.000 фанови. Во сезоната 1974-75, Валас го одведе Ренџерс до нивниот прв првенствен триумф по единаесет години чекање, пред да освои Требл веќе во следната сезона, а историскиот подвиг го повторува и во сезоната 1977-1978.

Греам Сунес и Валтер Смит - Девет по ред

Секоја година од сезоната 1988-89 до сезоната 1996-97, Ренџерс ја освои титулата во лигата. Ова достигнување од 9 титули по ред значеше израмнување со рекордните 9 титули на Селтик, кој тоа го сторил во периодот пред да се формира шкотската фудбалска Премиер дивизија, после која конкурентните тимови се среќаваат по 4 пати во една сезона. Првите три од овие девет триумфални сезони клубот беше раководен од страна на Греам Сунес, додека вторите шест беа под палката на Валтер Смит.

Значајни сезони беа тоа за клубот вклучувајќи ја и сезоната 1990-1991, која кулминираше со финале во последниот ден од шампионатот, така што Ренџерс ја обезбеди титулата со победа од 2-0 на Иброкс над Абердин, на кои му беше потребен само бод за да дојде до насловот. Сезоната 1992-1993 за клубот беше забележителна по освојувањето на уште еден домашен требл на трофеи, како и подолгото останување во Лигата на Шампионите, каде што им беше потребен само еден гол за обезбедување на место во финалето.

Истакнатите придонеси од неколкуте играчи кој се закителе и со наградата играч на годината како: Али МекКоист (1991-1992), Енди Горам (1992-1993), Марк Хејтли (1993-1994) Брајан Лаудруп (1994-1995 и 1996-1997) и Пол Гаскоњ (1995-1996), биле клучни за одржување на успесите на Ренџерс Деветтата по ред шампионска титула беше обезбеден на Танадјс Парк на 7 мај 1997 година, со победа од 1-0 над Данди Јунајтед. Покрај МекКоист, само Ричард Гаф и Иан Фергусон ги освоија сите девет првенствени медали.

Дик Адвокат и Алекс МекЛиш

Во 1998 година, Холанѓанецот Дик Адвокат стана првиот странски менаџер на клубот. Ерата од девет титули поред заврши и сега тешко ќе беше постигната пак, но Адвокат инвестираше многу во тимот, водејќи го до нивниот шести домашен требл. Шампионатот беше заверен со фантастична победа од 3-0 на Селтик Парк на 2 мај 1999. Следната сезона Адвокат го води Ренџерс до одбрана на титулата во пвенството и триумф во купот, но веќе во следната сезона тој неуспева да се справи со Селтик и нивниот нов менаџер Мартин О'Нил. И покрај инвестициите во тимот, на пример Торе Андре Фло кој дојде за клупски рекорд од £ 12.000.000, по бавниот старт на следната сезона, Адвокат поднел оставка од функцијата во декември 2001 година и бил заменет со Алекс МекЛиш.

Во својата прва целосна кампања, сезоната 2002-03 Меклиш стана шестиот менаџер на Ренџерс кој успеал да освои домашен требл. На 9 февруари 2006 година, беше најавено од страна на претседателот Дејвид Мареј дека МекЛиш ќе биде менаџер на тимот само до крајот на таа сезона.

Пол Ле Гвен и враќањето на Валтер Смит

Rangers F.C. showing French card display at Ibrox to welcome Paul Le Guen
Иброкс му посакува добредојде на Пол Ле Гвен

Пол Ле Гвен го заменува Алекс МекЛиш како менаџер по сезоната 2005-06. Сезона почна лошо за Ренџерс, со ран излез од Лига Купот. Потоа се јавуваат, и наводните твдења за дисхармонија помеѓу менаџерот и капитенот Бари Фергусон, а подоцна на 4 јануари 2007 година било објавено дека Ле Гвен си заминал од Ренџерс по заемна согласност. На 10 јануари 2007, поранешниот менаџер Валтер Смит поднесе оставка од функцијата селектор на Шкотска и се врати на чело Иброкс, за да работи со Али МекКоист кој беше поставен за негов асистент.

The 2008 UEFA Cup Final in Manchester which Rangers contested
Слика од финалето на Купот на УЕФА 2008 година кога Ренџерс загуби од Зенит

Следната сезона 2007-08, Ренџерс се натпреварува во Купот на УЕФА по испаѓањето од Шампионската лига. Клубот стигна до финалето, победувајќи тимови како Панатинаикос, Вердер Бремен, Спортинг Лисабон и Фиорентина на својот пат до таму. Во финалето во Манчестер тие се сретнаа со Зенит Санкт Петербург, кои во тоа време беа водени од страна на поранешниот менаџер на Ренџерс Дик Адвокат, а натпреварот заврши со победа на Зенит со 2-0.

Сезоната 2008-09 Ренџерс се опорави од раното испаѓање од Лигата на Шампионите од литванскиот ФБК Каунас . Клубот ja освои нивната 52 првенствена титула во последниот ден од сезоната откако со 3-0 го надигра Данди Јунајтед на Тенадајс. Ренџерс исто така успешно ја одбрани титулата и во шкотскиот куп, а противник во финалето за освојување на 33-тиот триумф во натпреварувањето, беше Фалкирк кој загуби со 1:0.

И покрај финансиските проблеми и спречувањето на носење на нови играчи и скусување на широчината на тимот, Во сезоната 2009-10 Ренџерс стигнат до својот петто по ред домашно финале. Против Сент Мирен во шкотскиот Лига Куп, клубот надминаа дефицит од двајца играчи со црвени картони, и на крајот одлучува голот постигнат од Кени Милер за обезбедување на рекордната 27 победа во натпреварувањето. Шампионската титула во лигата беше задржан. Последната сезона на Смит во Ренџерс донесе уште една титула во Лига Купот, победувајќи го Селтик на Хампден со гол на Никица Јелавиќ во екстра времето. Третиот последователен наслов дојде со победа над Килмарнок од 5-1 на последниот ден од сезоната и последниот натпревар на Смит во клубот.

Aли МекКоист и стечај

Aли МекКоист беше најавен како нов менаџер на Ренџерс во почетокот на јуни 2011 година.

Играчи

Моментален Состав

Бр. Позиција Играч
Шкотска ГМ Нил Александер
Шкотска ГМ Скот Галахер
Грција ОД Анестис Аргириу
Шкотска ОД Дарен Кол
Бразил ОД Емилсон Крибари
Франција ОД Себастијан Форе
Северна Ирска ОД Крис Хегарти
Шкотска ОД Рос Пери
Шкотска ОД Ли Валас
Шкотска СР Иан Блек
Северна Ирска СР Мати Кларк
Шкотска СР Роби Крафорд
Шкотска СР Кајл Хатон
Шкотска СР Луис Меклеод
Бр. Позиција Играч
Шкотска СР Ли МекКалох
Северна Ирска СР Ендрју Мичел
Северна Ирска СР Дин Шилс
Шкотска СР Дејвид Темплтон
Полска СР Камил Викторски
Австралија СР Франческо Стела
Шкотска СР Фрејзер Еирд
Англија НП Кејн Хемингс
Шкотска НП Кевин Кајл
Северна Ирска НП Ендрју Литл
Шкотска НП Бари МекКеј
Шкотска НП Кал Нејсмит
Шпанија НП Франциско Сандаза

Титули

Домашни

1891, 1899, 1900, 1901, 1902, 1911, 1912, 1913, 1918, 1920, 1921, 1923, 1924, 1925, 1927, 1928, 1929, 1930, 1931, 1933, 1934, 1935, 1937, 1939, 1947, 1949, 1950, 1953, 1956, 1957, 1959, 1961, 1963, 1964, 1975, 1976, 1978, 1987, 1989, 1990, 1991, 1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1999, 2000, 2003, 2005, 2009, 2010, 2011

1894, 1897, 1898, 1903, 1928, 1930, 1932, 1934, 1935, 1936, 1948, 1949, 1950, 1953, 1960, 1962, 1963, 1964, 1966, 1973, 1976, 1978, 1979, 1981, 1992, 1993, 1996, 1999, 2000, 2002, 2003, 2008, 2009

1947, 1949, 1961, 1962, 1964, 1965, 1971, 1976, 1978, 1979, 1982, 1984, 1985, 1987, 1988, 1989, 1991, 1993, 1994, 1997, 1999, 2002, 2003, 2005, 2008, 2010, 2011

Меѓународни

1972

Надворешни врски

Официјално
  • „Offical website“. Rangers.co.uk. Посетено на 25 August 2012.
  • „Rangers“. Scottish Football League. August 2012. Посетено на 26 August 2012.
  • „Rangers Football Club: Team Profile“. Scottish Premier League. May 2012. Посетено на 26 August 2012.
  • „Rangers“. FIFA.com. FIFA. 2011. Посетено на 26 August 2012.
  • „Rangers FC“. UEFA. 31 December 2010. Посетено на 24 September 2012.
  • „Rangers Supporters Trust“. Rangers Supporters Trust. Посетено на 26 August 2012.
Вести
Социјални мрежи