Хамидски масакри: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Тиверополник ја премести страницата Ерменски масакар (1894 - 1896) на Ерменски масакар (1894-1896)
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3rc2) (Робот: Додава tr:Hamidiye katliamları
Ред 49: Ред 49:
[[ar:المجازر الحميدية]]
[[ar:المجازر الحميدية]]
[[bg:Арменски кланета (1894 - 1896)]]
[[bg:Арменски кланета (1894 - 1896)]]
[[en:Hamidian massacres]]
[[de:Massaker an den Armeniern 1894–1896]]
[[de:Massaker an den Armeniern 1894–1896]]
[[en:Hamidian massacres]]
[[es:Masacres hamidianas]]
[[es:Masacres hamidianas]]
[[eo:Hamidaj masakroj]]
[[eo:Hamidaj masakroj]]
Ред 59: Ред 59:
[[ru:Массовые убийства армян в 1894—1896 годах]]
[[ru:Массовые убийства армян в 1894—1896 годах]]
[[simple:Hamidian massacres]]
[[simple:Hamidian massacres]]
[[tr:Hamidiye katliamları]]
[[uk:Гамідійська різня]]
[[uk:Гамідійська різня]]

Преработка од 13:36, 6 февруари 2013

Ерменски масакар
Дел од Ерменски геноцид
Место Османлиско Царство
Датум1895-96
Целерменски цивили
Вид нападдепортација, масовно убиство
Мртви100,000-300,000
СторителиОтоманска влада

Ерменските колежи од 1894-1896 година[1] или Големиот масакар,[1] се масовни убиства на Ерменците преземени во обид за задушување на ерменското национално движење во Отоманската империја.

Според Берлинскиот договор (член 61) од јули 1878 година Високата порта била обврзана да воведе "без одложување поголеми подобрувања и реформи што се бараат од локалните услови во областите населени со Ерменци, и да обезбеди нивната безбедност од черкезите и Курдите". Во 1880 година Големите сили, задолжени за надзор за спроведувањето на договорот (Русија, Австро-Унгарија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија), на неколку пати повикале режимот на Абдул Хамид II да ја примени оваа клаузула, но ова не довело до резултат. Административно-територијалната поделба на Западна Ерменија била направена така што Ерменците останале малцинство во сите четири вилаети аде живееле, односно во Ван, Ерзурум, Битлис и Дијарбакир, а насилството од страна на курдските феудалци продолжило со поддршка на локалните власти.

Во почетокот на 90-тите години била создадена Ерменска револуционерна организација. Репресиите ескалирале во август 1894 година, по неуспешното востание на Ерменците во реонот на Сасун. Во август 1896 година група ерменски револуционери ја зазеле зградата на Отоманската банка во Константинопол со барање за спроведување на неисполнетите реформи. Како одговор на ова било извршено прогонување на ерменската заедница во градот, а репресијата се пренесочила и во другите делови на империјата. Бројот на жртвите достигнал до 300.000[2].

Наводи

  1. 1,0 1,1 Adalian, Rouben Paul (2010). Historical Dictionary of Armenia, 2nd ed. Lanham, MD: Scarecrow Press, p. 154.
  2. Akçam, Taner (2006). A Shameful Act: The Armenian Genocide and the Question of Turkish Responsibility. New York: Metropolitan Books, p. 42. ISBN 0-8050-7932-7.