Набуко: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 19: Ред 19:
Истомислениците на Николај биле малкумина, па сепак и тоа станува релативно непознато. „Набуко“ обезбедил успех на Верди до неговото пензионирање од театарот, дваесет и девет опери (подоцна вклучувајќи и некои ревидирани и ажурирани верзии).
Истомислениците на Николај биле малкумина, па сепак и тоа станува релативно непознато. „Набуко“ обезбедил успех на Верди до неговото пензионирање од театарот, дваесет и девет опери (подоцна вклучувајќи и некои ревидирани и ажурирани верзии).


Музичките историчари долго време го овековечуваа моќниот мит за познатиот ''[[Хорот на Евреите]]'', хорот го пее во третиот чин од страна на еврејски робови. Научниците долго време верувале дека публиката го доживувала со националистички занес за моќната химна на робови, како копнеж за својата татковина, барајќи повторување на делото. Иако репризите биле строго забранети од страна на владата во тоа време, но како гест биле исклучително значајни. Иако публиката навистина барала повторување, тоа не било поради ''[[Хорот на Евреите]]'', туку заради химната ''Immenso Jehova'', испеана од страна на еврејските робови кои му благодареле на Бога за пружената заштита на нивниот народ. Во прилог на овие нови откритија, позицијата на Верди како музичка фигура што учествувала во процесот на [[Обединување на Италија]] се намалувала.
Музичките историчари долго време го овековечуваа моќниот мит за познатиот ''[[Хорот на Евреите]]'', хорот го пее во третиот чин од страна на еврејски робови. Научниците долго време верувале дека публиката го доживувала со националистички занес за моќната химна на робови, како копнеж за својата татковина, барајќи повторување на делото. Иако репризите биле строго забранети од страна на владата во тоа време, но како гест биле исклучително значајни. Иако публиката навистина барала повторување, тоа не било поради ''[[Хорот на Евреите]]'', туку заради химната ''Immenso Jehova'', испеана од страна на еврејските робови кои му благодареле на Бога за пружената заштита на нивниот народ. Во прилог на овие нови откритија, позицијата на Верди како музичка фигура што учествувала во процесот на [[обединување на Италија]] се намалувала.


== Литература ==
== Литература ==

Преработка од 22:22, 5 февруари 2013

Набуко (англиски: Nabucco) е опера во четири чина од Џузепе Верди, врз основа на библиска приказна и драма на Огист–Анисје Буржуа и Франсис Корние од 1836 година. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор.

Набуко ни ја преставува состојбата на Евреите, како се нападнати, покорени, а потоа и протерани од нивната татковина од страна на вавилонскиот цар Набуко. Историските настани се искористени како позадина на романтичен и политички заплет. Неговата прва изведба се одржала на 9 март 1894 година во Ла Скала, Милано под нејзиното оргинално име Nebuchadnezzar. Дефинитивното име „Набуко“ за операта (и нејзиниот протоганист) прв пат било користено при изведбата во театарот Сан Џакомо на Крф во септември, 1844 година.

Историско достигнување

Изведба на Набуко во Еберсвалде од Шлесиската национална опера (август, 2004)

Најпознатиот дел од операта е “Хорот на Евреите” Va, pensiero, sull'ali dorate / “Летај на златести крилја” (англиски: Fly, thought, on golden wings), рефрен кој што редовно се повторува до ден денес. Сопрано улогата на Абигејл е сфатена како пропаст за голем број на пејачи. Елена Соулитиос и Анита Чергвети го пееле пред тие бидат подготвени и неговата тежина веројатно ги оштети нивните гласови. Секако, нивните кариери не траеле долго. Марија Калас го пеела само три пати, а само една изведба е снимена во живо во 1949. Интересно е да се слушне дека „Vа pensiero“ била прекината поради многу викање, но хорот се справил со таа неприлика. Кога била повторена публиката молчела и на крајот тие слушнале ентузијастички аплауз. Леонтин Прајс и Џоан Сатерленд исто така се обиделе да ја отпеат. Кристина Деутеком, Мариса Галвани, Гена Димитрова, Дуња Вејзович, Хилда Холзл и Јадранка Јовановиќ биле последните певици кои ја толкувале таа улога.

Иако не толку често изведувана како некои опери на Верди, „Набуко“ е сѐ уште слушана насекаде низ светот. Таа била на репертоарот на оперската куќа Метрополитен од моментот кога била првпат преставена за време на сезоната 1960/61. Тоа е само една од оперите на Верди, покрај „Ернани“ и „Луиза Милер“, која има добиено редовни претстави во Метрополитен, откако била одиграна во 2001, 2003, 2004, и 2005 година. Набуко исто така редовно се изведува во Арена ди Верона, каде што била претставена во 2002, 2003, 2005, 2007, 2008 и 2011 година. Настапите се зачувани на ДВД формат, а меѓу нив се изведбите во Арена ди Верона (1981 и 2007), Ла Скала (1987), Опера Австралија (1996), Виенската државна опера (2001), Метрополитен опера (2002), Џеновскиот Театар Карло Феличе (2004), Театарот Муниципал во Пјаченца (2004), и во австрискиот Св. Маргарет Оперски фестивал (2007).

Многу други опери исто така ја изведувале композицијата, тука вклучувајќи ја Сан Франциско Операта во 1982 година, Сарасота опера (Мајами) во 1995 година, Лондонската кралска опера во 1996 година, новиот Народен театар од Токио во 1998 година, театарот Колон во 2000, Балтиморската опера во 2006 година, и Театро Регио ди Парма во 2008 година како дел во „Фестивал Верди“. Набуко била презентирана од страна на Мичиген оперскиот театар и Сан Диего операта како дел од нивната 2009-2010 сезона. Израелската Опера ја прославила својата 25-годишнина во 2010 година со изведба на Набуко во Масада.

Критички реакции

Верди коментирал дека

ова е операта со која мојата уметничка кариера навистина почна. Иако имав многу тешкотии против кои се борев, сигурен сум дека Набуко беше родена под среќна ѕвезда

. Операта доживеала брз успех, со доминантна изведба на под диригентските палки на Гаетано Доницети и Џовани Пацини. Додека јавноста полуде со ентузијазам, критичарите тешко ја одобруваа операта.

Критичарот кој имал најмногу забелешки за „Набуко“ бил Ото Николај, композиторот на кој либрето прво му било понудено. Николај почуствувал судир со емоционалната италијанска оперска додека тој живеел во близина на Милано. По одбивањето да го прифати предлогот за либрето Мерели, Николај почнал да работи на друга понуда наречена Ил Проскрито. Тој проект имал катастрофална премиера во март 1841 година, што го принудило Николај да ги прекине контактите со Мерели и да се врати во Виена. Од таму слушнал за успехот на „Набуко“, вест која многу го разгневила. Тој напишал:

Оперите на Верди се навистина ужасни. Тој се прикажува како будала - технички тој не е дури ни професионален - и тој мора да има срце на магаре и во моите очи тој е беден, одвратен композитор ...

Покрај тоа, тој го опишал „Набуко“ како ништо друго, освен „бес, пцости, крвопролевање и убиство.“

Истомислениците на Николај биле малкумина, па сепак и тоа станува релативно непознато. „Набуко“ обезбедил успех на Верди до неговото пензионирање од театарот, дваесет и девет опери (подоцна вклучувајќи и некои ревидирани и ажурирани верзии).

Музичките историчари долго време го овековечуваа моќниот мит за познатиот Хорот на Евреите, хорот го пее во третиот чин од страна на еврејски робови. Научниците долго време верувале дека публиката го доживувала со националистички занес за моќната химна на робови, како копнеж за својата татковина, барајќи повторување на делото. Иако репризите биле строго забранети од страна на владата во тоа време, но како гест биле исклучително значајни. Иако публиката навистина барала повторување, тоа не било поради Хорот на Евреите, туку заради химната Immenso Jehova, испеана од страна на еврејските робови кои му благодареле на Бога за пружената заштита на нивниот народ. Во прилог на овие нови откритија, позицијата на Верди како музичка фигура што учествувала во процесот на обединување на Италија се намалувала.

Литература

  • Budden, Julian, Verdi, (The Master Musicians series), London: J.M. Dent & Sons Ltd, 1985. (The book actually refers to 'Teatro Giglio of Corfu', but there was never a theatre with this name in Corfu)
  • Phillips-Matz, Mary Jane (1993). Verdi: A Biography (1st. изд.). Oxford University Press. ISBN 0-19-313204-4.
  • Parker Roger, (ed), "Nabucodonosor": Dramma Lirico in Four Parts by Temistocle Solera (the works of Giuseppe Verdi), Chicago: University of Chicago Press, 1988 ISBN 978-0-226-85310-9 ISBN 0226853101
  • Parker, Roger, "Verdi and Milan", lecture including details about Nabucco, given at Gresham College, London 14 May 2007.
  • Werfel, Franz and Stefan, Paul (trans. Edward Downes), Verdi: The Man in his Letters, New York: Vienna House, 1973, p. 122. ISBN 0-8443-0088-8
  • Budden, Julian. The Operas of Verdi, Vol. 1. London: Cassell Ltd, 1973. pp. 89–-112. ISBN 0-304-31058-1