Рокселана: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 20: Ред 20:
|parents =
|parents =
}}
}}

'''Хасеки Хурем Султана''' ({{lang-ota|خرم سلطان}}, родена во [[1506]] - починала на {{починал на|17|април|1558}} во [[Топкапи Сарај]], {{починал во|Отомански Константинопол}}), позната како '''Александра Лисовска''' или '''Рокселана''', била сопруга на османлискиот султан [[Сулејман I]] и мајка на османлискиот султан [[Селим II]]<ref>[http://web.archive.org/web/20060615093437/www.4dw.net/royalark/Turkey/turkey4.htm The Imperial House of Osman] GENEALOGY</ref> .

Ред 28: Ред 27:

[[Паргали Ибрахим Паша]] (1493-1536) му ја понудил Рокселана на својот пријател од детството султанот Сулејман. Таа влегла во харемот кој броел околу 300 девојки. Во историографијата таа е опишана со црвена коса, многу интелигентна и весела.

== Во харемот ==
== Во харемот ==
Ред 37: Ред 35:

По доаѓањето во харемот, Рокселана како и сите харемски робинки започнале да добиваат лекции за турскиот јазик и исламот. Таа учела да пишува и многу бргу започнала со составување на љубовни писма, со шиење и плетење, пеење, танцување. Убавите робинки кои имале шанса да станат султански конкубини биле учени и на еротски вештини. Од сите нив, дваесет биле одредувани како султански собарки кои имале обврска да го облекуваат на султанот, да го бањат и да го снабдуваат со јадење. Тие од овде можеле да станат и негови миленици или икбал. Во случај да останат трудни или да родат деца од својот господар, тие биле прогласувани за конкубини.

На Рокселана не и било тешко да го привлече вниманието на Сулејман. Нејзината харизма го привлекувала секој во харемот, поради кое го добила името Хурем кое во превод значи ''насмеана''. Таа бргу по пристигањето во [[Османлиски харем|харемот]] во палaтата [[Топкапи сарај]] станала султанов сопатник во креветот. Бидејќи не служила само за сексуално задоволување и како мајка на можните машки наследници, таа се покажала и како добар оратор и искрен пријател. Сулејман бил воодушевен од подарокот на Ибрахим Паргали паша. Со Рокселана можел да пишува песни или да води политички дискусии. Рокселана со ова била во можност да му даде добри совети и имала разбирање за неговиот страв кој единствено на неа можел да ги кажува.
Сулејман со доаѓањето на Рокселана ја запоставил [[Махидевран султан]] (уште позната како Ѓулбахар, во превод ''пролетно цвеќе'') со која имал четири деца и само едно останало живо и тоа [[Шехзаде Мустафа]].

Хасеки Хурем Султана, или Рокселана, како што е почесто ословувана во [[Европа]], е широко позната, како во модерна [[Турција]], така и на [[Западот]], поради тоа што е предмет и инспирација на многу [[уметнички]] дела. Сликите, музичките композиции (вклужувајќи ја [[Симфонијата бр.63]] на [[Јозеф Хајдн]]), опера, балет, драми и неколку романи се дела на првенствено [[украински]] уметници, но има и такви од [[Англија]], [[Франција]], [[Германија]] и други европски земји. Во [[2007]], мулсиманите од [[Мариупол]], приморски украински град, дури отвораат и џамија во нејзина чест. <ref>[http://www.risu.org.ua/eng/news/article;18370/ Religious Information Service of Ukraine]</ref>

Преработка од 17:50, 5 февруари 2013

Нејзиното Императорско Височество Хасеки Хурем Султана, Принцеза Придружничка од Османлиската Империја
Hürrem (Huerrem или Kerime)
Хасеки Султана, خرم سلطان
Рокселана
Роден(а)Александра Анастасија Лисовска
1500-1506
Рохатин, Полско-литвански комонвелт (денешна Украина)
Починал(а)18 април 1558
Константинопол (денешен Истанбул)
ПочивалиштеЏамија Сулејманије, Истанбул
Познат(а) поХасеки Султана
Верародена Православие, подоцна преобратена во Ислам
СопружникСулејман Величенствениот од Османлиската Империја
ДецаМехмед, Михримах Султана, Селим II, Џихангир и Бајезид

Хасеки Хурем Султана (османски турски: خرم سلطان, родена во 1506 - починала на 17 април 1558 во Топкапи Сарај, Отомански Константинопол), позната како Александра Лисовска или Рокселана, била сопруга на османлискиот султан Сулејман I и мајка на османлискиот султан Селим II[1] .

Рани години

Александра Лисовска била родена во периодот од 1500 до 1506 година. Според податоци од 17 век нејзиниот татко бил украински православен свеѓтеник. Таа била родена во градот Рохатин во тогашното Полско Кралство, а денеска во Украина. Во текот на 1520-тите години таа била заробена од страна на Кримските Татари и одведена во кримскиот град Кафа, за да по некое време биде однесена во Константинопол односно во харемот на Сулејман I.

Паргали Ибрахим Паша (1493-1536) му ја понудил Рокселана на својот пријател од детството султанот Сулејман. Таа влегла во харемот кој броел околу 300 девојки. Во историографијата таа е опишана со црвена коса, многу интелигентна и весела.

Во харемот

Таа бргу по пристигањето во харемот на палaтата Топкапи сарај го привлекла вниманието на нејзиниот господар, како и завидливоста на најзините противници. Еден ден, омилената на султан Сулејман, Махидевран султан (уште позната како Ѓулбахар), ја натепала Рокселана речиси до смрт. Вознемирен поради оваа немила случка, султанот ја протерал Махидевран и нејзиниот син, наследникот на тронот, Шехзаде Мустафа во градот Маниса кој обично бил управен град на престолонаследникот. По ова Рокселана станала омилена на султанот, односно хасеки. Години подоцна, по голем број нејзини интриги во палатата, Султан Сулејман наредил да го убијат Шехзаде Мустафа, плашејќи се од бунт, со ова Махидевран султан го изгубила местото во харемот и се преселила во Бурса, препуштајќи и го на Хурем централното место.

Хурем Султана и Султан Сулејман. Легендарната љубов меѓу двајцата инспирирала голем број Елропски уметници да создаваат дела, како оваа слика на Германецот Антон Хикел (1780)

По доаѓањето во харемот, Рокселана како и сите харемски робинки започнале да добиваат лекции за турскиот јазик и исламот. Таа учела да пишува и многу бргу започнала со составување на љубовни писма, со шиење и плетење, пеење, танцување. Убавите робинки кои имале шанса да станат султански конкубини биле учени и на еротски вештини. Од сите нив, дваесет биле одредувани како султански собарки кои имале обврска да го облекуваат на султанот, да го бањат и да го снабдуваат со јадење. Тие од овде можеле да станат и негови миленици или икбал. Во случај да останат трудни или да родат деца од својот господар, тие биле прогласувани за конкубини.

На Рокселана не и било тешко да го привлече вниманието на Сулејман. Нејзината харизма го привлекувала секој во харемот, поради кое го добила името Хурем кое во превод значи насмеана. Таа бргу по пристигањето во харемот во палaтата Топкапи сарај станала султанов сопатник во креветот. Бидејќи не служила само за сексуално задоволување и како мајка на можните машки наследници, таа се покажала и како добар оратор и искрен пријател. Сулејман бил воодушевен од подарокот на Ибрахим Паргали паша. Со Рокселана можел да пишува песни или да води политички дискусии. Рокселана со ова била во можност да му даде добри совети и имала разбирање за неговиот страв кој единствено на неа можел да ги кажува. Сулејман со доаѓањето на Рокселана ја запоставил Махидевран султан (уште позната како Ѓулбахар, во превод пролетно цвеќе) со која имал четири деца и само едно останало живо и тоа Шехзаде Мустафа.

Хасеки Хурем Султана, или Рокселана, како што е почесто ословувана во Европа, е широко позната, како во модерна Турција, така и на Западот, поради тоа што е предмет и инспирација на многу уметнички дела. Сликите, музичките композиции (вклужувајќи ја Симфонијата бр.63 на Јозеф Хајдн), опера, балет, драми и неколку романи се дела на првенствено украински уметници, но има и такви од Англија, Франција, Германија и други европски земји. Во 2007, мулсиманите од Мариупол, приморски украински град, дури отвораат и џамија во нејзина чест. [2]

Наводи