Разлика помеѓу преработките на „Рокселана“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 198 бајти ,  пред 8 години
нема опис на уредувањето
 
[[File:Anton Hickel 001.JPG|thumb|left|Хурем Султана и Султан Сулејман. Легендарната љубов меѓу двајцата инспирирала голем број Елропски уметници да создаваат дела, како оваа слика на Германецот [[Антон Хикел]] (1780)]]
 
Влијанието на Хурем Султана врз Сулејман е баснословно, по раѓањето на пет деца ([[Принцот Мехмед]], [[Махримах Султана]], [[Селим II]], [[Џихангир]] и [[Бајезид]]), таа успева да ја скрши традицијата и да го убеди Султанот да се венча со неа, со што тој станува прв султан со венчана жена по [[Осман Гази]]. Рокселана исто така има големо влијание во владеењето со државата, особено во [[меѓународната политика]] и [[дипломатијата]]. Во тоа време се негувале особено мирни односи со [[Полска]], кои довеле до создавање на ''Полско-Османлиски Сојуз''.
По доаѓањето во харемот, Рокселана како и сите харемски робинки започнале да добиваат лекции за турскиот јазик и исламот. Таа учела да пишува и многу бргу започнала со составување на љубовни писма, со шиење и плетење, пеење, танцување. Убавите робинки кои имале шанса да станат султански конкубини биле учени и на еротски вештини. Од сите нив, дваесет биле одредувани како султански собарки кои имале обврска да го облекуваат на султанот, да го бањат и да го снабдуваат со јадење. Тие од овде можеле да станат и негови миленици или икбал. Во случај да останат трудни или да родат деца од својот господар, тие биле прогласувани за конкубини.
 
Хасеки Хурем Султана, или Рокселана, како што е почесто ословувана во [[Европа]], е широко позната, како во модерна [[Турција]], така и на [[Западот]], поради тоа што е предмет и инспирација на многу [[уметнички]] дела. Сликите, музичките композиции (вклужувајќи ја [[Симфонијата бр.63]] на [[Јозеф Хајдн]]), опера, балет, драми и неколку романи се дела на првенствено [[украински]] уметници, но има и такви од [[Англија]], [[Франција]], [[Германија]] и други европски земји. Во [[2007]], мулсиманите од [[Мариупол]], приморски украински град, дури отвораат и џамија во нејзина чест. <ref>[http://www.risu.org.ua/eng/news/article;18370/ Religious Information Service of Ukraine]</ref>

Прегледник