Ризом: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Ја менувам fa:ریزوم (گیاه‌شناسی) во fa:زمین‌ساقه
Makecat-bot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Додава th:เหง้า
Ред 65: Ред 65:
[[sv:Jordstam]]
[[sv:Jordstam]]
[[te:అడ్డవేరుమొక్క]]
[[te:అడ్డవేరుమొక్క]]
[[th:เหง้า]]
[[tr:Köksap (bitki)]]
[[tr:Köksap (bitki)]]
[[uk:Кореневище]]
[[uk:Кореневище]]

Преработка од 11:00, 5 февруари 2013

Морфологија на ризом: I, II - лузни од изданоците од претходните две години; III - изданок од оваа година; k1, k2 - спиечки (дормантни) пупки; 1 - 5 - лузни од листови.

Ризоми (од старогрчки: 'rhízōma' - „маса од корења“) или кореништа се видоизменети стебла кај некои повеќегодишни тревести растенија кои можат да бидат хоризонтално или косо поставени во однос на површината на земјата. Од долната страна на ризомот се наоѓаат дополнителни (адвентивни) корења, додека странично или од горната страна се развиваат пупките на новиот летораст. Првенствено служат како резервоари за храна која му е потребна на надземниот изданок за идната вегетациска сезона или за вегетативно размножување.[1] Во ризомите на некои видови растенија (како ѓумбир, куркума, момина солза, шаш) се создаваат и се насобираат секундарни метаболити кои се одговорни за лековитите својства или отровноста на овие растенија.

Ризомите може да бидат:

  • прости или разгранети (моноподијално или почесто симподијално)
  • хоризонтални, вертикални или коси
  • долги, кратки или силно скртаени (со зближени стеблени коленца)
  • дебели, тенки, сочни или задрвенети.

Според тоа дали растат нешто над земјата или под површината на земјата, разликуваме епигени и хипогени ризоми, соодветно.

Поврзано

Наводи

  1. Радиша Јанчић (2010). Речник ботаничких морфолошких појмова. Београд. ISBN 978-86-7025-507-4.

Надворешни врски