Разлика помеѓу преработките на „Карл Фридрих Шинкел“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема измена во големината ,  пред 8 години
с
нема опис на уредувањето
с (r2.7.3) (Робот: Додава war:Karl Friedrich Schinkel)
с
Во периодот помеѓу 1808 и 1817 г. Шинкел го обновил замокот [[Розенау (замок)|Розенау]] во Кобург во [[неоготика|неоготски]] стил.<ref>Charles Quest-Ritson, '[http://books.google.com/books?id=gIYghIYipC8C&pg=PA64#v=onepage&q=&f=false Coburg: Schloß Rosenau]', во ''Gärten in Deutschland'', стр. 64 {{de}}</ref>
 
Во најактивниот период, Шинкеловиот стил се одликува со осврт кон [[Старогрчка архитектура|старогрчката]] наместо римската архитектура, сакајќи да се држи што понастрана од стилот на француските окупатори. Неговите најпознати зданија се наоѓаат во и околу Берлин. Тука спаѓаат [[Нова стражарница|Новата стражарница]] (1816–1818), [[Концертен дом (Берлин)|Концертниот дом]] (тогашен Драмски театар) (1819–1821) на плоштадот [[Жандарменмаркт]], како и [[Стар музеј (Берлин)|Стариот музеј]] на [[Музејски островОстров|Музејскиот островОстров]] (1823–1830).
 
Подоцна во кариерата, Шинкел сосем се оддалечил од класицизмот и почнал да работи исклучиво во [[неоготика|неоготски]] стил, започнувајќи со црквата [[Црква Фридрихсвердер|Фридрихсвердер]] (1824–1831). [[Градежна академија (Берлин)|Градежната академија]] (1832–1836) е најиновативното Шинкелово здание, кое ги отфрла историските традиции и гравитира кон „модернистичка“ архитектура која се јавува во Германија дури на почетокот на XX век.

Прегледник